Од сокровиштето на наследството од светите Оптински старци

Posted on Updated on

svetite_optinski_starci

Од поученијата на преподобен Лев Оптински

Кога немате мир во себе – знајте дека немате смирение. Тоа Господ ни го јави со следниве зборови кои истовремено покажуваат всушност и каде да го бараме мирот: „Поучете се од Мене, бидејќи јас сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши“ (Мат. 11:29).

Од поученијата на преподобен Мојсеј Оптински

Ако некогаш на некого му укажеш малку милост – заради тоа ќе бидеш помилуван.

Со тоа што сочувствуваш со оние што страдаат (иако тоа се чини ништожно) – се причислуваш кон светите маченици.

Ако му простиш на оној што те навредува, не само што ќе ти се простат гревовите, туку ќе станеш и чедо на Отецот Небесен.

Ако од срце се помолиш за спасение, макар и сосема кратко, ќе се спасиш.

Ако се укориш, обвиниш и осудиш пред Бога за гревовите на твојата совест, и за тоа ќе бидеш оправдан.

Ако ги исповедаш пред Бога гревовите – за тоа ќе добиеш награда и простување.

Ако тагуваш заради своите гревови или се сокрушиш, или просолзиш или воздивнеш заради нив, воздишките ти нема да се скријат од Него: „Не се сокрива од Него, – вели свети Симеон, капката солза, ни капка во покајание”. А свети Јован Златоуст вели: „Ако си спомнуваш само на гревовите, Он ќе го прими тоа за твое спасение.“

Од поученијата на преподобен Макариј Оптински

На прашањето, во што се состои среќниот живот, во блесокот ли, славата и богатството ли, или во тивкиот, мирен, семеен живот, ќе речам дека се согласувам со второто и дури ќе додадам: животот кој минува во чиста совест и смирение принесува мир, спокојство и вистинска среќа. А богатството, честа, славата и високото достоинство често бидуваат причина за многу гревови и не носат никаква среќа.

Од поученијата на преподобен Антониј Оптински

Каква и тага да те сполета, каква и непријатност да ти се случи, ти само кажи: „Ќе го запазам тоа за пред Иисуса Христа!“. Само речи го и ќе ти стане полесно. Зашто името на Иисуса Христа е силно. Пред него сите непријатности стивнуваат, бесовите исчезнуваат. Стивнува и твојата досада, се смирува твоето малодушие, само со тоа што го провторуваме најблагото име Негово. Господи, подај ми да ги видам моите прегрешенија; Господи, дај ми трпение, великодушност и кроткост.

Од поученијата на преподобен Иларион Оптински

Црквата за нас е земно небо каде што Сам Бог невидливо присуствува и ги гледа оние пред него, затоа и во црквата треба да се стои стројно, со големо благоговение. Да ја сакаме црквата и кон неа да бидеме срдечни; таа ни е надеж и утеха и во радост и во тага.

За да ги ободри оние што тагуваат, старецот често говореше: Ако Господ е за нас, тогаш кој ќе е против нас? (Рим: 8:31)

Ако чувствуваш дека те има опфатено гнев, сочувај го молчењето и не зборувај ништо се додека со непрестана молитва и самоукорување на го стиши твоето срце.

Од поученијата на преподобен Амвросиј Оптински

Ако ги оставиме нашите желби и разбирања и се потрудиме да ги исполниме желбите и разбирањата на Господа, тогаш во секое време и во секаква состојба ќе се спасиме. А ако се држиме за своите желби и разбирања, тогаш никакво место, никаква состојба нема да ни помогне. Ева и во рајот ја престапи Божјата заповед, а на Јуда и живеењето покрај самиот Спасител не му донесе никаква полза. Насекаде треба трпение и тежнеење кон благочестив живот, како што не поучува и Светото Евангелие.

Најважното за спасението е – претрпувањето на секакви маки, на кој какви му дојдат, според кажаното во „Делата Апостолски“: „Многу маки треба да минеме за да влеземе во Царството Небесно“.

Љубовта покрива се. Ако некој прави добро според терзанијата на неговото срце, а не само заради долг, ѓаволот во ништо не може да му попречи; а на оној кој прави добро само по долг, тогаш тој постојано гледа да му попречи во нешто.

Од поученијата на преподобен Анатолиј Оптински Постар

Ти кажувам во тајност, ти го кажувам нај доброто средство да придобиеш смирение. Ете што е тоа: секоја болка која ти го реже гордото срце, издржи ја. И ноќ и ден да чекај милост од Семилостивиот Спас. Кој чека и ќе добие.

Ние сме должни сите да ги сакаме, но нас да не сакаат, не смееме да бараме.

Од поученијата на преподобен Јосиф Оптински

Има многумина кои плачат, но не за тоа што треба, има многу кои тагуваат, но не за своите гревови; многу имаат надворешен смирен изглед, но тој не е вистински. Примерот на Господ Иисус Христос ни покажува со каква кротост и трпение сме должни да ги носиме човечките прегрешенија.

