Основи на верата

Почетни познавања од православната веронаука

Posted on Updated on

Богослужение 8

За Бога

Сè што постои во видливиот и невидливиот свет, сето тоа Бог го создал од ништо. Бог е највисокото битие. Ние, луѓето, не можеме да Го достигнеме во полнота со својот разум. Она што го знаеме за Бога, ни е откриено од Него Самиот.

Бог го  сака Своето создание и сè што е потребно да знае човекот, Бог му го соопштува. Повеќе од сè за човекот е потребно да го знае Бога, бидејќи само во единство со Него можеме да постигнеме вистинска среќа – прво тука на земјата, а потоа и во Царството Небесно. Сè што Бог  открил за Самиот Себе, за тоа како можеме да се приближиме кон Него и како да се спасиме од вечната смрт, сето тоа е запишано и собрано од свети луѓе во книгата, која се вика Светото Писмо или Библија .

Најмногу таинствено знаење за Бога ни е соопштено од Самиот Господ Исус Христос. Кога  се јавил на земјата, Он им открил на луѓето дека – Бог е Еден, но Троичен по лица, односно по Личности : Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух. Тоа не се три Бога, а Еден во три лица. Отецот, Синот и Светиот Дух имаат една суштина (или природа), односно едно Божество. Отецот, Синот и Светиот Дух постојат неслеано, но и неразделно Еден од Друг. Затоа ние го нарекуваме Бог – Троица Единосушна и Неразделна. Сите три Лица имаат еднакво Божествено достоинство и се совечни Еден на Друг, меѓу нив нема старешинство, како што Бог Отец е вистински Бог, и Бог Син е вистински Бог, и Светиот Дух е вистински Бог. Read the rest of this entry »

Вовед во православната теологија

Posted on Updated on

8Православната Црква е основана од Господ Исус Христос и е опишана во Новиот завет. Зборот „ортодоксалност“[1] се поврзува со поимите: „правилно учество“ или „правилно богослужение“. Во раните години на Христовата Црква се појавиле многу лажни учења и отпаѓања, кои се заканувале да ја помрачат чистотата и вистинитоста на Црквата. Така се појавил на белиот свет и терминост „ортодоксален“ – православен, за да биде упатен кон Црквата и нејзиното неминливо учење и живот. Православната Црква грижливо ги чува вистините од секакви искривувања, а самата себе си – од расколи, за да ги заштити своите членови и да Го прослави Христа, чие што Тело е таа самата.

Неверојатно многу религиозни групи денес претендираат дека се наследници на раната Црква. Следствено, неопходен критериум е вистината; неопходно е да разбериме во што верувала и што практикувала Црквата во самиот свој почеток и дали и како тоа се разликува од претензиите на сите тие групи. Се разбира секој си има право да верува како си сака и да учествува во какви ли не религиозни обединувања. Прашањето на здравиот разум е сепак барем да се запознаеме со различните алтернативи, пред да го направиме конечниот свој избор. Read the rest of this entry »

Ќе се спасат ли добрите луѓе надвор од Црквата?

Posted on Updated on

10527977_10202058619376989_135414999_nСергеј Худиев

Навистина, ќе се спасат ли добрите луѓе надвор од Црквата? Ме ангажираа да одговорам брзо и уникатно на тоа прашање, бидејќи во него има еден проблем. Работата е дека, всушност, оној кој прашува се има предвид себеси и ако Вие кажете да, тој веднаш ќе воздивне со олеснување. Па, јас сум си сосема добар човек и најверојатно со мене сè ќе биде во ред. А да се покајам, да верувам, да си поставам ред во својот живот и да учествувам во црковниот живот не е потребно. Тоа може без мене. Лошото е што надежта дека ќе се спасам, зашто сум добар човек е целосна лага. Таа не треба да се дава на никого. Но да почнеме по ред.

Што мислиме кога зборуваме за спасението? Во главите на многу луѓе се поставува слика, според која во зависност од резултатите од Страшниот суд, некои ќе ги постават во еден особено добро уреден санаториум, а другите ќе ги испратат во логор со многу строг режим – засекогаш. Да се спасиш значи некако да се ослободиш од логорот и да влезеш во санаториумот. Read the rest of this entry »