Појавување на манастирите овде…

Posted on Updated on

Старец Ефрем Аризонски

13577_830814416943393_1148437049068820217_n

 

 

Секој манастир е тврдина Божја и појава светоотечка.

Секој манастир го благословува целиот крај кај што е подигнат.

 

 

Секој манастир е тврдина и појава светоотечка. Секој манастир го благословува целиот крај, каде што е погигнат. Го благословува целиот свет, сè умирува. Бегаат демоните, доаѓаат ангелите. И тој труд на манастирот им помага на христијаните да одат по патот на спасението без лутање. Тоа е духовно прибежиште, каде прибегнува секоја душа, која посакува да се спаси, која сака да добие утеха, да биде оживотворена, која сака да се просветли, бидејќи во светот има толку проблеми…

Посебно во нашето време… Има илјада и два проблема, посебно духовни. И други. Постои голема потреба да се решат и разјаснат тие проблеми. Присуството на манастирите, луѓето кои во нив живеат, ја даваат можноста, даваат благодат, искуство, помош и спасение на луѓето кои им приоѓаат. Потоа, присуството на нашиот манастир – е светилник во Новиот Свет, како што ја нарекуваат Америка, Канада, каде до тогаш, воопшто, не имало ниту еден грчки манастир. Тоа нам ни влева добра надеж, надеж, која нам ќе ни даде живот, Светлина, спасение на светот, овде. Потоа, се молиме појавувањето на манастирот да постане квасец од кој ќе се умножуваат на ова свето место, кое се нарекува Нов Свет, манастири, светилници, православни столпови, духовни оази, каде што нашите христијани ќе пристигнуваат да се хранат, да се обезбедат, да се спасуваат. Затоа ние очекуваме… очекуваме ново време кое го означува времето на антихристот. Потоа и сега има веќе многу антихристи и како што вели апостолот Јован Богослов: Кој е антихрист? – Оној, кој не исповеда дека Исус Христос дошол во тело. Понатаму, кој не исповеда дека Христос дошол на земјата како вистински Бог, дека се вооплотил и постанал Човек и Богочовек за да би го спасил човекот и да го вознесе таму, каде што Он бил, во Небесниот Свет, во славата Божја. Оној, кој тоа не го исповеда е антихрист.

Потоа, бидејќи го очекуваме времето на антихристот, кој по мое мислење ќе биде обличје на сите сатански сили, и неговото присуство ќе биде во центарот, кој се нарекува Њујорк, измеѓу морињата и реките, Вавилон, во кој ќе се објави Апокалипсисот. Тоа ќе биде местото на неговото престојување, негов центар и отаму тој ќе општи со целиот свет. И тој, антихристот, ќе се нарече стар брат.

И по патот на телевизијата и телеопатичките средства во еден миг ќе општи со секој човек. Тоа е, човек кој се наоѓа во соба и што и да работи, тој ќе му се јави и ќе му даде наредба како тој да верува во него и како да се покори на демонската енергија, како да го привлече тој човек и како тој би го следел. Потоа, затоа што во овој свет постојат сатанисти, постојат еретици, постојат антихристи, постојат, постојат, постојат… Потоа, во таква ситуација ќе дојде и порасни антихристот, кој се очекува. И затоа се надеваме дека Архистратигот Христос за таа битка ќе подигне храбра војска од Своите избраници и следбеници, кои ќе се соочат со сатаната влице влице. Таа храбра војска ќе ги привлече кон себе и обичните христијани кои ќе ја сочинуваат Војската и Лицето Божјо. Потоа, тие избраници и следбеници ќе се монасите и монахињите, а нивни тврдини ќе бидат манастирите. Во нив ќе се прибира светот за да се скрие и да се обезбедат од тие сили. На тие манастири, на таа војска, на Црквата напаѓаат сè со цел да не се основаат манастири, како би се приближило доаѓањето на антихристот.

Ќе постои непосредна опасност од одрекување, бидејќи мачењата ќе бидат големи, поради средствата со кои ќе располага науката и технологијата и сатаната ќе манипулира со нив, со големо искуство. Затоа нас Христос ни говори во Светото евангелие: Синот Човечки кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата? Ќе најде ли луѓе кои ќе веруваат во Него. Не само со јазик, туку и со срце и со силата на храброста.

Затоа имаме непосредна потреба да основаме манастири, ако сакаме ние и нашите деца и оние, кои нас не опкружуваат да најдеме безбедност пред неволјите кои нас не очекуваат и сигурно ќе дојдат, во тоа сум уверен, бидејќи за тоа говори Светото писмо.

Писмото е од Светиот Дух и ништо нема да изостане, сè ќе се случи. Потоа, присуството на манастирите и луѓето кои во нив живеат ќе биде наша непотребна потреба и ние треба да ги сакаме и  да ги помагаме за да постојат и да се молиме за да обилно се преумножат во нив храбри души кои активно ќе му се спротивставуваат на сатаната и на неговата војска и ќе бидат за нас христијаните пример за верата, за да и ние се спротивставиме и постанеме нови маченици (сведоци).

Маченици, кои ќе бидат неспоредливо пославни од старите маченици, од првите времиња. Безусловно тие кои ќе се спасат во последните времиња ќе засветат посилно од сонцето! Повеќе отколку првите светии. Бидејќи страдањата ќе бидат големи, верата – слаба, многу зло, затоа оние кои ќе се борат ќе бидат избрани луѓе Божји.

Порано верата била, така да кажам, поткрепена, со чуда, со светиите, со апостолите. И имало чуда, чуда… Зло имало малку, страдањата не биле толку активни и очигледни. Денес верата е слаба, злото е големо, многу е распостранет гревот, има многу голем мрак, малку духовни раководители, духовниот човек е реткост.

Ние сме во жалосна духовна состојба, но оној, кој ќе претрпи добро мачеништво за Христос, ќе биде голем, со помош на Севишниот, ќе постане прв маченик, ќе ја стекне славата и достоинството на првите светии.

 

превел од српски јазик:

Петар М. Петковски,

дипломиран теолог.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s