Кратка егзегеза на Господовата молитва „Оче наш“ – ( III ) – Дел – Заклучок –

Posted on Updated on

Славословие

кандилоо

„Зашто, твое е Царстовто и силата и славата во сите векови!“

Амин.

 Ова е славословие (благодарење), кон Бога. Иако ова ѝ е додадено подоцна на молитвата, сепак е нејзин составен дел. Ова е додадено со цел да му дадеме достојна почит и слава на Бога како вечен Цар, бидејќи Он е најмоќен и најславен.

Овие зборови најчесто ги кажуваат свештениците, додека понекогаш и мирјаните (лаиците).

Со зборовите „Зашто твое е Царството“ – се кажува за Божјото Царство, каде што на Царот, никој не може да му се спротистави. Тоа значи, дека нашиот искушувач му е покорен на Бога.

Зборот – „сила“ ја искажува Божјата семожност, а пак „славата“ – Божјата слава на небото и земјата, а зборовите „во вечни векови“ – значат дека Божјото царство, сила и слава се вечни.

 

Значи ние на крајот му сме целосно благодарни од дното на нашата грешна душа, на Бога, бидејќи Тој, ни е спасение и живот во сите векови.

 

АМИН !

 

 

Додаток

 

Со зборот – Амин (кој значи така нека биде или вистина е Бог), ние го запечатуваме изреченото во молитвата и даваме увереност и вистина во целосната вера во Бога.

 

  • Кога треба да ја кажуваме Господовата молитва?

 

Секогаш, а најмалку трипати дневно: при станување, пред ручек и пред спиење.

 

Со кажувањето на оваа молитва ние треба духовно да се издигаме и со неа да стануваме од сон и да легнуваме, а и да пребиваме низ текот на целиот ден.

Кој прави така ќе ја добие Божјата Премудрост и спасение и Нему Слава чест и поклонение во сите векови.

 

Амин!

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s