Развод на бракот – незрела љубов

Posted on Updated on

Епископ Порфириј Јегарски (Периќ)

razvod

Сè поголем е бројот на разводи. Изгледа дека, неретко, не се издржува од фазата на заљубеност до зрела љубов.

 

 

Заљубеноста е, би можело психолошки да се протолкува, едно нереално чувство на квалитетот на другата личност. Ние, врз основа на надворешните вредности, припишува квалитети кои таа сигурно не ги поседува. Но, таа првобитна заљубеност е капитал, т.е. извесен кредит, кој Бог им го дава на девојката и младичот за тие да ги препознаат квалитетите еден во друг, и тогаш преку ангажманот на себепожртвувачката љубов, која личи на љубовта на Христос кон нас, полека да го умножуваат тоа семе, тој кредит и тогаш почетната заљубеност би преминала во вистинска љубов и би го доживеала својот врв на крајот. Тоа го гледаме во параболата за свадбата во Кана Галилејска, каде што се опишува претворањето на водата во вино на крајот од свадбата. Тоа симболизира дека треба да помине многу време и труд, та заљубеноста да премине во квалитетна љубов, која ја симболизира виното. Значи, на почетокот секогаш е полошиот квалитет.

Во секој случај, мислам дека токму православието е повикано и може вистински да ја посведочи брачната заедница каква што гледаме во Евангелието. Сакав да наведам дека, не е важно кој и што ќе работи во брачната заедница, но индивидуалистичкиот поглед на светот и индивидуализмот во семејството се труди да зачува некој свој измислен интегритет и својата слобода. И тогаш имаме, на пример, распределба на работите, наместо врз основа на бракот како единство меѓу мажот и жената да проистекува секогаш она што ја гради заедницата. Значи, не е важно кој готви, кој пере, кој пегла. Се работи врз основа на афинитетите, а слободата е дадена за човекот, токму преку љубовта да ја остварува заедницата на полза и потреба на другиот. Во спротивно, страдаат и мажот и жената – тоа е поентата!

3

Во христијанството мораме да појдеме од фактот дека секогаш поголем е оној кој служи и секогаш е голем оној кој сака да биде мал. Само во заедница, во меѓусебно единство, можеме да растеме. Ако расте еден орган, расте целото тело; ако еден губи во заедницата – губиме сите; и мажот и жената не ја оствариле смислата на својот живот ако се издвојат од животот на Црквата. Пример се луѓето кои барем се трудат да живеат евангелски. Тие може да имаат и несогласувања, сепак, имаат мерило, имаат критериум, Го имаат Христа во однос на Кого може да ја оценат својата исправност кон ближниот. Христос е Тој Кој тогаш ја осмислува таа брачна заедница, ì дава полнота, ја обогатува и усовршува.

Превод од српски јазик:

     презвитер Јани Мулев

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s