Денес Светиот Дух ја создава Црквата

Posted on Updated on

презвитер Филотеј Фарос

pedesetnica2_m

На Педесетница го славиме создавањето на Црквата, но во нашата епоха не е лесно да се слави овој факт, бидејќи тој има силно изразен антицрковен карактер. Ерата ни е индивидуалистичка и антагонистичка, епоха, која промовира нарцизам кај човекот и како резултат на тоа се создаваат и предусловите за отцепувањето од другите, а тоа и води до неговата изолација. Црковноста, наспроти тоа, е одраз на троичността на Бога, Кој како Бог на љубовта не би можел, макар и Еден, да биде монада, бидејќи треба да сака некој друг. Затоа Бог е заедницата, причестувањето, а Лицата, Кои учествуваат во заедништвото, си споделуваат  сè, освен Својот идентитет, Својата ипостасност. Бог му даде на човекот што го создаде според образот Свој – образ и подобие, црковност, која за него е исто, како што е троичността за Бога. Но со оддалечувањето од Бога,  на човекот му се менува Божјата икона во себе и ја заменува црковност, односно основниот белег на својата природа, барајќи  единство со другите луѓе, со индивидуализмот и нарцизмот, кои го одведуваат до смртта.

Христос, станувајќи човек, ја обновува човечката природа и така ја оживотворува повторно црковноста на човекот и ја прави реалност со основањето на Црквата. Затоа, Црквата не е администрација, организација или власт, но е заедница, собеседење, сопостоење, соучесништво, собирање, сопатништво (синод, гр јаз.). Ниту пак по претпоставка Црквата не е ни собирање на луѓе без допир помеѓу себе во храмот. Во Црквата луѓето споделуваат со другите за себе, животот, за времето, загриженоста, за креативноста, радоста, болката, тешкотиите, разочараноста, надежта, верата. Нема Црква таму, каде што секој се грижи единствено за себе, таму, каде што секој си ја чува за себе добрината, радоста, силата, верата, добродетелта и не ги споделува со другите.

Во Црквата, членовите на Црквата прават постојани напори да преминат од состојбата на демонски нарцизам во црковност, каде се одразува троичността на Бога.

Ако овие денови многу луѓе војуваат со Црквата како организација, тоа е воглавно, бидејќи денешниот човек е предводен од демонски нарцизам и затоа се плаши од црковноста. Тој може да зборува често за правична распределба на материјалните добра, но без да ја споменува љубовта. Под маската на материјалната еднаквост се крие стравот, кој го доживува, од самата можност да се споделат со некој друг. Затоа се обидува да ги трансформира и нај – личните односи во вид на трговска врска. Тој сака материјалната еднаквост да биде зависна, владетелно и изречено од некоја безлична моќ, за да се исклучи целосно елементот на личното учество, каде современиот човек јасно ја чувствува својата трагичната осакатеност. Но луѓето не можат да имаат општење еден со друг, единство, без да се обединети со Оној, Кој е Заедницата, Причестувањето, Единството. Не може да има вистинска заедница, без тоа да е во Црквата и без таа заедница да се има за своја душа Духот на Бога. Без Божјиот Дух не може да има Црква. Духот на Бога ја создава Црквата.[1]

Настанот на Педесетницата заедно со останатите нешта открива дека еден од првите плодови на Светиот Дух е можноста за општење. Човекот, кој го има духот на Бога, може да зборува и да го разбира јазикот на својот ближен, совладувајќи ја секоја пречка. Случајот со Вавилонската кула во овој поглед е спротивен на Педесетница во Божјото откровение. Во него се гледа токму како човекот се претвора во идол на самиот себе и така го губи духот на Бога, а заедно со тоа и можноста да зборува и го разбира јазикот на својот ближен. Хаосот, кој владее често во човечката комуникација е резултат на човечкиот грев. Бог не ги направил луѓето другојазични. Ако човекот не беше згрешил и не се беше лишил од Благодатта, сега целата земја ќе имаше една уста и еден глас.[2] Слабоста на човечката комуникација е плод на човечката егоцентричност. Оваа трагична реалност е причина за најтрагичната осаменост, која на крајот предизвикува најнеподносливо мачење за современиот човек. Духот на Бога ја обновува довербата и комуникацијата помеѓу луѓето, бидејќи не е дух на антагонизам, но е дух на дарување. Човекот, кој го поседува духот на Бога, не мисли, што ќе земе од другиот, но она што ќе даде. Не го гледа својот ближен како ривал, но како соработник. Тоа е атмосфера на целосна доверба, која нема потреба од внимателност и кодирани пораки. Тоа била атмосферата на Педесетница и затоа тогаш се дала на сите можноста да зборуваат и да ги разбираат сите јазици.

Христос го исполнил Своето ветување и во денот на Педесетница им Го испратил на Своите ученици Сесветиот Дух. Светиот Дух заживеа во апостолите, во Црквата и преку нив во сите, кои ја отвораат за Него вратата на својата душа. Преку Светиот Дух целото создание се обновува, преку Него секоја душа се оживотворува.

 

Светиот Дух е светлина и живот, и жив духовен извор: Дух на премудрост, Дух на разум, на добрина, на правда, на знаење, Кој владее, очистува гревови; Он е Бог и нас нè обожува; Оган Кој од Огнот исходи; Кој говори, дејствува, дарови разделува, преку Кого се овенчаа сите пророци и божествени апостоли со мачениците. Страшен шум, страшна глетка: Оган Кој се разделува заради раздавање дарови.

(Стихира од службата на Педестница)

 

превел:

Петар М. Петковски,

апсолвент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Извор : http://dveri.bg/k4prc ;

 

[1] стихира на вечерната во Неделата  на Педесетница ;

[2] Свети Јован Златоуст, слово 34 врз I Послание до Коринтјаните ;

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s