Month: September 2015

За свештеничкиот благослов

Posted on Updated on

942218_423074907815857_1519153166_nСвештенослужителите (т.е. луѓето кои преку светата тајна – Свештенство – ја добиле благодатта на Светиот Дух заради служење во Христовата црква), односно епископите и презвитерите нè осенуваат со крстен знак. Тоа осенување се нарекува благослов.

Кога презвитерот или епископот ќе нè благослови со раката, тогаш тој така ги соединува прстите, што тие ги претставуваат буквите ИС ХС, т.е. Исус Христос. Тоа значи дека преку свештените лица нè благословува Самиот наш Господ Исус Христос. И затоа благословот од свештенослужителот треба да го примаме со стравопочит.

Кога во црквата свештените лица (клирот) го благословуваат Божјиот народ (лаосот) со крст или со евангелието, со иконите или со путирот, тогаш сите се крстат и прават појасен поклон, а кога го благословуваат со свеќа, со рака или го кадат, кога ги изговараат зборовите на општиот благослов мир на сите и други, тогаш треба да се направи појасен поклон без крстен знак; тогаш не треба да ги вкрстуваме своите раце како што тоа се прави при личниот благослов, а не треба и да ги принесуваме кон устата или градите. Read the rest of this entry »

Развод на бракот – незрела љубов

Posted on Updated on

Епископ Порфириј Јегарски (Периќ)

razvod

Сè поголем е бројот на разводи. Изгледа дека, неретко, не се издржува од фазата на заљубеност до зрела љубов.

 

 

Заљубеноста е, би можело психолошки да се протолкува, едно нереално чувство на квалитетот на другата личност. Ние, врз основа на надворешните вредности, припишува квалитети кои таа сигурно не ги поседува. Но, таа првобитна заљубеност е капитал, т.е. извесен кредит, кој Бог им го дава на девојката и младичот за тие да ги препознаат квалитетите еден во друг, и тогаш преку ангажманот на себепожртвувачката љубов, која личи на љубовта на Христос кон нас, полека да го умножуваат тоа семе, тој кредит и тогаш почетната заљубеност би преминала во вистинска љубов и би го доживеала својот врв на крајот. Тоа го гледаме во параболата за свадбата во Кана Галилејска, каде што се опишува претворањето на водата во вино на крајот од свадбата. Тоа симболизира дека треба да помине многу време и труд, та заљубеноста да премине во квалитетна љубов, која ја симболизира виното. Значи, на почетокот секогаш е полошиот квалитет. Read the rest of this entry »

Најголемиот грев на нашето време

Posted on Updated on

Бројаница

Најголемиот грев на нашето време е – губењето чуство за гревот.

Ова е најголемата опасност на времето во кое што живееме. Не е грев она што најмногу вознемирува. Грев е нешто што се вселило во човечката природа, иако е неприродно и против природно, тоа станало како некаква втора природа во човекот. Она што ужасува е токму губењето чуство за него, бестрамното правење гревови, па и неговото наметнување и озаконување заради претварање во навика и често повторување.

Секако, да се прави грев веќе не е мало зло, но да се греши и да се нема чуство за грев и страм, тоа е она што е морничаво и опасно, што посведочува и станува знак на морално опаѓање и пропаст.

Ако  човек греши и ја чуствува својата слабост, го признава своето паѓање, тоа е знак дека сè уште постои надеж за покајание, поправка и подигнување. Ако, пак, греши сметајќи го тоа за нешто природно, законско, дури зошто и да не за подвиг, снаодливост и способност, тоа е она што е полошо од секое зло и бестрамност, најниско паѓање до кое може да стигне човекот како разумно суштество и опшеството како заедница на луѓе. „Зло е да се греши“, вели свети Јован Златоуст, „но уште поголемо зло е да се гордее со своите гревови“. Read the rest of this entry »

Разумното дете (современа руска приказна)

Posted on

10483632_10203665725157887_3104090439264768156_nЕден ден малиот Иван се враќаше дома од училиште. На прагот од куќата го сретна татко му, кој беше безбожник (атеист), па го запраша:

  • Кажи ми, дете, што те учеше денес отецот вероучител ?

Што ме учеше ? … Отецот вероучител ме учеше дека постои Еден Бог во Три Лица.

  • А, зарем не ви кажа дека Отецот не постар од Синот, ниту пак Синот помлад од Отецот ?

Да, така ни рече мил тато – одговори Иван.

  • О, сине мој, каква глупост е тоа – одговори таткото атеист – Погледни сине, не сум ли јас твој татко ?

Да тато – одговори детето.

  • Ете, гледаш ли дете мое, ако сум јас твој татко, мора да бидам постар од тебе. Нели е така ?

Така е драг тато. Ти си постар од мене како човек, но, како татко ти не си постар од мене, бидејќи во оној момент и час кога ти стана мој татко јас станав твој син. Затоа, тоа што е Небесниот Отец од пред вековите, и Синот мора да биде од пред вековите.

Безбожниот татко ја наведна главата, се замисли и од тогаш не се осмели да го праша своето дете, што го научил вероучителот во училиштето.

 

„Духовни поуки“ – владика Николај