Почетни познавања од православната веронаука

Posted on Updated on

Богослужение 8

За Бога

Сè што постои во видливиот и невидливиот свет, сето тоа Бог го создал од ништо. Бог е највисокото битие. Ние, луѓето, не можеме да Го достигнеме во полнота со својот разум. Она што го знаеме за Бога, ни е откриено од Него Самиот.

Бог го  сака Своето создание и сè што е потребно да знае човекот, Бог му го соопштува. Повеќе од сè за човекот е потребно да го знае Бога, бидејќи само во единство со Него можеме да постигнеме вистинска среќа – прво тука на земјата, а потоа и во Царството Небесно. Сè што Бог  открил за Самиот Себе, за тоа како можеме да се приближиме кон Него и како да се спасиме од вечната смрт, сето тоа е запишано и собрано од свети луѓе во книгата, која се вика Светото Писмо или Библија .

Најмногу таинствено знаење за Бога ни е соопштено од Самиот Господ Исус Христос. Кога  се јавил на земјата, Он им открил на луѓето дека – Бог е Еден, но Троичен по лица, односно по Личности : Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух. Тоа не се три Бога, а Еден во три лица. Отецот, Синот и Светиот Дух имаат една суштина (или природа), односно едно Божество. Отецот, Синот и Светиот Дух постојат неслеано, но и неразделно Еден од Друг. Затоа ние го нарекуваме Бог – Троица Единосушна и Неразделна. Сите три Лица имаат еднакво Божествено достоинство и се совечни Еден на Друг, меѓу нив нема старешинство, како што Бог Отец е вистински Бог, и Бог Син е вистински Бог, и Светиот Дух е вистински Бог.

Бог открил за Себе, дека Он е безтелесен и невидлив за телесните очи- Дух  (Јован 4:24), па затоа на природен начин не можеме да го видиме Бога.

Бог е вечен (Псалм 89:3). Пред секое сè, уште кога немало ниту небо, ниту земја,  бил само еден Бог, бидејќи Тој нема почеток. Тој нема и крај. Бог секогаш бил и секогаш ќе биде, затоа Тој се нарекува вечен.

Бог е семоќен (Лука 1:37). Способностите на секое суштество, вклучувајќи и на човекот, се ограничени. Само за Бога ништо не е невозможно. Тој посакал да го создаде светот и го создал од ништо само преку Своето слово. Тој може се да направи, затоа се и вика семоќен.

Бог е секадеприсутен (Псалм 38:10) и знае сè (Јован 3:20). Нашиот Бог во секое време се наоѓа насекаде. За Него нема ништо скриено. За Бог нема разлика помеѓу ден и ноќ: Тој во секое време гледа и не само она што го правиме, но и тоа што го мислиме и сакаме, затоа Тој се нарекува секадеприсутен (кој се наоѓа насекаде) и знае сè (сезнаен).

Бог е всеблаг (Мат. 19:17). Бог го сака секој од нас, како што никој од луѓето. Тој не создал и сега се грижи за нас како за Свои деца. Тој го чува нашето здравје, не штити  од несреќи и ни го дава сето она што ни е потребно за живот. И сè што гледаме на небото и на земјата, Господ го создал за доброто и среќата на луѓето, затоа Тој се нарекува всеблаг.

Бог е всеправеден (Псалм 10:7), односно највисоко и совршено справедлив.

Бог е неизменлив (Јован 1:17). Сè во светот се менува, старее и се уништува, само Единиот Боге  секогаш таков како што бил и ќе остане засекогаш Ист.

На Бог Самиот  ништо не Му е потребно, туку напротив, Самиот се јавува како извор на животот и на секое добро за сите суштества. Затоа Он се нарекува уште и всеблажен (1Тим. 6:15).

