За Божествената литургија

Posted on Updated on

10609481_784842311554265_4332466019127089427_n

 

Божествената литургија е центарот на православниот христијански живот. Таа е тајна над тајните или да го употребиме потрадиционалниот православен израз мистерија над мистериите. Зборот тајна помеѓу православните обично е мистерија.

Централна Света Тајна на Православната вера е службата на Светото Причестување наречена Евхаристија. Како зборови – литургија значи општо дело, а евхаристија значи благодарење.

Првото дејствие на литургијата е собирањето заедно. Крстените и миропомазаните се собираат на едно место. По општата молитва на Црквата наречена Голема ектенија, преку која се прават молби за сите суштински елементи во животот. Исто така се пејат и библиските псалми и словото Божјо се претставува на верните. Овде нагласокот (акцентот) е на апостолот, евангелието и беседата.

Потоа следи пренесувањето на лебот и виното како принесување на самите себе и нашиот свет на Бога во Христа. Ние го молиме Бога да не прифати нас и нашите дарови (лебот и виното), љубејќи се еден со друг и исповедајќи ја Православната вера, Никејско-Цариградскиот символ на верата, кој што ние или нашите кумови за нас го изјавиле при нашето крштение.

Ние тогаш се принесуваме себеси и нашите дарови  на Бога во Христа во сеќавање („…правете го ова за мој спомен! – Лука 22,19) на сé она што Тој стори за нас: крстот, гробот, воскресението, вознесението на небесата, седењето од десната страна на Бога Отецот и Второто и славно доаѓање, повторно.

Тогаш го повикуваме Светиот Дух „да дојде врз нас и врз нашите дарови “ и да ги направи нив Тело и Крв (Лука 22,19-20) на Христа и да ни го даде нам опитот (Лука 22,28-30) на Царството Небесно. На тој начин ние и ги примаме назад нашите дарови од леб и вино како дарови на светото Причестување (заедничарење, општење) со Бога Отецот преку Христа и Духот Свет.

По ова, конечно ние заминуваме во мир да го сведочиме во светот Царството Божјо, кое што ни беше даровано нам, повикувајќи ги сите луѓе во ова единство со Бога и еден со друг со Него.

Православните ја слават оваа тајна на Царството Божјо, Божествената литургија секој Господов ден и на празниците и посебните пригоди. Тоа е живо искуство на она за што целото христијанство и навистина целиот живот, всушност постои.

Да, секако, литургијата е централното откровение на христијанската тајна и во неа целото православие е некако содржано, запамтено и дадено на нашиот жив опит. Сите икони, одеждите, свеќите, пеењето… сè земено заедно во хармонија и единство служи да разоткрие само едно нешто:

 

„Човекот е создаден за Бога и својот идентитет,исполнување (полнота) и совршенство ги наоѓа во Него“.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s