ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА БОГА

Posted on Updated on

Старец Клеопа

совршенствоо

Патував еднаш со воз од Пашкањ до Баку. За да не одам во вагоните каде што се пуши, купив карта и се качив во возот во оние последни вагони. И отидов сам во вагонот, но не знаев кои ќе бидат другите сопатници со мене. Токму пред тргнувањето, влезе една група на високи офицери; тие патуваа во некое воено училиште. Беа морнари, полковници, а меѓу нив и еден постар водник со својата сопруга. Ете, монах во офицерски вагон…. Тоа беше во 1957 година.
Еден од нив, пак, за да не молчат, посака да се пошегува, па рече:
– “ Аха, гледајте! Возот ќе оди добро, бидејќи имаме и поп овде! “
Знаете, тоа беше она суеверие: поп баксуз! Ако видиш поп, тогаш тешко тебе! Јас молчев и не одговарав на закачките.
– “ Море, слушаш ли, ако е тука попот, тогаш нели е добро да ни ја раскаже онаа приказна за Бога? Велат дека некое “старче“ ги создало небото и земјата, и ѕвездите и планините, и морињата! Слушајте! “ Старче “! “
Јас и понатаму молчев… Но, еден од нив дојде и седна право пред мене.
– “ Оче, не лутете се, од каде сте? “
И, што да им кажам, од Сихастрија?
– “ Од манастирот Њамц.“
– “ Што сте? Свештеник, професор, учител, што сте? “
– “ Напротив, обичен монах. Патувам и јас до Баку.“
– “ Слушате, овие мои сите се љубопитни да ни раскажете нешто за Бога! Како почнува тој расказ за Бога? Во вашата Библија се вели дека Бог го создаде небото и земјата, целиот свет, а ние, пак, имаме друго сфаќање за светот. “
– “ Немојте да се лутите, јас сум обичен монах, но ако го започнам расказот за Бога, тогаш ќе треба овој воз три пати да ја обиколи земјата, та сепак не ќе можам да го завршам, тоа е многу долг расказ.“
……
– “ Сакаме и ние да знаеме! Вие сте монах, ние офицери и онака сите заедно одиме за Баку. Можеме ли, Оче? “
….
Стана еден мајор и рече:
– “ Оче, еве гледајте во што е работата, сакам нешто да ви кажам. Зар не е апсурд да веруваме во нешто што не се гледа? Вие велите дека постои Бог, но дали некогаш некој Го видел? Лудост е за некого да верува во она што не се гледа! “
– “ Господа, но најнапред давате ли чесен збор ?! Бидејќи започнуваме сериозен разговор! “
– “ Ете, слушнете го сега, пак, попот! Даваме Оче, како да не! И оној што ќе се налути е луд! “
– “ Гледам дека сте умни луѓе, јас пак, сум глупав, но ќе го почнеме “расказот“ за Бога онака како што ќе умееме. Господа, јас ќе речам дека сите вие кои сте во овој вагон – сте луди!“
– “ Види го сега, пак, ова, овој поп не прави луди!“
– “ Па сигурно! И ако не сум во право, тогаш на првата станица да ме предадеет на станичната полоција! Но најнапред ќе ви докажам зошто ве нарекувам луди.“
– “ Да,да, голема е лудоста некој да верува во она што не се гледа! Кој Го видел Бога? “
….
– “ Вие слушнавте дека вашиот пријател рече дека е голема лудост да веруваш во она што не се гледа. Но најнапред, што вели Светиот дух во Псалтирот, на почетокот на псалмот 13 и 52 кај нас во Светото Писмо: “ И рече безумникот во срцето свое: Нема Бог! “ И второ, ти рече дека е лудост да веруваш во она што не се гледа?“
– “ Да, јас реков!“
– “ Па јас ви реков дека никој од вас нема ум.Сите сте луди. Имам потполно право да ве нарекувам луди.“
– “ Зошто? “
