Кратка егзегеза на Господовата молитва „Оче наш“ – (II) – Дел – Прозби – (седум молби)= 2

Posted on Updated on

благодарност

Петта прозба

 

„И прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници“

Долговите (гревовите) пред Бога не можат целосно да ни се простат, бидејќи ние сме вечни должници и грешници на нашиот Бог. Иако ние добиваме прошка за гревовите, ако искрено се покаеме и исповедаме, но сепак тоа простување го добиваме не по наша заслуга, туку по наше залагање (преку : пост, молитва, покајание и исповед), а по Божја милост. Бог му проштева на луѓето поради Своето големо милосрдие и човекољубие.

Тука во оваа прозба – пред сè го молиме Бог да ни ги прости гревовите (долговите кон Бога), што сме ги направиле после светото Крштение, било да се смртни или безсмртни. – Значи се обраќаме кон сèмилостивиот Бог за да му се одолжиме и со надеж, дека ќе ни ги прости нашите безаконија или гревови.

Но, за да ни ги прости Бог нашите гревови треба и ние да и ги простиме на нашите ближни, кои ни згреиле, инаку, немаме право да бараме од Бога милост и добрина, а пред сè прошка за оние кои се непристојни кон Божјиот закон, бидејќи  Ако некој рече : Го сакам Бога, а го мразам својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, кого не го видел (Јн. 4, 20). Овие немаат прошка и не можат да пристапуваат, ни кон Светата тајна Евхаристија (Причест). – Значи прво да се измириме со луѓето (нашите браќа), па потоа и со Бога (нашиот заеднички Отец).

Значи, Бог нè сака и учи да бидеме кротки кон виновниците и кон злопамтивите, кон оние, кои на некој начин нешто згрешиле и бара да бидеме во   пријателство со луѓето и да немаме во срцето злопамтивост. Со секого да живееме во љубов и мир, да проштеваме за да ни биде простено и нам.

Со овие простувања, ние си го олеснуваме товарот пред Бога и луѓето. Со ова молење Бог нè ни ги простува гревовите нам, туку на сите што згрешиле, а во нивното срце имало место за покајание и прошка.

 

Шестта прозба

„И не нè воведувај во искушение“

 

Предходно се молевме Бог да ни ги прости гревовите, а сега да не запази од многубројните искишенија, со цел да не запази и да не ни се повторат нови такви гревови.

„И не нè воведувај во искушение“ Овие зборови значат Милостивиот да не – не допушта во искушение и во рацете на лукавиот ѓавол, кој искушува.

Искушението, пак не е грев, туку прилика и можност за грев, кон оние кои што се слаби во верата, но ова преставува и можност, пред сè и за зацврстување во верата, надежтата и љубовта (трите најголеми христијански добродетели) и утврдување во мерата Христа и во  Неговата вера и наука, како и за целосна победа на злото (демонот или сатаната), односно на искушувачот. Искушението преставува испитување на верата. – Или ќе паднеш или ќе добиеш зацврстување.

Бог често не испитува (пример : како Аврама и Јов) и допушта искушувачот да не искушува. Според Св. Писмо постојат два вида искушенија :

а) – Искушенија, кои доаѓаат преку нешто што ни е привидно   (пријатно) во моментот.

Во овие искушенија луѓето влегуваат доброволно. Такви гревови се : пијанството, прељубодејството, блудството, крадењето, дрогата, лажењето, убиството и многу други.

б) – Искушенија кои што доаѓаат од Бога, преку нешто непријатно, жално и болно. Тие искушенија се со Божја промисла, без наша волја.

Но, и ние трба да се трудиме постојано да ги отфрламе искушенијата, односно да не паѓаме во грев. Искушенијата обично доаѓаат од :

а) –  ѓаволот, кој со неговото лукавство и злоба е постојан искушувач и за нас, а истиот го искушувал и Господа наш Иисуса Христа, Кој рекол дека : „Ѓаволот е човекоубиец од века“ (Јн  8, 44).

б) – искушенија кои што доаѓаат од светот, кој лежи во зло, уште од првородниот грев на нашите прародители Адам и Ева и кој не трга и соблазнува со сета негова сила и до ден – денес.

в) – од лошите луѓе и нивните лоши мисли, дела, а и помисли.

г) – и од нашето сопствено грешно тело – преку срастите, пахотите и лошите желби.

Секој е искушуван, па дури и Спасителот Г.И. Христос. Но, треба да се прави разлика: едно е да бодеш воведен во искушение, а друго е да бидеш искушуван.

Бог никогаш не нè искушува, Он само допушта да бидеме искушувани сè со цел да ја испита нашата вера кон Него. Но, сепак голема е и разликата помеѓу Божјите допуштања и искушенијата од ѓаволот.

Бог кога допушта страдања тоа го прави за наше добро, за да не поучи и зацврсти во својата  Спасоносна наука. Он ни дава и сила и здравје за да истрпиме, а воедно и да победиме.

Ѓаволот, пак, нè искушува со гревови, пороци и на  други разни начини и средства сè со цел да нè направи негови нечисти и слаби, а главна цел му е де не одалечи од Законот Божји, односно од Бога и Неговиот пат кон спасението.

– Но ѓаволот му е покорен на Бога и трепери пред Него. –

Значи, без Божјо допуштање ѓаволот не може да дејствува. Затоа ние го молиме Бога со својата голема милост, пак да нè избави од ѓаволот и да издвојуваме голема победа над искушенијата. А, сето тоа можеме да го издвојуваме и добиеме, ако бидеме верни на Бога и преку секојдневни молитви кон Него.

Затоа молејќи се со зборовите – „И не нè воведувај во  искушение“, ние како да велиме „Оче наш“ спаси нè од искушенијата, кои можат да нè снајдат, а кои не можеме да ги поднесеме и надминеме, а при секое искушение не – нè оставај без Твојата голема  милост и помош.

 

Седма прозба

„Но избави нè од лукавиот“

 

Со оваа прозба, значи Го молиме Бога да нè избави од сè она што е лошо и погубно за нашата душа и тело.

,,Лукавиот – е ѓаволот. Тој е лукав не по својата природа, туку по својата слободна волја. Од Бога бил создаден добар, но подоцна, по својата слободна волја постанал лош и лукав. Но е речено „избави нè“ од лукавите, туку од лукавиот, поради тоа да не се мисли на луѓето, бидејќи тие не се виновни, оти во основа ѓаволот е виновник за секое зло.

Овде уште се молиме Бог да не избави од секакво зло, а пред се од ѓаволот, кој е творец на злото и едниствен непријател на човекот. Затоа велејќи „но избави нè од лукавиот“ бараме Божја помош и покровителство со цел да не зачува од секакво зло, бидејќи само Бог може да го победи ѓаволот.

Како што во почетокот на молитвата изговараме „Оче наш“, а не мој, и долговите наши, а не мој, потоа „лебот наш“ така и сега велиме „избави нè“ нас, а не мене. Значи оваа молитва има вселенски карактер, бидејќи се молиме еден за друг и бараме помош и застапништво еден за друг – и сега и секогаш и во сите векови. Амин.

продолжува…

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s