Во очекување на Богомладенецот

Posted on Updated on

Беседа за неделата пред празникот

Рождество Христово

(Божик)

 

                                              Евангелско четиво:  ( Мат. 1, 1-25 );

 mudrecite-700x459

 

Таа ќе роди Син и ќе Го нарече со името Исус, зашто Тој ќе го избави народот Свој од гревовите негови

( Мат. 1,25 )

 

Благочестиви православни христијани,

 

Наближува светлиот празник – Рождество Христово. Ние со трепетна радост  очекуваме голема средба : средба со витлеемскиот Богомладенец. И како што прилега да се подготвуваме да го пресретниме Христа Господа во најдобар можен начин: со пост и засилена молитва, со исповед при свештеникот и причест. Суетна е трескавичната подготовка на божикните подароци, бидејќи немаат  никакво особено значење за настојниот празник. Важно е каков подарок ќе принесеме ние на Христовото доаѓање. Во врска со тоа св. Григориј Богослов вели : да не празнуваме телесно, туку божествено; не световно, а духовно …

Како да го исполниме ова ? – Да не ставаме венци на куќите, да не собираме весели компании, да не се презаситуваме со очите, да не го затупуваме слухот со музика, да не го осквернуваме вкусот, нарушувајќи го постот и со прејадување – тоа се кратките патеки на порокот, тоа се вратите на гревот ! Бог постана човек, Словото добива тело, невидливото станува видливо, Синот Божји станува син човечки – да го приготвиме патот Господов во душите и животот !

Треба да размислиме, кога Богомладенецот ќе дојде – има ли каде да го сместиме ? Св. Јован Златоуст поучува : Христос е пред вашите врати – отворете Му; вие треба да Му ја дадете најубавата соба, а Он ве моли само за еден агол ! Сместете Го каде што сакате – во задните соби со слугите, во бараките, во коњушниците со вашите магариња и коњи – само прифатете Го !

Сместете Го каде што сакате во домот на своето срце – само таму нека биде чисто, бидејќи никој блудник, или нечист, или користољубец, кој е идолополоник нема наследство во царството на Христа Бога           ( Ефес. 5, 5 ). Сместете Го каде што ќе посакате во храмот на својата душа, само гледајте таа да не е претворена во разбојничко дувло (Мк. 11, 17 ) на зли страсти и непокајани гревови …

Богомладенецот Христос доаѓа и треба да внимаваме како ќе Го пресретнеме. Зашто и сега има Иродовци, кои сакаат да Го убијат – тоа се многуте развратници, кои го користат настојниот празник за да организираат безпотребни средби, блудни забави и срамни веселби. Ние, пак, кои сакаме да го следиме примерот на тројцата мудреци – да ги принесеме своите дарови : не злато, бидејќи сме сиромашни на доблести, а само една или  две лепти.  Двете лепти : на постот и молитвата ! Не ливан  ( миро ) и смирна ( темјан ), бидејќи тие се дарови, кои ги принесуваат праведниците, а ние сме грешни луѓе. Нашите ливан и смирна, кои Господ милостиво ќе Ги прифати се покајанието и солзите …

Да внимаваме, и не како првосвештениците и книжниците во тоа време и ние да не разбереме дека Младенецот се родил. Тоа може да се случи, ако, сме заспани во своите земни дела и не обрнеме никакво внимание на Божикниот  празник, ако до тој ден не сме се исповедале и причестиле, ако не сме постеле за време на Божикниот пост и ако се подготвуваме да празнуваме не духовно, а како сите други светски луѓе. Но да Го пресретнеме Богомладенецот како и простите витлеемски пастири, кои откако разбрале дека Христос се родил, оставиле сè и отишле да Му се поклонат. Отишле да Му се поклонат, славејќи и фалејќи Го Бога за сè што чуја и видоа, како што им беше кажано ( Лк. 2, 20 ).

Да го искористиме настојниот светол празник за да постанеме Богопримци и Богоносци преку усвојувањето ( примањето ) на Господа Исуса Христа, преку св. Причест, за да можеме како и св. праведен Симеон да кажеме : Сега го отпушташ Твојот слуга, Владико, спорет зборовите со мир, зашто очите мои го видоа спасението Твое, што си го приготвил пред лицето на сите народи, светлина за просвета на незнабожците и слава на Твојот народ Израилот ( Лк. 2, 29 – 32 ).

Христос доаѓа, а нема каде главата да ја засолни ( Мат. 14, 20 ). Да Му приготвиме пештера и јасли во нашиот град или село, во нашата парохија, во нашиот храм, во нашиот дом … Пештера на молитвена осаменост, јаслите на непрестајна Исусова молитва ! Богомладенецот ќе се роди, а светот Му подготвува камења за каменување, бич, трнов венец и крст за распнување … Ние, пак, сакаме да Го пресретнеме со леб и сол, со целование и цвеќиња. Со лебот и солта на благодатта на Светиот Дух, со бакнежот на синовската љубов, со цвеќињата на христијанските добродетели … Уште не е доцна , свадбениот дом сè уште е отворен, вратите уште не се заклучени … Побрзајте !

 

 Браќа и сестри,

Во oчекување на Богомладенецот ние се подготвуваме за возбудлива и радосна средба и со Неговата Пречиста Мајка – Богородица и секогаш Дева Марија. Тоа е сосема природно и закономерно, бидејќи каде и да е Младенецот, таму е и Мајката и почитувајќи Го Синот, ја почитуваме и Мајката. На Христа Господа ние со благодарно срце Му се обраќаме:  Блажена е утробата, која те носела и градите,  кои те доеле! (Лк. 11, 27 ). А, самата Богородица ја величаме вака:  Радувај се благодатна Господ е со тебе; благословена си Ти меѓу жените и благословен е плодот на Твојата утроба … ( Лк. 1, 28,42 ).

Во очекување сме и на оваа Божикна средба, надевајќи се дека Господ Бог и сега ќе го спаси народот свој од неговите  гревови ( Мат. 1, 27 ). Негов сме и род ( Дела. 17, 28 ), род избран, царско свештенство, народ свет, луѓе стекнати ( Петр. 2,9 ), само смелоста и надежта со која се фалиме да ја почитуваме цврсто до крај ( Евр. 3, 6 ).

Да го завршиме ова слабо слово со силните и божествени зборови од празничниот кондак на Рождеството Христово :

Дева денес Го раѓа Предвечниот:
земјата, на Непристапниот,
пештера Му принесува,
ангелите со пастирите славословуваат,
а мудреците со ѕвездата патуваат.
Зашто, заради нас, се роди
Дете младо – Предвечниот Бог.

Амин !

 

 

Наслов на изворникот :

http://www.plovdivskamitropolia.bg/newsshow.php?idd=134

превел:

Петар М. Петковски,

студент при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s