За свештеничкиот благослов

Posted on Updated on

942218_423074907815857_1519153166_nСвештенослужителите (т.е. луѓето кои преку светата тајна – Свештенство – ја добиле благодатта на Светиот Дух заради служење во Христовата црква), односно епископите и презвитерите нè осенуваат со крстен знак. Тоа осенување се нарекува благослов.

Кога презвитерот или епископот ќе нè благослови со раката, тогаш тој така ги соединува прстите, што тие ги претставуваат буквите ИС ХС, т.е. Исус Христос. Тоа значи дека преку свештените лица нè благословува Самиот наш Господ Исус Христос. И затоа благословот од свештенослужителот треба да го примаме со стравопочит.

Кога во црквата свештените лица (клирот) го благословуваат Божјиот народ (лаосот) со крст или со евангелието, со иконите или со путирот, тогаш сите се крстат и прават појасен поклон, а кога го благословуваат со свеќа, со рака или го кадат, кога ги изговараат зборовите на општиот благослов мир на сите и други, тогаш треба да се направи појасен поклон без крстен знак; тогаш не треба да ги вкрстуваме своите раце како што тоа се прави при личниот благослов, а не треба и да ги принесуваме кон устата или градите.

За да се добие личен благослов од презвитерот или епископот, потребно е крстовидно да ги поставиме рацете: десната дланка преку левата свртени нагоре, изговарајќи ги зборовите: Оче благословете! Добивајќи го благословот, ја целиваме раката која нè благословува – ја целиваме како да е невидливата рака на Самиот Христос Спасител. Како што вели светиот Јован Златоуст: не благословува човекот, туку Самиот Бог преку Неговата рака и јазик. Тоа е јасно и од зборовите на свештените лица: Бог нека  благослови! Призивај го Божјиот благослов не само во важните работи и опасните потфати, туку и во сите обични работи во животот: за храната, за да ја јадеш за здравје; за секоја своја чесна работа и воопшто за секој твој добар почеток за тој да биде успешен; кога ќе одиш на пат, за да бидеш сигурен; за твоите деца, за тие да растат во вера и благочестивост; за својот имот, за тој да се умножи за твое добро и за доброто на твоите ближни.

Без Божји благослов ниедно дело не може да има успех. И затоа нашите благочестиви предци се труделе секоја работа да ја започнат со и по молитвата, примајќи го свештениот благослов.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s