Зарем нема сето тоа да го претрпиш заради Мојата љубов?

Posted on Updated on

старец Јосиф Исихаст

download

            Ништо не може толку да помогне во сузбивањето на гневот и на останатите страсти, како љубовта кон Бога и секој ближен. Полесно ќе победиш со љубовта отколку со други подвизи. Дури ни во подвигот не се чуствува болка кога љубовта господари со умот. Од таа причина љубовта никогаш не престанува, затоа што кормилото на својата душа постојано го управуваш кон неа. И што и да се случува, ти повикувај: Поради Твојата љубов, Исусе мој, слатка љубов, ќе поднесам исмевања, укори, неправда, напори и секаква неволја која ќе ми се случи. Штом тоа го помислиш, бремето на душевната мака ќе стане полесно и демонското огорчување че престане.

Да ти раскажам една вистинска случка. Еднаш, после страшни и непрестајни искушенија, бев натежнат од тага и униние, и зедов да се судам со Бога дека тоа е неправедно. Се жалев дека ми допушта толкави искушенија и дека воопшто не ги допира, така што не сум во состојба ниту да здивнам. Во тоа огорчение во себе чув многу сладок и сосема јасен глас, кој со најдлабока сострадалност ми се обрати: Зарем нема сето тоа да го претрпиш заради Мојата љубов? Кога го чув тој глас, бликнав во плач, каејќи се за малодушноста што ме обзеде. Никогаш нема да го заборавам тој толку сладок глас, така што во истиот момент го снема и искушението и сето униние што го чуствував.

Зарем нема сето тоа да го претрпиш заради Мојата љубов?

О, навистина слатка Љубов! Заради Твојата љубов ние се распнуваме и се поднесуваме!

Тој брат ми кажуваше дека тагувал за некој брат, кој тој го советувал, но овој не го слушал. Тоа многу го жалостело, и еднаш, во молитва, бил вознесен во видение. Го видел Господ прикован на крст, целиот облеан во светлина. Христос ја свртел главата кон него и рекол: Еве што сум поднел заради твојата љубов! А ти што си претрпел? И со тие зборови тагата изчезнала. Се исполнил со мир и радост и проливајќи потоци од солзи, се чудел и сеуште се чуди на снисхождението на Господ, Кој допушта жалости, но праќа и утеха кога ќе види дека омалаксуваме.

Затоа, не паѓај со духот. Во време на жалости и искушенија не очајувај, туку со љубовта на нашиот Исус, ублажи ги гневот и унинието.

 

Извадок од осмото писмо од книгата – Изложување на монашкиот опит.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s