Света Дева – Пресвета Богородица

Posted on

 

 02

Светата Дева или Пресвета Богородица е неспоредливо најпочитувана и најславната човечка личност на сите времиња. Само на неа, меѓу сите други луѓе, Православната црква посветила толку празници – си спомнува за нејзиното раѓање (Мала Богородица); Воведувањето во храмот; Успението, но и за нејзината средишна улога во празниците Благовештение и Божик (по кој празник се празнува Соборот на Пресвета Богородица), Покров на Пресвета Богородица и итн. Неа најмногу, и покрај многу други свети души, верниците ја чувствуваат како најважен и најмилостив застапник за нив пред Бога.

Има две главни причини зошто Црквата има толкаво почитување за Пресвета Богородица и секогаш Дева Марија. Прво – поради тоа што се покажала како најсвето човечко битие во историјата на човештвото до Христа и како таква се удостоила да Го прими Бога во својата пречиста утроба. Преку неа Бог неодвоиво и неразделно се сврзал со човекот и го остварил нашето спасение. Поминале толку човечки генерации, се родиле и живееле толку многу луѓе, но Бог чекал да се појави и пројави најсветата човечка личност, за да се всели меѓу нас. Втората причина е што Пресвета Богородица станала најдобар пример како луѓето да го стекнат и наследат личното спасение. На главните Богородични празници слушаме од Евангелието како луѓето во тоа време, гледајќи ги делата и слушајќи ги зборовите на нејзиниот Син Исус Христос, ја слават извикувајќи: Блажена е утробата твоја и блажени се градите што го хранеле овој Човек; но Го слушаме и Христос како вели: Блажен е и оној што ги слуша зборовите Божји и ги исполнува. И навистина, Марија Дева е двојно блажена – и како Богородителка, и како човек што ги впива Божјите зборови и ги исполнува.

Поради нејзиниот специфичен близок однос со Бога, таа на иконите речиси секогаш се претставува заедно со нашиот Господ Исус Христос. Една од најчестите претстави е, на пример, иконата наречена „Пресвета Богородица – Патеводителка“, т.е. „Онаа којашто го покажува патот“, каде што гледаме како Богородица, како мајка, Го држи во рацете Христа како дете, и со едната рака покажува кон Него, вистинскиот пат на спасението за нас, луѓето.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s