СЛУЧКАТА ВО ВОЗОТ

Posted on Updated on

images

download

 

 

 

 

 

 

 

Беше прекрасен октомвриски ден на 1890 г. Во едно купе на брзиот воз Лион – Париз седеа двајца луѓе: еден белобрад старец на околу 65 години и еден 25 годишен млад човек. Меѓу двајцата започна разговор. Младиот човек Гастон Леру раскажа дека завршил природни науки и сега патува за Париз на специјализација во инстиутот на познатиот професор Луи Пастер. Кога го слушна тоа, очите на старецот светнаа и тој рече на младиот човек: „Се радувам за вас учељубив господине. Науката која сте ја избрале за ваша струка, е повеќе од интересна. Таа ќе ви достави многу случаи да се уверите во чудната премудрост на Создателот. Вие сигурно сте религиозен човек, нели?” Непријатно изненаден, младиот човек си помислил дека соговорникот му е некој неписмен човек од старата генерација и со присмив одговорил: „Религиозен? Не! Мислам дека науката си ја врши работата и без Бога. Јас кој завршив високо образование, никогаш досега сум немал потреба од религија”.

Старецот не очекуваше таков одговор, но додаде спокојно: „О, за себе си вие сте прав. И не се малку интелектуалците како вас, кои го мислат истото. Но науката, драги господине, науката, чистата, вистинската наука …” „Жалам – го прекина нељубезно младиот човек – но не се согласувам со вас. Како што изгледа , зборите за наука која веќе не постои, којашто веќе одамна си ја испеала песната. Денешната наука е друга. Денеска ние буквално летаме напред, без да имаме никаква потреба од Бог или слични предрасуди”.

И како што запали цигара, самозадоволен се потпре на седиштето. Старецот разбра дека е безполезно да разговара со овој млад учен човек, воздивна, си извади од чантата мала библија, ја отвори, се помоли и се задлабочи во читање… Времето леташе. Младиот човек испуши доста цигари, а старецот прочита доста страници од Светата Книга. Скоро возот запре на станицата во Париз. Додека младиот човек се занимаваше околу своите куферите, старецот му ја подаде визитната картичка и љубезно му рече: „ Кога ќе се сте веќе во Институтот, драги господине, јавете ми се. И покрај разликата во нашите гледишта, можеби ќе ви бидам со нешто полезен”. И исчезна среде гужвата. Младиот човек еден фрли несериозен поглед на визитната картичка и со многу големо изненадување прочита: Професор Луи Пастер. Дури тогаш тој се потсети, дека тоа лице навистина му беше познато. Изнервиран од непочитувачкото држење кон својот иден професор, тој беше и силно потресен од фактот дека овој светски познат учен, вистински лидер во науката, беше длабок верник во Бога…”

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s