Лажните идоли, ексклузивноста на денешницатa

Posted on

Живееме во време во кое е апсолутно нарушен системот на вредности. Во современото општество клучниот критериум за успех се парите. Позицијата во друштвото е двигателот на речиси сите процеси во човечкиот живот, а имиџот е поважен од квалитетот на личноста. Скапоцен автомобил, што поголема и подобро уредена куќа, брендирана облека и обувки, удобен живот, главно без работа – тоа е сонот на секој просечен човек на нашата планета. Луѓето ја занемаруваат верата, Црквата, Светото писмо, а првенствено зборовите на Господ Исус Христос: „Затоа ви велам: немојте да се грижите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за вашето тело, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото – од облеката?“ (Матеј 6, 25).

Посматрајќи го животот на своите предци, можеме да видиме дека тие се задоволувале со многу посиромашен животен стандард. Најнапред ја ценеле работата (трудот), ја обработувале земјата, одгледувале животни и на тој начин им обезбедувале на своите семејства основни средства за живот. Секако, и ним им биле потребни пари, како и на луѓето денес. Парите се потребни за образување, лекување, исхрана, меѓутоа, не е сѐ во материјалните вредности. За разлика од нашите предци, коишто до пари доаѓале со макотрпна работа, денес, главно, не се избира начинот за профит. Човекот, со копнеж да се збогати, готов е да ги погази сите морални начела. Наместо пример да му бидат, најпрво Христос, нашите светители и другите славни предци, или во денешниот свет чесните луѓе, научници, академици, професори, резултатите од разни анкети покажуваат дека човекот се воодушевува и се угледува на луѓето од „шоу-бизнисот“, на разни пејачи и актери, честопати не криејќи дека му се „идоли“. На тој начин, директно ја прекршува втората Божја заповед: „Не прави идоли или слики; не им се поклонувај и не им служи“.

Главното средство што довело до нарушување на системот на вредности се масовните медиуми (компјутер, интернет, телевизија), кои секојдневно ни претставуваат и ни нудат неморален начин на живот како нешто примерно и нормално, на пример преку телевизијата на која, особено на домашните канали, сѐ повеќе се прикажуваат естрадата и реалити програми, и на тој начин, сѐ повеќе ги потиснуваат едукативните и поучни емисии, кои се сѐ помалку оприсутнети на медиумите. Владета Јеротиќ, истакнат српски православен психолог и книжевник, наведува: „Денешниот, навистина, „паднат“ свет (со својот, во секој поглед, нездрав живот како да сака и треба да „докаже“ дека човекот е „паднато“ суштество) станал компјутер и контејнер (намерно не правејќи разлика помеѓу нив) на сите, не само на корисните, туку и на излишните, непотребни, неточни, но над сѐ лоши информации“.[1] На еден сајт се наведува: „Лагата и измамата прикажани илјада пати ги прифаќаме како вистина, која ја обликува нашата свест и притоа го менува системот на вредности, а ние не сме ни свесни за тоа“.[2]

Родителите денес стремејќи се да заработат што повеќе  и што подобар материјален живот да му обезбедат на своето семејство, се оптоваруваат со материјални проблеми и го пропуштаат растењето на сопствените деца. Сѐ повеќе ги препуштаат на компјутерите и на телевизорите, тие да ги воспитуваат. За разлика од некогашните цртани филмови, како на пример „Том и Џери“, во кој најстрашната работа била таа мачката да го улови глушецот, денешните се преполни со вознемирувачки и насилни сцени, кои имаат лошо влијание врз психата и доведуваат до агресија кај децата.

Меѓутоа, по углед на древниот кинески филозофски концепт „ЈИН И ЈАНГ“, кој говори за тоа дека во сѐ што е добро има и нешто лошо, а во сѐ што е лошо има и нешто добро, не треба светот да го гледаме „црно-бело“. Напредокот на технологијата донесува многу позитивни и корисни работи. Во „примитивните општества“, кога бројот на луѓето бил мал и ограничен, единствено вербално можеле да разменат информации. Со напредокот на културата и со проширувањето на општествата напредувале и инструментите  за општествените односи, кои толку се развиле и направиле напредок по кој можеле да се пренесат информации од еден крај на светот во друг по најкраток рок. Комуникацијата помеѓу луѓето тече многу побрзо и поедноставно. Сите информации и податоци ни се на дофат на рака, и на тој начин, ако правилно ги искористиме, можеме да дознаеме многу корисни работи и да го прошириме нашето знаење.

Спротивставставувањето на предизвиците што влегле во нашиот живот, нивно ставање под контрола и непрестаната борба против нив е во служба на зачувувањето на системот на вредности. Најлесно е да се бара изговор и да се обвинува околината за животниот и морален пад. Меѓутоа, Христос му дава можност на секој поединец да се покае и да се спаси, најпрво со живот според христијанските начела. Исто така и општењето во црковната и во општествената зедница во борбата со асоцијализацијата, која е продкукт на животот во имагинарниот свет на компјутери и медиуми. Но и пред покајувањето за гревовите, Христос дава можност човекот по слободна волја да не греши. Пример треба да му биде самиот Христос и сите оние што живееле праведен живот. И што е најважно, треба да се имаат на ум Христовите зборови запишани во Евангелието: „Зашто каква полза има човек, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?“ (Марко 8, 36-37).

 

Петар Петковски, дипл. теолог

[1] Владета Јеротиќ, Повратак оцима, Белград, 2000, 359.

[2] https://medijskaokupacija.wordpress.com – преземено на: 06.октомври 2016 година

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s