Основи на верата

Кратка егзегеза на Господовата молитва – „Оче наш“

Posted on Updated on

5098-malo-osvetuvanje-na-noviot-crkoven-hram-sv.petka-vo-naselbata-tocila-vo-prilep-960x600-9Господова молитва

„Оче наш“

( Матеј: 6, 9-13 и Лука: 11, 2-4 )

 

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должниците, и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот.

Зашто Твое е царството и силата и славата на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.

АМИН !!!

Општо

Оваа молитва е општа, сенародна и основна, бидејќи таа е најважна молитва за христијаните. Таа е основа на духовниот живот и е најдобар образец за молење и затоа е присутна при секое богослужение.

Оваа молитва се нарекува и Господова молитва, бидејќи лично Самиот Господ Исус Христос ја изговорил на Елеонската гора. Read the rest of this entry »

За верата и христијанскиот живот

Posted on Updated on

Значењето на човекот

графитБог не создал нас – луѓето по Својот образ и подобие, ни дал  разум, слободна волја и бесмртна душа, за да можеме  да го  познаваме Него и уподобувајќи Му се,  да стануваме се подобри и со подобрување  да го наследиме вечниот блажен живот со Бога.  Затоа човековото постоење тука на земјата, има длабока смисла, големо значење и висока цел. Во створенијата од Бога во светов  нема и не може да има ништо бесмислено. Ако човекот живее без вера во Бога, не живее според Божјите заповеди и не живее за да добие вечен живот, постоењето на таквиот човек на земјата станува бесмислено. За луѓето што живеат без Бога, животот изгледа неразбирлив и случаен, а самите таквите луѓе стануваат најчесто полоши и од ѕверови. Read the rest of this entry »

Бог Отец

Posted on

Верувам во Бога Отецот, Кој е беспочетен, неискажлив, недостижен; Кој е надвор од секоја создадена природа и Чија што суштина е позната само Нему, на Неговиот Син и на Светиот Дух. Како што се вели во Светото писмо, дури серафимите не смеат да Го гледаат.

Верувам и исповедам дека Бог Отецот никогаш не примил материјална форма, ниту се воплотил. Во богојавувањата (теофаниите, јавувањата на Бога) во Стариот Завет, како сведочат светите отци, не се јавувал Бог Отецот, туку нашиот Спасител, второто Лице на Света Троица (т.е. Словото или Логосот, ангелот Господов, Господ Бог Саваот, ангелот на Великиот Совет, Стариот по денови), Кој се открил на пророците и тајновидците од Стариот Завет. Во Новиот Завет Бог Отец никогаш не се јавувал, но со глас од небото посведочил за Својот Син неколку пати. Токму затоа нашиот Спасител вели: Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во пазувите на Отецот – Он Го објави (Јован 1, 18) и  Не дека некој Го видел Бога, освен Оној Кој е од Бога; Он го видел Отецот (Јован 6, 46). Во установите на Седмиот вселенски собор се вели дека Света Троица не може да биде прикажана во иконите, бидејќи Он е без форма и невидлив. Затоа Бог Отецот не се насликува на иконите.

Верувам дека Он е причина на сите нешта и крајната цел на сè. Сите видливи и невидливи суштества имаат почеток од Него и било време кога не постоеле. Он го создал универзумот од апсолутно ништо. Земјата, исто така има почеток, а човекот е создаден од Божјата љубов. Создавањето на човекот и на вселената не е поради неопходност, туку е дело на слободната и неусловена од ништо волја на Создателот. Ако беше посакал, можеше да не не ни создаде; отсуство на креација не би Го намалило. Љубовта кон созданијата не е нешто што Му носи некакво потребно задоволство, зашто Он нема потреба од ништо. Божјата љубов не може да се спореди со човечката, како и останатите Негови квалитети: татковството, правдата, добрината – не можат да се споредат со нивните човекови соодејствија. Божјата љубов е тајна несфатлива за човековиот разум и интелект. Бог нема „чувства“, кои можат да доведат до страст, страдање, потреба или неопходност во Него. А сепак, иако природата на Божјата љубов останува несфатлива и необјаснива за човечкиот разум, таа е реална и јас ја исповедам, во согласност со Писмото, дека Бог е љубов.

 

превел: Петар М. Петковски,

студент на теологија при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Религиозностa и верата

Posted on Updated on

Богослужение 13Димитриј Карајанис

Димитриј Карајанис е професор по детска психијатрија, учесник во програмата “Психијатријата и богословието во дијалог” во Грција, творец на центарот за ментално здравје и семејни консултации, член на повеќе меѓународни организации. Во основата на практиката тој ги става православните антрополошки принципи за ексклузивноста (исклучителноста) на секоја одделна личност и го нуди евхаристискиот начин на живот како контрапункт на распаѓањето на секојдневниот живот. За читателите на Двери нудиме извадок од неговата книга “Пукнатини и протоци (чешми)”, посветен на внатрешностите и малкуте сфатени разлики меѓу религиозноста како човечко создание, која го лишува  човекот од неговата лична слобода, и верата како откривање на личниот Бог кон човекот, која може да биде доживување во Православната Црква. Read the rest of this entry »