Кратка егзегеза на Господовата молитва – „Оче наш“

Posted on Updated on

5098-malo-osvetuvanje-na-noviot-crkoven-hram-sv.petka-vo-naselbata-tocila-vo-prilep-960x600-9Господова молитва

„Оче наш“

( Матеј: 6, 9-13 и Лука: 11, 2-4 )

 

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должниците, и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот.

Зашто Твое е царството и силата и славата на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.

АМИН !!!

Општо

Оваа молитва е општа, сенародна и основна, бидејќи таа е најважна молитва за христијаните. Таа е основа на духовниот живот и е најдобар образец за молење и затоа е присутна при секое богослужение.

Оваа молитва се нарекува и Господова молитва, бидејќи лично Самиот Господ Исус Христос ја изговорил на Елеонската гора.

„Оче наш„ – е куса молитва од седумдесет зборови, но во неа е изложена една целокупна богословска наука. Таа ги содржи најголемите вистини и уште се нарекува и „скратено Евангелие“. Всушност е еден вид на „Устав за човечкиот живот“ на земјата и тоа свет, праведен и непроменлив „ устав “, кој важи и ќе важи за сите луѓе и за сите времиња.

Иако е кратка, таа го содржи сето Христово учење, а исто така во себе содржи сè што треба да молиме од Бога. Тука се собтани сите наши желби и потреби и затоа оваа молитва е употребувана уште од ранохристијанскиот период.

За да можеме да ја изговараме оваа молитва и да Го нарекуваме Бога Отец и да го повикуваме на помош, треба да бидеме членови на едната, соборна, апостолска и света Православна Црква, бидејќи е речено : – „Кој не ја признава Црквата за мајка, тој не може да Го има ни Бог за свој Отец, па ни да се моли кон Него“.

Ние христијаните треба да ја кажуваме оваа молитва најмалку три пати дневно како главна молитва.

Молитвата „Оче наш“ се состои од три дела :

 

– (1) – дел : Призив – („Оче наш, Кој си на небесата“), повикување на Бога Отецот.

– (2) – дел : Прозби – (седум молби), во првите три се молиме за она што е Божјо (… името Твое ; … волјата Твоја ; … царството Твое;), а во другите четири, за она што е наше (… лебот наш; … долговите наши; … не нè воведувај во искушение; … но избави не од лукавиот;).

– (3) – дел : Заклучок – (славословие), тоа е крајот на молитвата и завршува со слави и пофалби кон Бога (Зошто Твое е царството и силата и славата…)

 

Оваа молитва како општа и сенародна е мошне застапена, а молејќи се преку неа, ние се молиме за целиот народ, затоа што сите сме едно.

продолжува …

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s