Основи на верата

Кратка егзегеза на Господовата молитва „Оче наш“ – ( III ) – Дел – Заклучок –

Posted on Updated on

Славословие

кандилоо

„Зашто, твое е Царстовто и силата и славата во сите векови!“

Амин.

 Ова е славословие (благодарење), кон Бога. Иако ова ѝ е додадено подоцна на молитвата, сепак е нејзин составен дел. Ова е додадено со цел да му дадеме достојна почит и слава на Бога како вечен Цар, бидејќи Он е најмоќен и најславен.

Овие зборови најчесто ги кажуваат свештениците, додека понекогаш и мирјаните (лаиците).

Со зборовите „Зашто твое е Царството“ – се кажува за Божјото Царство, каде што на Царот, никој не може да му се спротистави. Тоа значи, дека нашиот искушувач му е покорен на Бога.

Зборот – „сила“ ја искажува Божјата семожност, а пак „славата“ – Божјата слава на небото и земјата, а зборовите „во вечни векови“ – значат дека Божјото царство, сила и слава се вечни.

 

Значи ние на крајот му сме целосно благодарни од дното на нашата грешна душа, на Бога, бидејќи Тој, ни е спасение и живот во сите векови. Read the rest of this entry »

Кратка егзегеза на Господовата молитва „Оче наш“ – (II) – Дел – Прозби – (седум молби)= 2

Posted on Updated on

благодарност

Петта прозба

 

„И прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници“

Долговите (гревовите) пред Бога не можат целосно да ни се простат, бидејќи ние сме вечни должници и грешници на нашиот Бог. Иако ние добиваме прошка за гревовите, ако искрено се покаеме и исповедаме, но сепак тоа простување го добиваме не по наша заслуга, туку по наше залагање (преку : пост, молитва, покајание и исповед), а по Божја милост. Бог му проштева на луѓето поради Своето големо милосрдие и човекољубие.

Тука во оваа прозба – пред сè го молиме Бог да ни ги прости гревовите (долговите кон Бога), што сме ги направиле после светото Крштение, било да се смртни или безсмртни. – Значи се обраќаме кон сèмилостивиот Бог за да му се одолжиме и со надеж, дека ќе ни ги прости нашите безаконија или гревови.

Но, за да ни ги прости Бог нашите гревови треба и ние да и ги простиме на нашите ближни, кои ни згреиле, инаку, немаме право да бараме од Бога милост и добрина, а пред сè прошка за оние кои се непристојни кон Божјиот закон, бидејќи  Ако некој рече : Го сакам Бога, а го мразам својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, кого не го видел (Јн. 4, 20). Овие немаат прошка и не можат да пристапуваат, ни кон Светата тајна Евхаристија (Причест). – Значи прво да се измириме со луѓето (нашите браќа), па потоа и со Бога (нашиот заеднички Отец). Read the rest of this entry »

Кратка егзегеза на Господовата молитва „Оче наш“ – (II) – Дел – Прозби – (седум молби)= 1

Posted on Updated on

– Прозби –

(седум молби)

Богослужение

a) – „Да се свети името Твое“ ;

б) – „Да дојде царството Твое “ ;

в) – „Да биде волјата Твоја“ ;

г) – „Лебот наш насушен дај ни …“ ;

д) – „И прости ни ги долговите наши …“ ;

ѓ) – „И не нè воведувај во искушение“ ;

е) – „Но избави нè од лукавиот“ ;

Во првите три прозби се молиме за она што е Божјо (името, царството и  волјата), односно за небесните дарови, а додека во останатите прозби за она што е наше (лебот, долговите …), односно Бог ги има во предвит нашите телесни потреби, па затоа оваа молитва содржи сè што ни е нам потребно за живот.

Read the rest of this entry »

Кратка егзегеза на Господовата молитва „Оче наш“ – (I) – Дел – Призив –

Posted on Updated on

Богослужение 13

Призивот – (призивање или повикување) се состои од повикување на Бога и тоа е искажано со зборовите:

 „Оче наш, Кој си  на небесата“

Со овие зборови ние Го повикуваме и Го презиваме Бога, нашиот Отец.

Во првите два збора „Оче наш“ се искажани две значајни мисли :

а) – Со зборот „Оче“ се кажува дека Бог е Отец, дека Он е Татко на сите, бидејќи Он го создал светот и луѓето, а и управува и не држи и сака, та и  Единородниот Свој Син не го поштеди од големата љубов кон нас, кои сме синови Твои.

б) – Со зборот „Наш“ се кажува дека сите сме браќа, бидејќи сите сме синови Божји.

Овие две мисли се основни и не поврзуваат и со Бога и со луѓето, пројавувајќи љубов помеѓу себе. Ова произлегува и од сите наши благоугодни, евангелски и човекољубиви мисли, помисли, зборови, постапки, однесувања и дела.

Затоа кога ги изговараме зборовите „Оче наш“, ние треба да мислиме на Бога како на наш Отец, а на луѓето како на свои браќа. Read the rest of this entry »