Историја на евангелскиот текст

Posted on Updated on

 

7

Сите новозаветни свети книги се напишани на грчки јазик, но не на класичниот грчки, туку на александриското наречје, на народен грчки јазик, т.н. кини дијалектот, кој бил зборуван или во краен случај разбирлив од сите културни жители на источниот и западниот дел на тогашната Римска империја. Тој бил јазикот на сите образовани луѓе од тоа време. Евангелистите ги пишувале на тој јазик новозаветните свети книги, за да бидат тие достапни за читање и разбирливи од сите образовани граѓани.

При пишување биле користени само големите букви од грчката азбука, без интерпункција и дури без да се одделат зборовите еден од друг. Мали букви почнале да се употребуваат дури од IХ век, исто оттогаш е и оделувањето на зборовите. Интерпункциски знаци се воведени дури  по откривањето на типографија во XV век. Денешната поделба на глави била направена на Запад од кардиналот Гугол во ХIII век, а поделбата на стихови – од парискиот типограф Роберт Стефан во ХVI век.

Преку своите научници: епископите и превзитерите  Црквата секогаш се грижела за зачувување на текстот на светите книги од секакви искривувања, кои се секогаш можни, особено пред појавата на типографија кога книгите се запиувале и препишувале на рака. Постојат сведоштва дека над запазувањето на текстот во ракописите многу се труделе научници, апостолските мажи од христијанската древност, како и: Ориген, Исихиј, епископот Египетски, и Лукијан, презвитерот Антиохиски. Со пронаоѓањето на типографија започнало да се следи праксата  новозаветните книги да се печатат само од најдобрите и најпознатите антички ракописи. Во првата четвртина на шеснаесеттиот век се појавиле речиси истовремено две печатени изданија на новозаветнияот грчки текст: т.н. Комплутенска полиглота во Шпанија и изданието на Еразмо Ротердамски во Базел. Во минатото столетие треба да се одбележат како примерни, образовните делата на Тишендорф – издание, кое се јавило како резултат на споредбата на речиси 900 ракописи на Новиот Завет.

Овие искрени и критички трудови, а особено постојаната грижа на Црквата во која пребива и која се раководи од Светиот Дух, се доволна гаранција дека во денешно време поседуваме чисти и неоштетени на грчки текст  новозаветните свети книги.

Во втората половина на IХ век новозаветните свети книги биле преведени од словенските просветители, равноапостолните браќа Кирил и Методиј на словенски јазик, до одреден степен вкупниот  разбирлив за сите словенски племиња јазик, на кој се зборувало во околината на градот Солун, родното место на светите браќа. Најстар споменик на словенскиот превод,  кој стигнал до нашиве дни е резервиран во Русија – тоа е познатото Остромирово Евангелие, кое е наречено така, бидејќи било напишано за новгорогодскиот гувернер Остромир од ѓакон Григориј во 1056-1057 година.

 

превел:

Петар М. Петковски,

дипломиран теолог

 

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s