Христос

Posted on Updated on

Иван С. Тургењев

581301_456978484332086_209776376_n

 

Се видов себе си млад, речиси дете во ниска дрвена црква. Пред дрвените икони со црвени дамки се топеа тенки восочни свеќи.

Прелевачкиот венец го опкружуваше секој мал пламен. Во црквата беше темно и матно и пред мене стоеше многуброен народ.

Сè руси, селски глави. Од време на време започнуваа да се свиваат, да се поклонуваат, па повторно да се издигнуваат, налик на зрело жито кога под него во бавен бран поминува летниот ветер.

Некаков си човек ми пријде одзади и застана покрај мене. Јас не се обратив кон него, но веднаш сфатив дека тоа е Христос.

Емоција, љубопитност, страв – веднаш завладаа со мене. Се присилив… и го погледнав својот сосед.

Неговото лице беше сосема обично, слично на сите човечки лица. Очите малку му гледаат кон височината, внимателно и нежно. Усните затворени, но не стиснати: горната усна небаре се одмора на долната. Малата брада раздвоена. Рацете склопени и мирни. И неговата облека како на сите луѓе.

„Та, каков ли е тоа Христос – си помислив – така едноставен, едноставен човек! Тоа просто не може да биде вистина!“

Се оттргнав. Но сè уште не го симнав погледот од тој едноставен човек, кога повторно се зачудив дека, имено, тоа е навистина Христос, Кој стои покрај мене.

И повторно се принудив…, та повторно го видов тоа лице, налик на сите човечки лица, ги видов тие обични иако дотогаш невидени црти.

И веднаш ми стана мачно – па си дојдов на себе. Дури тогаш сфатив, дека токму такво лице – налик на сите човечки лица – е лицето на Христа.

 

превод од руски јазик:

Даниел Јовановски

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s