– “ Затоа што јас никогаш не сум видел ничиј ум! Па тогаш, зар не е лудост да верувам дека имате ум, ако го немам видено?“
– “ Гледајте бре, не нападна попот! Односно ги сменивме улогите.“
Разговорот беше и убав и сериозен и шеговит.
– “ Па како да верувам дека имате ум, ако јас од кога сум роден не сум видел ничиј ум? Ниту кај вас, ниту кај себеси: каков е? Бел, црн, црвен или зелен? Со каков облик? Квадратен, правоаголен, шестоаголен? Господа, со каков облик и боја? Дали е опиплив или не? Ако ми ги покажете тие особености на умот, тогаш ќе ви кажам дека имате ум; ако пак не, тогаш немате воопшто!“
– “ Види го попот! Можеш ли сега нешто да му кажеш? Ете, кога не ја држеше устата затворена. Простак, не го постави добро проблемот!“
Тие се нарекуваа еден со друг простаци.
– “ Освен тоа, дали целиот свет на оваа земјина топка верува дека луѓето имаат ум? Веруваат, ама на невидено. Ете го аргументот дека целиот свет верува дека луѓето има памет! И вие верувате, и јас, но умот – не го гледаме. А, дали пак, некогаш сте го виделе животот? Зар некој некогаш го видел животот во човекот? Па сепак кој вели дека е мртов, кога е жив и има живот? Дали животот се гледа? “
– “Не.“
– “ Зар не е лудост да веруваме дека луѓето имаат живот? Ако не го гледаме.“
– “ Но животот се манифестира, Оче!“
– “ Многу добро. Според неговата манифестација се верува дека постои, иако не го гледаме. Така е и со Бога. Кои се Неговите манифестации во светот?“
И започнав да ги набројувам силите на душата.
– “ Имате ли вие фантазија? “
– “ Да. “
– “ Дали некогаш сте ја виделе? Не! Имате ли гнев? Дали некогаш сте го виделе? Имате ли размислување, мислење? Дали некогаш сте го виделе? Имате ли страст? Имате, бидејќи тие се силите на душата – гневна и страсна. Освен тоа, вие ги имате душевните сили, како што се: размислувањето, изборот, одлуката, огорченоста, жалоста, радоста; дали некогаш сте ги виделе, бидејќи тие се душевни сили? Нам, пак, Светото Писмо ни вели дека човекот е лик и подобие Божјо. Но не според надворешниот облик, туку според душевниот. Ете колку сили има душата! И сите тие постојат. И во световната философија се учи дека постојат овие душевни сили. А дали, пак, некогаш сте ја виделе душата?“
– “ Не, бидејќи душата не постои!“
– “ Како не постои? Ако немаш душа, тогаш не би разговарал повеќе со мене! Ти не би можел ниту еднаш да трепнеш ако не е животот во тебе. И гледате ли колку се тие? И животот, и умот, и слободната волја, и разумот, и гневот, и радоста , и жалоста, и страста – во кои верува целиот свет, а не се гледаат. Сите својства на душата се невидливи, сите нејзини сили се според ликот и подобието Божјо, бидејќи Бог е невидлив. А човекот е икона на Бога на земјата во поглед на душата: ум, слово и дух.“
– “ Море!“ – рече еден – “ подобро ќе беше да молчеше. Проблемот не го постави добро! Овој поп би требало да биде некаков управник на Богословија!“
…..
Постојав така уште малку и започна еден лекар:
– “ Оче, нека оди по ѓаволите! Јас сум мајор лекар. Оперирам и се движам со хируршки нож по цревата на човекот, му го сечам вратот, му ги сечам нозете, сечам , оперирам веќе 30 години и јас не сум наишол на душата! И како да верувам дека постои, кога не сум наишол на неа со хируршкиот нож!“

