Личноста на Господ Исус Христос

Posted on

 

 

Центар на православното христијанство е личноста на Господ Исус Христос. Таа личност е извор на секое знаење за Бога. Господ Исус Христос е „Врата“ (Јован 10, 7) на православниот духовен живот, исто така и „Патот“, Вистината и Животот“ (14, 6). Секој кој сака да биде навистина православен треба да влезе низ таа „Врата“, да научи да оди по тој „Пат“. За да го оствари тоа, човек треба, пред сѐ да научи Кој е Господ Исус Христос и што Он учел.

За Него во Символот на верата се вели дека е „Син Божји“, „роден од Отецот пред сите векови“, се нарекува „Светлина“, „вистински Бог“, се вели дека е „нестворен“, ист по суштина („едносуштен“) со Бога Отецот. Но, исто така, се вели и дека Он, како вистински Бог, „слезе од небото, се воплоти и стана човек“. Со други зборови, за личноста на Господ Исус Христос е откриено дека е, во исто време, и Бог и човек – Богочовек.

Богочовекот Исус Христос ја прославил човечката природа со тоа што покажал дека таа е способна за божествен живот, не само за обично, привремено живеење според животните инстинкти. Како човек, го изодил патот по кој секој човек може да оди за да ја разбере и живее вистината, да му се спротивстави и да го надмине гревот, дури и да ја победи самата смрт. Го направил тоа како човек за да покаже дека и секој друг човек е способен да го постигне истото. Според, тоа, личноста на Господ Исус Христос не само што е извор на секое знаење, туку и вистинска можност човекот да се спаси од сите беди и неволји во животот, вклучително и од гревот и смртта.

Секој што сака со право да се нарече православен христијанин и да го наследи вистинското спасение, неопходно треба да Го запознае Господ Исус Христос. Тоа го прави преку читање на Светото писмо, особено преку читање на четирите Евангелија, каде што е опишан животот на Христос, Неговите зборови, поуки и дела. Освен на тој начин, православниот христијанин се запознава со Христовата личност и преку учество во богослужбите и целокупниот духовен живот на Православната црква, каде што се среќава со православното предание, кое го дополнува нашето знаење за Бога.

Најпосле, Господ Исус Христос дошол на земјата со цел секој човек да поверува во Него – и да се спаси. Затоа православниот христијанин не само што треба да знае за Него, туку треба и да живее според Него. Не секој што Му вика на Бога „Господи, Господи“, го добива спасението, туку тој што слуша, прифаќа и исполнува.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s