Month: October 2016

Господ е во сите

Posted on Updated on

14238230_1797549227130166_6634803727003322626_n

 

старец Тадеј

Ние овде на земјата сме како на некоја епитимија. Затоа немојте да се чудите што постојано имате некоја неволја. Сите ние постојано грешиме-се лизнуваме и паѓаме. Всушност паѓаме во демонските стапици. Светците постојано истакнуваат: важно е само да станете и да го продолжите паток кон Бога. Макар и стопати дневно да паднете, не грижете се; и само станете  и одете напред, не вртете се назад. Она што било, било и поминало. Вие само одете напред и молете помош од Господа.

Ние не му додеваме на Господа со тоа што постојано Му се жалиме поради нешто. На Господа му додеваме кога грешиме, а не кога постојано Му се обраќаме како кон најблизок. Господ сака да го повикуваме непрекинато и да го излеваме своето срце пред Него. Молитвата не е нешто што се почнува и завршува, и –готово. Ќе застанеш пред икона, ќе кажеш што имаш и потоа одиш по својот пат. Тоа не е молитва.

Епитимија значи забрана; тоа е поправна казна што му се наложува на покајникот; епитимијата нема значење за задоволување на Божјата правда за направените гревови. Read the rest of this entry »

За душевните и телесните болести

Posted on Updated on

Митрополит Антониј Сурошки

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Често ми поставуваат прашање за болестите – за телесните болести и особено, за душевните болести. Каков е ставот на Црквата за ова прашање? Како секој верник поединечно е должен да се однесува кон својата болест и кон болеста на своите најблиски?

Во најголем број случаи, полесно е човек кон својата болест да се однесува со лежерност и мажественост, отколку кон болеста на блискиот кој понекогаш може да страда до неподносливост, приближувајќи се кон својата смрт. Најнапред сакам да кажам нешто за она што е највообичаено – телесната болест.

Болеста, исто како и смртта, од гледна точка на православната вера претставува резултат на отпаѓањето на човекот од Бог. Бог е хармонија, Бог е живот, полнота, и колку повеќе отпаѓаме од Него, толку повеќе ја губиме нашата способност за живот. И празнината, што способноста на живот ја остава зад себе, се надополнува со смртноста и можноста за боледување. Во најголем број случаи, сето ова се однесува на сите нас, но постои уште еден момент. Пред нас може да се постави прашањето: добро, ние сме грешници, боледуваме, тоа е резултат на нашата состојба поради тоа што не сме потполно соединети со Бог, или во секој случај, не сме целосно насочени кон Него. Но што да се каже за светителите? Зошто тие боледуваат? Зошто, пак, тие, озарени од Божјата благодат, можат да боледуваат? Read the rest of this entry »