 

За молитвата

Молитвата е нашето заедничарење со Бога. Таа е исто толку неопходна за нас, колку и воздухот и храната. Кај нас сè е од Бога и ништо не е наше: животот, способностите, здравјето, храната и сè друго Бог ни го дава. Поради тоа и во радост и во тага, и кога нешто ни е потребно, ние треба да се обраќаме кон Бога со молитва. А Господ е многу добар и милостив кон нас и ако од чисто срце, со вера и ревност бараме од Него за своите потреби, Он сигурно ќе ги исполни нашате желби и ќе ни даде сè што ни треба. Лошо прават оние кои мрзливо се молат на Бога: тие се одвојуваат од Него.

Ако ние и блиските  сме здрави и среќни, ако имаме каде да живееме, има со што да се облечеме, има со што да се храниме, ние сме должни со слава  да Му благодариме на Бог во нашите молитви.

Ако со нас се случи некоја несреќа, болест, неволја или паднеме во мака, ние треба да бараме од Бога помош. Ако извршиме лошо дело  и згршиме пред Бога, потребно е да бараме од Него прошка.

Кога Бог ја слуша нашата молитва ?

Пред да пристапиме кон молитва, ние сме должни да се помириме со оние на кои сме им направиле зло, па дури и со оние кои нè навредуваат, и веќе потоа со почит и внимание да застанеме на молитва. За време на молитвата треба да направиме нашиот ум да не мисли за ништо друго, а срцето да сака само едно – како подобро да се помолиме на Бога.

Ако се молиме без да сме се помири со ближните, се молиме набрзина или за време на молитвата зборуваме или се смееме, тогаш нашата молитва ќе биде непријатна на Бога и нема да не чуе.

Каде и кога можеме да се молиме на Бог ?

Да се ​​молиме на Бог можеме секаде и секогаш. Христијанинот има обврска да се моли секој ден, наутро и навечер, пред јадење и после јадење, пред почетокот и по завршувањето на секое дело. Во неделните и празнични денови и во обичните денови, кога сме слободни од своите активности, на молитва треба да одиме во Божјиот храм, каде што се собираат христијани како нас, таму ние се молиме во општење еден со друг.

За храмот

Храмот е дом Божји. Во храмот престојува особена Божја благодат и милост, која ни се предава преку вршителите на богослужбата – свештениците. Изгледот на храмот се разликува од обичните згради со тоа што над него се возвишува купола со крст на врвот. Внатре храмот се дели на три дела: 1) при влезот – трем или паперта; 2) храм, каде што стојат,верниците, одн., оние, кои се молат; 3) олтар, каде што се извршува  богослужбата од свештениците.

Олтарот е одделен од храмот со иконостас во кој има три врати; средните врати се нарекуваат царски, односно двери. Во олтарот најглавното место е светиот престол, на кој се врши Таинството на Светата тајна Причест. Најважната богослужба кај нас е Литургијата. За време на неа се сеќаваме на земниот живот на Спасителот и се врши Таинството – Причест што е утврдено од самиот Христос на Тајната вечера.

Таинството на евхаристијата се состои во тоа што во него преку Божјата благодат – лебот и виното со осветувањето постануваат вистинско Тело и вистинска Крв Христови, иако во вид остануваат леб и вино,  ние под овој вид на леб и вино, прифаќаме вистинското Тело и вистинската Крв на Спасителот, за да влеземе во Царството Небесно.

За светите икони

Во храмот – на иконостасот и на ѕидовите, и во целиот Божји дом –   се наоѓаат свети икони, на кои ние се молиме. Икона се нарекува сликата или на Самиот Бог, или на Божјата Мајка, или на ангелите или на светиите. Постојат многу икони, од кои повеќе пати се извршувале и извршуваат чуда и болни примале и добиваат исцелување. Таквите икони се нарекуваат чудотворни.

Сам Спасителот ни Го даде Свој образ ( лик ) кога, откако се умил, Тој го отпечати Својот пречистен лик, избришувајќи Се со крпа и на чудесен начин, а крпата била за болниот кнез Авгар. Кога болниот кнез се замолил пред таа неракотворена слика на Спасителот, тој се исцелил од својата болест.

Исто така треба да знаеме дека ние треба да се молиме не на иконата, туку на Бог и на ликот, кој е прикажан на неа.

