Day: 26/11/2017

Кратки поуки до верниците за Божикниот пост од Романскиот Патријарх Даниил

Posted on

Поглаварот на Романската православна црква, патријархот Данил ги потсетува верниците на основната цел на постот и неговото значење во духовниот живот на секој христијанин.

  1. Ние не постиме за да бидеме видени и пофалени од луѓето туку постиме за да се приближиме до Бога.
  2. Постиме зашто го сакаме Бога повеќе од материјалните дарови што ги добиваме од Него.
  3. Прошката е добар почеток на постот. Никој не може да влезе во постот, кој е духовна борба за прочистување од гревовите и за просветлување на душата, без прошка.
  4. Постот ја поткрепува молитвата на верниците, кои ја сметаат врската со Бога за центар, светлина и храна за душата.
  5. Вистинскиот пост не е само воздржување од храна од животинско потекло туку и воздржување од жедта за матријалното и воздржување од алчноста и од егоистичката желба за владеење над другите, како ограничување на секоја мисла, збор или дејствие што ја намалува љубовта кон Бога и кон ближниот.
  6. Ако постот е придружен од дела што му се угодни на Бога, тогаш човекот што пости станува светлина за другите луѓе и избран сад на Божјата слава.
  7. Постот не е само матријална состојба, туку и духовна, т.е. пост за очите, устата и срцето.
  8. Постот е духовна состојба на жртва или приносување, оној што пости тоа го прави слободно, т.е. секој според силите.
  9. Во времето на постот се намалува количеството на материјалната храна, а се зголемува количеството на духовната храна.
  10. Постот ја поткрепува молитвата, а пост без молитва не е духовна борба.
  11. Постот ги смирува егоистичките страсти, го осветлува интелектот, ги осветува чувствата, го изменува поведението и односот кон луѓето и кон природата, поставувајќи сѐ во светлината на присуството на Божествената љубов.