Порака до тебе од непознат светогорски старец

Posted on

s7000331Синко, можеби нема малку да обратиш внимание на овие мои зборови. Но, Бог знае дека само од сочувство и љубов кон тебе и грижејќи се за твое добро, ти зборувам и ти го изнесувам сето ова. Не ти барам ништо.

И Христос не ти бара ништо. На Бога ништо не Му е потребно. Единствено што сака е тебе да ти е добро. Он сака и ти да се радуваш со Него, како и толку многу други што Му се радуваат. Те љуби и посакува во Своја близина, како што таткото го љуби своето чедо.

Меѓутоа, ти дава и право да Го отфрлиш, Него, својот Отец и Создател. Толку ја почитува твојата слобода, толку го цени твојот слободен избор! Не те сака во својата близина присилно, ниту како некаков роб, туку како слободно чедо на благодатта Негова. Те сака како свој брат и пријател.

Ако го прифатиш, Он прв ќе дојде и ќе се радува со тебе. Ќе пребива во тебе и ќе ти го даде Својот спокој. Толку ќе бидеш спокоен, што ќе плачеш од радост и среќа каква што не можеш ни да замислиш. Ќе Му благодариш и ќе Го прославуваш.

Ако пак, Го отфрлиш, ќе го прифати тоа со горчина и ќе си замине. Нема да ти нанесе ама баш никакво зло. Само ќе ја боледува твојата болка, твојата несреќа, твојот пустош, затоа што ќе бидеш далеку од Него. Трепеливо ќе чека пред вратата од домот на твојата душа, зашто, можеби, за среќа, ќе се покаеш и ќе те чека до крај, за повторно да те приведе при Себе.

Прими Го, дете мое, како што ти реков и ако сакаш, заради радоста своја, задржи Го!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s