Кратка егзегеза на Господовата молитва „Оче наш“ – (I) – Дел – Призив –

Posted on Updated on

Богослужение 13

Призивот – (призивање или повикување) се состои од повикување на Бога и тоа е искажано со зборовите:

 „Оче наш, Кој си  на небесата“

Со овие зборови ние Го повикуваме и Го презиваме Бога, нашиот Отец.

Во првите два збора „Оче наш“ се искажани две значајни мисли :

а) – Со зборот „Оче“ се кажува дека Бог е Отец, дека Он е Татко на сите, бидејќи Он го создал светот и луѓето, а и управува и не држи и сака, та и  Единородниот Свој Син не го поштеди од големата љубов кон нас, кои сме синови Твои.

б) – Со зборот „Наш“ се кажува дека сите сме браќа, бидејќи сите сме синови Божји.

Овие две мисли се основни и не поврзуваат и со Бога и со луѓето, пројавувајќи љубов помеѓу себе. Ова произлегува и од сите наши благоугодни, евангелски и човекољубиви мисли, помисли, зборови, постапки, однесувања и дела.

Затоа кога ги изговараме зборовите „Оче наш“, ние треба да мислиме на Бога како на наш Отец, а на луѓето како на свои браќа.

А, пак зборовите „Кој си на небесата“ не го определуваат местото на Бога, бидејќи Он е секадеприсутен, туку овие зборови значат : Ти си Бог вистински! Овие зборови се употребуваат да не се направи конфузија меѓу Него и родителите.

Зборовите, пак „на небесата“ нè потсетуваат дека при молењето треба да заборавиме на земните (телесни и матријални), туку да мислиме на небесните (духовни) работи.

Треба уште да знаеме дека молејќи се преку оваа молитва, ние се молиме не само за нас, туку за сите наши браќа. Поради тоа ние на велиме „Оче мој“, туку „наш“ и затоа оваа молитва е сенародна или сеопшта.

продолжува …

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s