Бог се гледа само низ солзи

Posted on Updated on

Беседа за неделата по празникот

Рождество Христово

Божик

 

                                        Евангелско четиво: (Мат. 2, 13-23);

12.26_sv_Josif_obruchnik_17v_athos 

 

А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосиф на сон, велејќи: Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.

(Мат. 2, 13)

 

Возљубени во Господа, браќа и сестри,

Тоа што свети Јосиф бил предупреден на сон од ангел за надвиснатата опасност над Богомладенецот, сосема не значи дека треба да веруваме во соништата. Тоа соновидение е необично, чудно и било дадено на свет и праведен човек,а ние сме грешни луѓе, кои сонуваат нечисти сонови, или барем соништа без никакво значење. Освен тоа соновиденијата на Јосиф и мудреците имаат особено значење за целиот човечки род и се однесуваат на важните настани од домостројот на нешето спасение. Нашите соништа се многу мали: лош плод и одраз на нашите грешни дела, чуства и мисли од предходниот ден. Премудриот Исус, синот Сирахов, има таква изјава за соништата:  Глупавиот човек празни надежи има, од соништата безумните добиваат крилја. Каков што е оној што гушка сенка и што ветер гони, таков е и оној што во сништа верува. Баење, предскажување и соништа- сето тоа е суета; срцето се полни со желби како кај родилка. Соништата многумина збуниле; пропаднале и оние што во нив се надевале.  (Сир. 34, 1-2; 5, 7).

Не треба да веруваме и на визиите, освен на оние за кои читаме во Св.Писмо и во житијата на светиите. Ние не можеме да се мериме со светиите, затоа кога ќе чуеме за разни современи јасновидци или дека на некоја и се јавило тоа или предскажало тоа не треба да веруваме. Во последно време на религиозниот книжевен пазар  се појавуваат како црви на буниште многу книги за разни нови старци и старици со опишани десетици и десетици „визии“, како тоа да е значително во духовниот живот. И знаете ли што се добива? Многу од нивните читатели потоа почнуваат да веруваат во „визии“. Но што гледаат? Гледаат демони, кои ги имитираат грубо сликите на Христос, Богородица, ангелите и светиите. Уште св. апостол Павле предупредувал за таа погибелна опасност, пишувајќи им на Коринтјаните:  И не е за чудење ! Па и самиот сатана се преправа во ангел на светлината … (2 Кор. 11, 14), но ако и ние самите, или пак и ангел од небото ви проповеда нешто спротивно од она што ви го благовестевме ние, нека биде проклет ! (Гал. 1, 8).

Свети Варсануфриј вели: божествените јавувања се случуваат само на светии. Грешниците не треба да  веруваат на таквите јавувања, знаејќи за својата недостојност. Осквернетата душа – зборува светиот Исак Сирин – не влегува во чистото Царство и не општи во заедница со светите духови.

Колку е погубно да се верува во соништа и визии сведочи и следниот пример предаден од свети Исак Сирин: Некој си Асинас, родум од градот Едеса, писател на многу духовни песни, кои се пеат и сега, со добар (на прв поглед) живот. Тој непромислено си поставил многу тешки подвизи со тајна мисла да стекне слава. И бил прелажан од ѓаволот: ѓаволот го извел од ќелијата и го поставил на врвот од некоја голема планина и предходно добивајќи негова согласност му покажал слика на кола и коњи, при што рекол: Бог ме испрати да те земам во рајот, како Илија. Асинас подпаднал на заведувањето и се качил на колата. Тогаш паднал од голема височина на земјата и загинал од смрт – достојна за плач и во исто време и за смеа.

Од овој пример се гледа дека причини за духовна прелест се гордоста и суетата. Свети Јован Лествичник пишува : Кога демонот на гордоста ќе се утврди во своите служители (вработени), тогаш се јавува како светол ангел или како на јаве, им принесува откровенија на тајни или благодатни божем дарови, па откако ќе се прелажат тие се опрелестени совршено и го губат умот.

Од болеста на духовната прелест страдаат сектите, кои се издигнуваат себе си над светите отци и Црквата. Духовно опрелестени се и сите магионичари и бајачки, кои мислат дека Бог дејствува во нив, а всушност тоа е ѓаволот. Но, од духоивна прелест можат да се разболат и православните, кога ќе почнат да веруваат на соништа, сторенија и хороскопот, кога ќе почнат да ги оспоруваат светите отци и формулираните од нив Божествени догми, црковни правила и канони. Духовно опрелестени се исто така и оние, кои го слават и нашето православно учење, и разните, туѓи и инославни вери и обичаи, на пример римокатолиците и протестантите.

Кои уште се во прелест? Оние, кои се занимаваат со несвојствени за нивниот пол позив, или служба и работа. На пример жени да проповедаат в Црква, старици да го учат свештеникот „што треба, а што не треба“ ;  „ревнителите“ или да дефинираат, кој ќе се спаси и кој ќе загине, и многу др.

 

Браќа и сестри,

Да ги видиме своите гревови – ете тоа е единственото благодатно видение, кое Црквата ни го овозможува, па и препорачува. Тогаш и ѓаволот ќе остапи од нас и нема да не искушува со никакви соништа и визии. Кој ќе го усвои (апсорбира) тоа духовно искуство (уметност) да ги гледа своите гревови, тој е блиску до смирението, а против смирението –  ѓаволот неможи да се протиставува.

Нека Богомладенецот Христос нè благослови да Го гледаме со солзите на своето срце, со покајните солзи на внатрешниот човек, и тоа ќе биде најголемиот подарок од небото за нас, осиромашените при вера и добри дела!

Да се помолиме на Господа  да нè удостои да Го видиме таму – во Неговото Небесно Царство, а не тука со овие посмртни сетила, зашто со нив човек не може да го види Бога и да остане жив (Исх. 33, 20).

Амин !

 

 

 

Наслов на изворникот :

http://www.plovdivskamitropolia.bg/newsshow.php?idd=139

                                                                                                                                                                                                    превел:                                                                   Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s