Господ е во сите

Posted on Updated on

14238230_1797549227130166_6634803727003322626_n

 

старец Тадеј

Ние овде на земјата сме како на некоја епитимија. Затоа немојте да се чудите што постојано имате некоја неволја. Сите ние постојано грешиме-се лизнуваме и паѓаме. Всушност паѓаме во демонските стапици. Светците постојано истакнуваат: важно е само да станете и да го продолжите паток кон Бога. Макар и стопати дневно да паднете, не грижете се; и само станете  и одете напред, не вртете се назад. Она што било, било и поминало. Вие само одете напред и молете помош од Господа.

Ние не му додеваме на Господа со тоа што постојано Му се жалиме поради нешто. На Господа му додеваме кога грешиме, а не кога постојано Му се обраќаме како кон најблизок. Господ сака да го повикуваме непрекинато и да го излеваме своето срце пред Него. Молитвата не е нешто што се почнува и завршува, и –готово. Ќе застанеш пред икона, ќе кажеш што имаш и потоа одиш по својот пат. Тоа не е молитва.

Епитимија значи забрана; тоа е поправна казна што му се наложува на покајникот; епитимијата нема значење за задоволување на Божјата правда за направените гревови.

Сакајте мали работи и стремете се кон она што е скромно и просто. А кога ќе созрее душата, Бог ќе ѝ даде внатрешен мир. Господ сега само гледа на вас и сака што копнеете по Неговиот мир. Додека душата не стане зрела за Господа, Он повремено ќе ѝ дава да види дека е присутен секаде и дека сè исполнува, сиот свет, сета твар. Тогаш душата е толку радосна. Тогаш таа има сè. Но потоа Господ повторно се сокрива од нас за да копнееме по Него и за да Го бараме со сето срце.

Тешко е да се живее со ближните ако се впуштаме во мисловна војна со нив. Не е доволно само да се воздржуваме со зборови и дела од отворената војна. Ниту во мисловна војна не стапувајте со ближните. Од тоа се губи мирот во душата и љубовта кон ближните. На ближните не треба да им се спротивставувате ниту да ги убедувате. Тоа ништо не вреди, ништо нема да постигнете. Ближните треба само да ги сакаме заради Господа. Господ е и во нив (неверниците) бидејќи доколку не би бил во нив зарем би биле живи воопшто?

Немојте да им придавате толкаво значење на надворешните случувања. Повеќе бидете внатре, во срцето, со Господа, а нив пуштете ги. Вие само бидете љубезни, и тивки, и благи кон сите, без да обрнувате внимание на другото.

извадок од делото:

„Какви ти си мислите, таков ти е животот“

превел:

Петар М. Петковски,

дипломиран теолог

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s