Month: July 2016

Историја на евангелскиот текст

Posted on Updated on

 

7

Сите новозаветни свети книги се напишани на грчки јазик, но не на класичниот грчки, туку на александриското наречје, на народен грчки јазик, т.н. кини дијалектот, кој бил зборуван или во краен случај разбирлив од сите културни жители на источниот и западниот дел на тогашната Римска империја. Тој бил јазикот на сите образовани луѓе од тоа време. Евангелистите ги пишувале на тој јазик новозаветните свети книги, за да бидат тие достапни за читање и разбирливи од сите образовани граѓани.

При пишување биле користени само големите букви од грчката азбука, без интерпункција и дури без да се одделат зборовите еден од друг. Мали букви почнале да се употребуваат дури од IХ век, исто оттогаш е и оделувањето на зборовите. Интерпункциски знаци се воведени дури  по откривањето на типографија во XV век. Денешната поделба на глави била направена на Запад од кардиналот Гугол во ХIII век, а поделбата на стихови – од парискиот типограф Роберт Стефан во ХVI век. Read the rest of this entry »

Кратка егзегеза на Господовата молитва „Оче наш“ – ( III ) – Дел – Заклучок –

Posted on Updated on

Славословие

кандилоо

„Зашто, твое е Царстовто и силата и славата во сите векови!“

Амин.

 Ова е славословие (благодарење), кон Бога. Иако ова ѝ е додадено подоцна на молитвата, сепак е нејзин составен дел. Ова е додадено со цел да му дадеме достојна почит и слава на Бога како вечен Цар, бидејќи Он е најмоќен и најславен.

Овие зборови најчесто ги кажуваат свештениците, додека понекогаш и мирјаните (лаиците).

Со зборовите „Зашто твое е Царството“ – се кажува за Божјото Царство, каде што на Царот, никој не може да му се спротистави. Тоа значи, дека нашиот искушувач му е покорен на Бога.

Зборот – „сила“ ја искажува Божјата семожност, а пак „славата“ – Божјата слава на небото и земјата, а зборовите „во вечни векови“ – значат дека Божјото царство, сила и слава се вечни.

 

Значи ние на крајот му сме целосно благодарни од дното на нашата грешна душа, на Бога, бидејќи Тој, ни е спасение и живот во сите векови. Read the rest of this entry »