Грижата за душата

Posted on Updated on

еееНас ни се потребни само душата и Христос.

И целиот свет да се струши над нас не може да ни ги одземе,

освен ако ние самите не ги предадеме со својата волја.

Свети Козма Етолски

Прекрасен цитат, кој веднаш ме замисли дека и тогаш кога ќе помислам дека ќе го придобијам целиот свет – во тесен гроб ќе се најдам … Зошто залудно го потрошив својот живот ќе се прашам…

Затоа да се потсетиме на пораките, кои никогаш не треба да ги заборавиме:

1 – Каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја и напакости?

2 – Или што ќе даде човек во замена на својата душа? (Матеј 16, 26), и дека

3 – Сè ми е позволено, но не е сè полезно (1 Кор. 6, 12).

Овие три пораки добро ги знаел Херолд Робинс, кога запишал: Што му вреди на човекот да ги поседува сите богатства на светот ако ја изгуби душата, но уште подобро тоа го знаел светиот Козма Етолски, кој јасно укажува дека христијанскиот систем на вредности бара промислување за својот живот, грижа и вистинска љубов и најважното да не заборавиме да Му заблагодаруваме на Бога, без Чиј благослов и благодат ништо не можеме во оваа епоха на страшни идеологии, кои нажалост господарат над луѓето, кои повторно и пак ја заборавиле единствената и вистинска идеја – идејата на личноста, повикот кон обожението и светоста, а тоа значи идеја и повик за жив, конкретен и неповторлив човек.

Но, за да го постигнеме тоа треба нашите срца и души да ги воздигнеме кон небото, конечно да успееме да ја надминеме душевната состојба на „живи мртовци“, да живееме благодатен живот, литургија по литургија, живот исполнет со благодат, преку пост и молитва, покајанието и исповедта, живот во кој владее синергија помеѓу умот и срцето, живот во кој по зборовите на светиот Серафим, Саровскиот подвижник: „
треба да е насочен кон грижа за душата, бидејќи како што е познато, ништо во светот не може да послужи како откуп за неа“…

подготвил : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s