Како се прикажува Бог на светите икони и зошто?

Бог е невидлив Дух, но Тој се овоплотил и станал човек, бил видлив за луѓето за време на Својот земен живот, а по вознесението  на небото се јавувал и се јавува на светиите, односно на оние, кои поради чистотата на срцето можат да Го видат (Мат. 5:8). Затоа на иконите се прикажува Бог во  вид, во кој Он се јавувал.

Пресветата Троица ние ја прикажуваме во вид на три момчиња, кои седат на трпеза. Тоа е затоа што во вид на тројца патници Господ се јавил некогаш на Авраам. За да се воведе нагледно духовната суштина на  појавата на Авраам, ние ги прикажување понекогаш со крилја.

Бог Син се прикажува во оној вид, во кој Он бил кога заради нашето спасение слезе на земјата и станал човек, како: дете во рацете на Божјата Мајка, како го поучуваше народот, преобразувајќи  се, страдајќи на крстот, како воскреснал и се вознесол.

Светиот Дух се прикажува во вид на гулаб на иконата на Крштение Господово, така се јавил Себе си за време на крштевањето на Спасителот во реката Јордан од свети Јован Крстител, и во вид на огнени јазици на иконата на Педесетница, во  вид на оган Тој слезе над светите апостоли во педесеттиот ден по воскресението на Исус Христос.

   Кого освен Бог прикажување на светите икони?

Освен Бог на светите икони ние ја прикажуваме и Божјата Мајка, светите ангели, па и светите луѓе. Но на нив ние треба да се молиме, не како на Бог, туку како на блиски до Бога, угодни  со светиот живот и застапници за нас пред Бога за силата на љубовта кон Него и кон нас. Ние треба да ги молиме да ни помагаат со своите молитви, бидејќи нивните свети молитви Господ повеќе ќе слуша, од  нашите грешни молитви. Достојно за внимание е дека ликот на Божјата Мајка, зографисан од ап. ев. Лука, ученикот на Господа, се сочувал до наше време. Постои предание дека Божјата Мајка, откако Ја видела својата слика, рекла: Благодатта на Мојот Син да биде со оваа икона. Ние се молиме на неа и веруваме по Нејзините молитви Бог многу ни простува и многу ни помага.

За светите ангели

Во почетокот, кога уште немало ниту свет, ниту човек Бог ги создал светите ангели, кои се безтелесни и безсмртни духови, како и нашите души, но нив Бог ги надарил со повисоки сили и способности, отколку човекот. Нивниот ум е посовршен од нашиот. Тие секогаш ја исполнуваат Божјата волја, тие се безгрешни и преку Божјата благодат се утврдени  во вршење на доброто, па затоа не можат да грешат.

Секој христијанин  при крштевањето добива од Бога Свој ангел чувар, кој невидливо го штити преку целиот негов живот од неволји и искушенија, го спречува  од гревови, го заштитува, та  и во страшниот час на смртта, па не го остава и по смртта.

Ангелите се прикажани на иконите во вид на убави и  млади во знак на нивната духовна убавина. Крилјата значат дека тие брзо ја исполнуваат Божјата волја.

За светите луѓе

На иконите ние исто така ги прикажуваме и светите луѓе или Божјите угодници. Ние ги нарекуваме така, бидејќи за време на земниот живот тие  угодиле на Бога со својот праведен живот. Светиите имаат различни називи: пророци, апостоли, маченици, светители, преподобни, безсребреници, блажени и праведни.

Пророци, ние ги нарекуваме оние Божји светии, кои по волјата на Светиот Дух добивале и окривале  разни откровенија на луѓето, односно Божјата волја, па имаме  откровенија за идното доаѓање на Христа на земјата.

Апостолите се најблиските ученици на Исус Христос, кои Он за време на Својот живот ги испраќал на проповед, а по слегувањето на Светиот Дух над нив тие ја проповедале по целиот свет – Христијанската вера.

Маченици, се оние христијани, кои за верата во Исуса Христа биле подложени на жестоки мачења, па дури и смрт. Ако по претрпувањето на тортурата, тие го завршиле својот живот мирно, ние ги нарекуваме исповедници.