Не мечтај премногу за иднината, потпри се на Божјата Промисла: Господ знае што ни е полезно и тоа ни го дава по Својата волја.

Од поученијата на преподобен Варсонофиј Оптински

Често слушам оплакувања дека сега преживуваме тешки времиња, дека сега им е дадена полна слобода на секакви еретички и безбожни учења, дека Црквата е напаѓана од сите страни од врагови, и дека наскоро ќе попушти пред притисокот на безверието и ересите. Јас пак секогаш им одговарам вака: „Што се плашите! Не плашете се за Црквата! Таа нема да загине: адските врати нема да ја надвладеат додека не дојде Страшниот суд. За неа не плашете се, но плашете се за себеси, и вистина е дека нашето време е многу тешко. Зошто? Затоа што денес многу е лесно да отпаднеш од Христа, а тогаш – погибел.“

Најверодостојниот знак за омртвување на душата е отклонувањето од црковните служби. Човекот кој заладува кон Господа, пред се почнува да избегнува да оди во црква, од почеток се труди да стигне на служба колку што може покасно, а после воопшто не ни оди во храмот Божји.

Од поученијата на преподобен Анатолиј Оптински Помлад

Бог се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат, а благодатта Божја – тоа е … Таму се крие и највеликата мудрост. Смири се и речи: „Макар што сум и зрно песок, и за мене се грижи Господ, и над мене се извршува волјата Божја“. Ако тоа го кажеш не само со умот, туку и со срцето, и смело, како што му доликува на вистински христијанин, ќе застанеш пред Господа, со силна намера безропотно да се подчиниш на волјата Божја, каква и таа да биде, тогаш ќе се разведрат над тебе облаците и ќе го здогледаш сонцето и тоа ќе те осветли и огрее, и тогаш ќе ја познаеш вистинската радост од Господа, и се ќе ти се покаже во јасна и провидна светлина, и ќе престанеш да се мачиш, и на дошата ќе ти стане лесно.

Од поученијата на преподобен Нектариј Оптински

Ме прашувате по кој пат да стигнете до Бога. Одете по патот на смирението! Со смирено носење на тешкиот живот, со смирено носење на болките кои ни ги праќа Господ; со смирена надеж дека нема Господ да ве остави, нашиот Помошник и обилнољубивиот Отец Небесен, со смирена молитва за помош од горе, за отгонување на унинието и чувството на безнадежност, со кое врагот на спасението се труди да не турне во очај, толку погубна за човекот, таа го лишува и го оддалечува од милосрдието Божјо.

Од поученијата на преподобен Никон Оптински

Гонењата и оскрбувањата се полезни за нас, тие ја утврдуваат нашата вера.

Да си земеме за пример светител кој се наоѓал во ситуација слична на нашата и постојано да се потпираме на неговиот пример. Сите светители страдаа затоа што одеа по патот на Спасителот, Кој и Сам страдаше: беше прогонуван, поруган, клеветен и распнат. И сите кои Него го проследуваат, неизбежно страдаат. „Во светот ќе бидете натажени.“ И сите што сакаат да живеат благочестиво ќе бидат гонети. „Кога пристапуваш да се трудиш во Господа, подготви ја твојата душа за искушенија. За полесно да ги издржуваш страдањата, треба да се осоколиш со силна, врела љубов кон Господа, да не се приврзуваш кон ништо земно, целосно да се предадеш на волјата Божја.

Потребно е се лошо, вклучувајќи ги овде и страстите кои се борат против нас, да не го сметаме за свое, а да ги гледаме како нешта кои доаѓаат од ѓаволот, нашот враг. Тоа е многу важно. Само тогаш имаме шанса да ја победиме страста – кога нема да ја сметаме за нешто свое…

Секогаш помнете го законот на духовниот живот: ако се смееш на некој недостаток кај друг човек и за тоа го осудиш, во иднина и тебе ќе те снајде таквата судбина, и ти ќе страдаш од истиот недостаток.

Ние православните не смееме да поддржуваме ерес. Дури да не сполетаат и малку страдања, Православието нема да го оставиме.

download

Молитва на светите оптински старци

„Господи, дај ми со душевен мир да пресретнам се што ќе ми принесе денешниов ден. Дај ми целосно да се предадам на волјата Твоја Света. Поучувај и поткрепувај ме на секој час во овој ден. Какви и зборови да чујам, научи ме да ги примам со спокојна душа и тврдо убедување дека над се стои Светата волја Твоја. Управувај со сите мои мисли и чувства во сите мои дела и зборови. Во сите непредвидени случаи не позволувај да заборавам дека се од Тебе доаѓа. Научи ме на мудро и разумно поведение кон секој член на моето семејство, никого да не огорчам ниту оскрбам. Господи, дај ми сила да го издржам бремето на денешниов ден и на сите собитија во него. Управувај со мојата волја и научи ме да се молам, надевам, верувам, љубам, трпам и проштевам. Амин.“

Подготвил:
Петар М. Петковски,
студент при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s