Кратка егзегеза на Господовата молитва „Оче наш“ – (II) – Дел – Прозби – (седум молби)= 1

Posted on Updated on

– Прозби –

(седум молби)

Богослужение

a) – „Да се свети името Твое“ ;

б) – „Да дојде царството Твое “ ;

в) – „Да биде волјата Твоја“ ;

г) – „Лебот наш насушен дај ни …“ ;

д) – „И прости ни ги долговите наши …“ ;

ѓ) – „И не нè воведувај во искушение“ ;

е) – „Но избави нè од лукавиот“ ;

Во првите три прозби се молиме за она што е Божјо (името, царството и  волјата), односно за небесните дарови, а додека во останатите прозби за она што е наше (лебот, долговите …), односно Бог ги има во предвит нашите телесни потреби, па затоа оваа молитва содржи сè што ни е нам потребно за живот.

Прва прозба

 „ Да се свети името Твое“

Ова е првата прозба во молитвата и уште на почеток треба да се научиме дека при нашето молење не треба да бараме ништо друго пред славата Божја или најнапред да ја бараме славата Божја, а потоа  сè друго.

Преку Божјото свето име се извршуваат сите свети тајни и се осветуваат, бидејќи Бог е свет, сèсвет и посвет од сите светии.

Овие зборови значат и ни објаснуваат дека ние треба да го прославуваме името Божјо и да ја соопштуваме Божјата светост. Јасно е дека кон она што е свето, ние треба и се однесуваме со стравопочит.

Со ова уште се молиме на Бога за нас за да ни даде побожен живот и истиот да ни биде за слава Божја, па да правиме само добри дела, преку кои ќе се прослави Господовото свето име.

Ние се молиме и за оние кои не веруваат и хулат на Господа, пред сè за да го запознаат Неговото свето име, бидејќи само така можат да се спасат.

Значи ние, преку оваа молитва се молиме за името Божјо де биде распространето, прославувано и почитувано од сите луѓе.

Ние, христијаните треба постојано да го славиме нашиот Бог, со сè наше, па само така ќе се засветлиме во вистинска духовна смисла.

 

Втора прозба

 „Да дојде царството Твое“

Молејќи се преку оваа прозба или молба, всушност се молиме и бараме од Бога да ни го даде најсовршеното царство во кое ќе владее правдата, мирот и благодата, која ќе ја суди и спроведува Најсовршениот владетел, а тоа е Бог и Божјото Царство.

Преку ова се молиме и за трите Божји царстава, да се распространат низ целиот свет, како и нивната света наука. Тие три царства се :

а) – Црквата Христова – која претставува видливо Божјо царство – да се распространи и да ги опфати сите;

б) – Царството на Божјата благодат – ова е невидливо царство, кое треба да дојди и да зацарува во нас;

в) – Идното царство на славата Божја ќе настапи при крајот на светот и по Страшниот Божји суд – за да станеме членови на тоа царство;

Преку овие три царства го молиме Бога што побргу да стапи Неговото Второ доаѓање и воскресение на верните и последниот суд.

Со оваа прозба ние се молиме и за нашите души, за да добиеме хармонија, единство и усогласеност меѓу разумот, срцето и волјата за да влеземе со една мисла и достојно во Божјото царство, подготвено за оние, кои го љубат. Исто така треба само чисти и покајани да го бараме царството Божјо и  да го чекаме Второто Христово доаѓање.

Значи и својствено е чистата душа со стравопочит да го чека Небесното царство. Ова доаѓање на царството е желба на христијаните, а заблуда на грешникот и незнабожецот, а и конечна победа над демонот и сатаната и конечен крај смратта и борбата помеѓу духовното и матријалното.

 

Трета прозба

„Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“

Отакако се молевме за доаѓањето на царството Божјо и Небесно – царството на идниот вечен живот, ние треба да го пречекаме духовното, односно да живееме на земјата, а да мислиме дека живееме на небото (во небесниот, вечниот живот). Значи живеејќи на земјата треба да се обидуваме да се стремиме и постигнуваме духовните совршенства на небесните сили, односно јасно кажано да бидеме земни жители со небесни постапки, мисли и дела.

Со оваа прозба се молиме и Бог да ни ја даде Својата благодатна помош, за да ја исполнуваме Неговата света волја на земјата, онака како што анѓелите ја исполнуваат на небесата.

Значи со оваа молба се молиме да ја примаме, прифаќаме и исповедаме волјата и заповедите Божји, исто како што анѓелите ја исповедаат на небесата.

Со крајот на оваа трета прозба завршивме да се молиме за она што е Божјо (името, царството и волјата), а во наредните четири прозби почнуваме да се молиме за нашите потреби.

 

Четврта прозба

„Лебот наш насушен дај ни го денес“

Со оваа прозба почнуваме да се молиме за потребите на земниот живот, додека во првите три прозби за Божјото име, царство и волја, односно во првите три за небесните дарови, а сега Бог ги има во предвид нашите телесни потреби, па затоа го внел барањето на „леб“ – основната храна за живот.

Ние овде исто како „Оче наш“ велиме „лебот наш“ и тоа значи дека ние не се молиме само за нас, туку за сите наши браќа и сестри.

Со зборовите „лебот наш насушен дај ни го денес“, ние искажуваме дека без Божјата милост и човекољубие не можеме да поживееме ниту една секунда и ден на земјава, бидејќи Он е храна и живот и без Неговата помош (науката) не можеме да се развиваме, па ни да живееме.

Под зборот „леб“ се подразбира сè она што ни е потребно за живот, за одржување на телесната и духовната благосостојба – двете составни делчиња на нашето битие и сè што ни е потребно за секојдневниот живот.

Со зборот „насушен“ го бараме најопходниот леб, што ни е потребен за живот, односно и за потребите од храна и облека, а со ова покажуваме мала скромност.

А, пак со зборовите „дај ни го денес“ го молиме Бога да ни даде сè што ни е потребно денес, за овој ден, а додека за утре и за понатаму –  дали  ќе бидеме живи.

Така,  молејќи се преку оваа молитва, ние го молиме Бога секој ден да ни го даде потребното и основното.

Второ ние преку оваа прозба се молиме и за светата тајна Причест, каде се вели : „Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, тој е во мене и Јас сум во него“. За да го примиме достојно тоа пресвето јадење се молиме во овој дел од молитвата.

Светите отци учат и велат дека под зборот „леб“ се мисли и подразбираат два вида леба: матријален и духовен – и едниот и другиот ги добиваме по Божја милост.

а) – Матријалниот од земјата по Божји благослов и истиот е храна на душата.

б) – Духовниот леб е спасоносната наука, Божјата благодат, светата Причест и лебот Господов.

 

Скромно и правилно христијански е кога не бараме во молитвата од Бога раскош и богатство, туку само неопходното : леб за нахранување, вода за пиење, воздух за дишење, облека за покривање на грешното тело и покрив на главата, односно да ги бараме основните работи, кои навистина се потребни за нашиот привремен живот на замјата.

продолжува…

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s