За (не) постоењето на злото

Posted on Updated on

albert-ajnstajn

Еден универзитетски професор им го поставил студентите ова прашање:
– Дали Бог створил сè што постои?
Еден студент смело му одговорил:
– Да, Бог створил сè што постои!
– Бог создал сè што постои? – запрашал професорот уште еднаш.
– Да професоре, одговорил студентот.
Веднаш потоа професорот рекол:
– Ако Бог создал сè, тогаш го создал и злото. Бидејќи злото постои, а земајќи го предвид принципот дека нè одредува она што го работиме, тогаш и Бог е зол!
Студентот останал молчејќи, а професорот полн со себе констатирал како тој уште еднаш докажал дека она во што христијаните веруваат е всушност мит.
Еден друг студент подигнал рака и го прашал професорот дали може нешто да го праша.
– Се разбира – одговорил професорот.
Студентот станал и рекол:
– Професоре, дали постои студенило?
– Какво е тоа прашање? Се разбира дека постои. Зарем никогаш не ти било студено?
Студентите се закикотиле на прашањето од колегата.
Момчето одговорило:
– Всушност професоре, студенило не постои. Според законите на физиката, она што ние го сметаме за студенило во реалноста е отсуство на топлина. Секое тело или објект, според проучувањето, има или принесува енергија, а топлината е таа што прави телото да има или да пренесува енергија. Апсолутната нула значи потполна отсутност на топлина и сите нешта стануваат инертни и неспособни за реакција на таа температура. Студенилото не постои. Ние го создадовме овој збор за да опишеме како се чувствуваме ако немаме топлина.
Студентот продолжил со прашањата:
– Професоре, дали постои темнината?
Професорот одговорил:
– Се разбира дека постои.
А студентот на тоа одговорил:
– Повторно немате право професоре. Ниту темнината не постои. Темнината всушност е само отсуство на светлина. Светлината можеме да ја проучуваме, а темнината не. Всушност, можеме да се послужиме со Њутоновата призма и да ја претвориме белата светлина во многу бои и да ги проучуваме различните должини на светлосните бранови за секоја боја. Темнината не можеме да ја мериме. Најобичен зрак на светлина може да продре во светот на темнината и да ја просветли. Како можете да дознаете колку некој одреден простор е мрачен? Ја мерите количината на присутното светло. Не ли е ова точно? Темнината е поим кој луѓето го користат за да опишат што се случува кога нема светлина.
На крајот, момчето запрашало:
– Професоре, постои ли злото?
Сега веќе помалку несигурен, професорот одговорил:
– Се разбира, како што веќе реков. Злото го гледаме секој ден. Најчесто во секојдневните примери на човековата нечовечност кон другите луѓе во злоделата и насилството ширум светот. Овие манифестации не се ништо друго, туку зло.
На тоа студентот одговорил:
– Професоре, злото не постои, или барем не постои самото по себе. Злото е едноставно отсуство на Бога. Токму како и темнината и студенилото, тоа е поим кој луѓето го створиле за да го опишат отсуството на Бога. Бог не го создал злото. Злото не е како верата и љубовта кои постојат токму како што постојат и светлината и топлината. Злото е последица на она што се случува кога во срцето на човекот не е присутна Божјата љубов. Токму како и студенилото кое го доживуваме во отсуство на топлина, или како мракот кој се случува кога нема светлина.
Професорот седнал.
Студентот се викал Алберт Ајнштајн.

Најголемиот трик кој ѓаволот некогаш го извел е да го увери светот дека тој не постои…

превод:
ѓакон Влатко Стоименов

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s