Едниот Бог – Света Троица

Posted on

 

holytrinity_350x433_7013ab2b9e7f543103d8868d1f6473b2

Православниот христијанин верува во еден Бог. Не верува само во „сила“, или дека „има нешто“, не верува дека материјалниот свет како целина е божествен, не верува дека Бог е некој апстрактен поим рамнодушен кон човекот и светот, не верува ниту во судбина и предодреденост. Во овие нешта не верува затоа што тие се плод на човековата фантазија или само производ на човековата мисла.

Православниот христијанин верува во еден Бог не затоа што самиот, размислувајќи, заклучил дека има само еден Бог, туку затоа што Бог Самиот му се открил на човекот во текот на човечката историја. Му се открил и потврдил дека откриеното е вистина.

Православниот христијанин верува во истиот оној Бог Кој го создал светот и човекот, со Кого зборувал Адам, Кој подоцна им се јавил на Ное, Мојсеј, пророците и другите праведни и мудри луѓе, и Кој им се јавува на луѓето до денешен ден. Значи, православниот христијанин верува во Бога Кој им се открил на луѓето, не во некој „осознаен“ бог, или замислен бог. Светиот апостол и евангелист Јован вели: „Бог никој никогаш не Го видел;  Единородниот Син, Кој е во пазувите на Отецот – Он Го објави“ (Јован 1, 18). Според тоа, православниот христијанин верува во Бога Кого никој нокогаш не Го видел, односно Кој бескрајно го надминува светот и човекот и сè што може човекот да види, разбере или осознае. Но, истиот тој Бог – беше објавен од Единородниот Син, Кој е во пазувите на Отецот. Така човекот може да дознае, ако сака да верува, дека Бог е еден, но во три божествени личности – Отец, Син и Свет Дух. Не сме го разбрале тоа преку размислување, туку затоа што Бог ни се открил. Значи. Православниот христијанин верува во еден Бог Света Троица – Отец, Син и Свет Дух. Од причина што овој Бог е вистински Бог, Исус Христос ги испраќа апостолите, порачувајќи им: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“ (Матеј 28, 19).

Затоа и Православната Црква, во својот Символ на верата (кратко и точно исповедање на христијанското учење) вели дека веруваме „во Едниот Бог Отец“ (член 1), „и во Едниот Господ Исус Христос“ (член 2), „и во Светиот Дух, Господ“ (член 8), т.е. во Еден Бог – Света Троица.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s