Светители се и епископи или архиереи, угодни на Бога со својот праведен живот.

Преподобните се светите монаси и праведните луѓе, кои се одвоиле од секуларниот живот во општеството и со тоа и со безброј други нешта Му угодиле на Бога,  живеејќи во девственост, пост и молитва.

Безсребрениците им служат  на сите луѓе, исцелувајќи ги бесплатно од болестите.

Праведните воделе праведен, угоден на Бога живот,  живеејќи како нас во светот.

Околу главата на Спасителот, Божјата Мајка и светите мажи и жени, Божји угодници, на иконите и сликите се прикажува светлина или светол круг, кој се нарекува ореол.

Во ореолот на Спасителот се врзуваат три букви ОΩN. Тоа е грчки збор. Во превод на црконословенски јазик, односно на македонски, значи : Оној, кој вечно постои, а вечно постоечки е само Единиот Бог.

Над главата на Божјата Мајка се ставаат буквите МР ΘΥ. Тоа се првите и последните букви од грчките зборови, кои значат: Мајка на Бога или Божјата  Мајка.

Зошто се нарекуваме христијани ?

Ние се нарекуваме христијани, затоа што веруваме во нашиот Господ Исус Христос и се трудиме да живееме онака како што не научи Он. Содржината на нашата вера е изложено кратко во Символот на Верата.

За крсниот знак

За да ја изразат својата вера во Исус Христос, Кој се распна на крст, христијаните за време на молитва изобразуваат на себе со десната рака крстен знак или крсно знамение, а на телото носат крст.

За да го направиме крсниот знак, ние ги собираме палците на десната рака на следниов начин: врвовите на првите три прста (палец, показалец и среден) ги собираме ко еден, а последните два ги вовлекуваме во дланката.

Првите три прсти, собрани заедно, ја изразуваат нашата вера во Бог Отецот, Бог Синот и Бог Светиот Дух, како Едносуштна и Неразделна Троица, а двата прста, прибрани на дланката, означуваат дека Божјиот Син, по слегувањето на земјата, има Божествена и човечка природа. Кога се осенуваме со крсниот знак, ние ги поставуваме така сложените прсти на челото – за осветување на нашиот ум, на градите – за осветување на нашето срце, а потоа на десното и на левото рамо – за осветување на нашите телесни сили.

Кога се крстиме со крсниот знак, треба да запамтиме дека е потребно да го прикажуваме крстот правилно и без да брзаме, инаку тоа не ќе биде приказ на крстот, туку едноставно мавтање со раце, на кое само демоните се радуваат. Со невнимателно извршување на крсниот знак ние го навредуваме Бога, покажувајќи ја својата непочитателност кон Него, грешиме.

Гревот е прекршување на Божјата волја, која ни е откриена во Неговите свети заповеди.

За поклоните

За да го изразиме пред Бога нашето благоволение и почит кон Него, за време на молитва ние стоиме, а не седиме: само на болните и престари луѓе им се дозволува да се молат, седејќи.

Свесни за својата грешност и недостојност пред Бога, во знак на нашето смирение ние ја следиме молитвата со поклони. Тие се појасни кога ја навалуваме нашата глава до појасот, и земни, кога се поклонуваме и застанувајќи на колена ја допираме земјата (подот) со глава.

Благословот на свештеникот

Нашите духовни отци : епископите и свештениците, исто така нè осенуваат со  крсниот знак и тоа осенување  се нарекува благословување, односно благослов (благословение).

Кога свештеникот нè благословува, тој ги собира палците така што тие ги прикажуваат буквите : ИС. ХР., односно Исус Христос. За да добиеме благослов од свештеникот, треба да ги поставиме рацете на крстообразно : десната дланка над левата. Кога ќе добиеме благослов, ние ја целиваме  раката , бидејќи преку свештеникот Самиот наш Господ Исус Христос нè  благословува.

 

превел: Петар М. Петковски,

студент на теологија при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Leave a comment