Свети преподобен Никифор Исихаст

Posted on

Преподобниот отец наш Никифор Исихаст е православен монах, духовен писател и еден од авторите на духовниот зборник  „Добротољубие“.

Се подвизувал на Света Гора за време на управувањето на Михаил VIII Палеолог. Се родил во италијанско римокатоличко семејство, но го отфрлил римокатолицизмот, па примил Православие и станал монах на Света Гора, каде аскетски се подвизувал до крајот на својот живот. Поради одбивањето да ја следи пролатинската политика, од императорот Михаил VIII Палеолог претрпел казна затвор и прогонство.

Бил директен претеча, наставник и раководител во изучувањето на подвижничкото мудрољубие на светиот Григориј Палама, архиепископот Солунски, кој и сам сведочи за својот учител со кој поминал осум години на духовни перипетии.

Свети Никифор постојано внимавал над себе, па подвижувајќи се длабоко во безгрижното тихување и неизкажливо соединувајќи се со надсветскиот Бог, во своето срце успеал да го стегне блаженото и благодатно просветлување.

Се упокоил во Господа нешто пред 1340 година.

Богато искористувајќи го својот божествен дар, тој и по своето блажено заспивање во Господа, нас отечки нѐ раководи со своите списи. Успеал да ни оставил во наследство неколку дидактичко – морални трудови. Најпознат спис е неговото „Многукорисно слово за трезвеноумието и чувањето на срцето“. Исто така, собирајќи и други поуки за вниманието и молитвата од списите и житијата на светите отци, тој на крајот ни дава совети од својот личен опит и искуство, призивајќи ги сите преку патот на умносрдечната молитва да се присоединат кон заедница со Господа.

Од мноштвото записи на свети Никифор, кои и денес ги имаме во зборникот „Добротољубие“ јасно се гледа дека инсистирајќи на неопходноста од духовен водич во практиката на исихазмот, ја допуштал можноста и за самостојна практика на монасите и им давал практични совети во таа насока.

 

Од поуките на светиот преподобен отец наш Никифор Исповедник

Ако, пак, брате, и по многу труд не успееш да навлезеш во пределот на срцето, како што ти кажав, направи вака, како што ќе ти кажам понатаму, и со Божја помош ќе го најдеш бараното. Ти знаеш дека внатрешното слово на секој човек се наоѓа во неговите гради. Зашто внатре во градите, кога молчат нашите усни, ние разговараме со себе и твориме молитва, и псалми пееме или друго кажуваме. Така, со внатрешното слово, изгонувајќи од него секаква помисла (зашто можеш, ако сакаш), кажувај си ја кратката молитва: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме! – и принуди се наместо секаква друга помисла само таа секогаш да плаче внатре. Ако продолжиш да го вршиш ваквото дело непопустливо и со сето внимание, со време ќе ти се отвори преку ова и влегувањето во срцето, за коешто ти пишував, без секакво сомнение, како што и ние самите од опит сме познале.

 

подготвил:

Петар М. Петковски,

дипломиран теолог

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s