Разговор со Бог

Posted on

 gergeti-trinity-orthodox-church-14th-century-in-northern-georgia

…Значи ти би сакал да разговараш со Мене? – Рече Бог. Ако имаш време Господи – реков. Бог се насмевна и ми рече: – Моето време е вечност, што сакаш да ме прашаш? А јас одговорив: Што најмногу те изненадува кај луѓето?

На тоа Бог одговори: Тоа што детството им е досадно. Брзаат да пораснат, а потоа посакуваат повторно да бидат деца. Што го трошат здравјето да заработат пари, а потоа ги трошат парите за да си го вратат здравјето. Што толку многу размислуваат за иднината што ја забораваат сегашноста. На тој начин не живеат ни во сегашноста, ниту во иднината. Што живеат како никогаш да нема да умрат, а кога ќе умрат, како никогаш да не живееле…

Бог ме фати за рака… останавме за миг во тишината, која многу повеќе кажуваше од говорот… потоа прашав: Господи како родител, кои животни поуки би сакал твоите деца да ги научат?

Насмевнувајќи се Бог рече: …Да научат дека во животот не е највредно она што го поседуваат, туку кој се во животот… Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите… дека не е богат оној човек што најмногу има, туку оној на кој што најмалку му треба. Да научат дека се потребни малку секунди да се повреди саканата личност, а потоа се потребни години да се излечи. Да научат да љубат… Да научат да простуваат… Да не очекуваат, ако љубат дека треба да бидат љубени… Да спознаат дека има личности кои нежно ги сакаат, но тоа не можат да го кажат, или покажат. Да научат, дека со пари може се да се купи, само среќата и љубовта – Не! Да научат дека двајца можат да гледаат во иста работа, но различно да ја видат. Да научат дека вистински пријател е оној кој знае сè за нив, а сепак ги сака. Да научат дека не е доволно само другите да им простат, мораат и самите на себе да си простат…

Можеби луѓето ќе заборават што си рекол, или ќе заборават што си направил, но нема да заборават какви чувства во нив си разбудил.

 

непознат автор

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s