– “ А ти и другите лекари верувате дека постои болка во овој свет?“
– “ Постои, Оче!“
– “ А кога го сечеш со хируршки нож и човекот вреска и се мачи да се ослободи од канџите на смртта, не ја гледаш болката?“
– “ Не, таа не се гледа!“
– “ И, сакаш да ја видиш душата? А болката е една од телесните, природни својства на човекот и е измешана со душевните. И како што неможеш да ја видиш болката, така не можеш да ја видиш душата. Особено зошто душата е духовно битие.“
-“ Аха, гледај, гледај, па и тебе ти ја затвори устата!“ —- – “ Мореее, овде на ѓавол наидовме!“
Тогаш еден друг започна:
– “ Оче, знаеме дека отсекогаш Црквата се спротивставува на науката. Еве, Русите сега имаат направено сателит кој три пати ја обиколи земјата заедон со Јуриј Гагарин и еве успешно се приземји!“
– “ И, што со тоа? “
– “ Тоа се плодовите и напредокот на науката во споредба со религијата.“
– “ Ништо немате направено!“
– “ О, гледај, тој е против науката! Овој, пак, е како оние кои му судеа на Галилеј!“
– “ Почекајте да ви кажам! Знаете ли што сте направиле? Ако пчелата излезе од ројот и ја обиколи кошницата во која живее, дали таа има претензии да знае што има во целиот свет? Ете, толку има направено човекот до сега! Одвај има излезено од кошницата и ја обиколи кошницата во која живее и му се чини дека направил големо дело!“
-“ Аха, зар?“
– “ Науката уште нема направено ниту колку летот на бубачката од овој прст на другиот! И тоа сите учени на светот го знаат и од Запад и од Исток. И, почекајте, токму сега ни започнува разговорот!“
-“ Убав е господине овој разговор.“
– “ И да е убав и да е горчлив и да е сладок, јас отсега ќе ви кажувам до крај, колку што ќе потрае ова раскажување. Еве, наближува станицата Баку. Господа, дали знаете за Големата и Малата Мечка и за ѕвездата Деница на небото?“
-“ Да!“
– “ Еве за што станува збор! Астрономијата и науката, односно најголемите учени меѓу астрономите, велат дека на Големата Мечка од задното тркало во браздата до она најблиското до човекот – осовината на Големата Кола на небото – има 1.300 години светлосно патување, а светлината оди со 300.000 км/сек. Тоа е осовината на Големата Кола. За да стигнеш од едното тркало до другото, потребно ти е да патуваш 1.300 години со брзината на светлината. А уште колку, пак, се потребни до предното тркало и уште колку до рудата и до Препеља, која ги тера воловите од браздата?“
– “ А што е тоа Препеља?“
– “ Некоја ѕвезда таму! А колку пак е долга целата кола, ете да ми кажете!“
– “ Интересно! Кој го вели тоа? “
– “ Камил Фламарион. Го имав Камил Фламарион во раката “ Бог во природата“. Тој е голем француски астроном од минатиот век. Да , вие гледате една ѕвезда која кога се раѓа вечерта, се чини како да игра, тоа е Алфа Кентаур. Целата астрономија покажува дека Алфа Кентаур е ѕвезда соседна на нашиот Сончев систем. Сончевиот систем се состои од 9 планети, заедно со Сонцето – 10. И до нашата сосетка, до најблиската, има којзнае колку години светлосно патување. Ве молам, господа, да пресметате што направи Јуриј Гагарин!“
– “ Ништо не направи, оче!“
– “ Освен тоа, Земјата има пречник од 36.000 км. Значи, со својот Спутник тој помина 36.000 км, а меѓуѕвездените далечини колкави се?“
– “ Господине, тоа не може да се пресмета.“
– “ Почекајте да ви кажам нешто друго, посериозно. Бог го покажува Своето дејствување не само во големото, туку и во малото, како што вели Св.Никодим Агиорит. Ајде размислете дека во увото на иглата се наоѓаат 8 секстилиони атоми, еден секстилион е единица по која следат 21 нула. За да ги изброи човекот атомите од увото на иглата, би требало да живее 250 години и да брои повеќе од една милијарда во секунда. И ве молам да ми кажете колку атоми има во увото на иглата и како би ги распоредиле! Колку е прекрасен Бог, та во увото на иглата да смести толку многу атоми. Тогаш, што направи човекот со својата наука? “
– “ Тоа е незамисливо!“
– “ Чекајте да ви кажам нешто уште почудесно. На врвот од иглата се одмораат 16 милијарди јони, кои со телата се многу помали од атомите. И за овие јони, кои не можат да се замислат со човековиот ум, какви апарати се потребни за да се забележат? Бидејќи кога би имале таков апарат, та со негова помош да можеме да ја видиме болвата како поголема од планината Чеахлау, се уште во атмосферата не би забележале ниту еден јон! И етем пронајдено е дека тие јони се држат за раце и како момци играат, имаат живот во себе! Кога не би се плашел – вели Камил Фламарион ( пантеистите велат дека секј плевел е Бог ) – би рекол дека Бог е во секоја тревка и во секое тело. Но ќе кажам поинаку: Да, Бог вистина е во целото Свое создание. И над најмалечкиот зачеток на материјата под небото е Божјата рака и постои животот кој Бог го создал! И сега сакам да ви кажам. Кога ја гледаме силата Божја, која во минијатура дејствува толку многу неискажливи и за човековиот ум незамисливи чудеса, кога гледаме дека и таму постои животот, во оние делови на материјата кои никогаш не се видливи со голо око, да не се плашиме од пантеизмот, би кажале дека Бог е душата на природата, на целата природа. Но, не е така. Бог постои и како што вели Св. Апостол Павле, се е преку Него и од Него.“
И така зборувајќи, гледам дека се приближува станицата Баку и јас требаше да се симнам. Имаше уште многу за разговор.
– “ Браќа, без Бога не можете да трепнете!“
– “ Но, зошто Оче?“
– “ Животот е од Бога, Животодавецот и ако си мртов, ајде ако можеш трепни со окото! Можеш ли да трепкаш, ако си мртов?“
Накратко ви кажувам како што беше. Тоа беше разговор од два часа.
-“ Господа, многу жалам што се разделуваме.“
– “ Оче, сакаме да ти пишеме, но да ни кажеш какви студии имаш завршено, бидејќи ти мора да си некј ректор или професор во Богословијата.“
-“ Ќе ви кажам, но да ми верувате ако сакате! Јас сум само овчар и ги пасам манастирските овци.“
– “ Слушајте, бре! Па ова е чудо!“…. “ Море, бадијала живееме! Прости сме! Еве што ни кажа овој поп!“
Им кажував многу за ѕвездите, за движењето на Орион; им кажав колку ветрови дуваат на Земјината топка и како кој се нарекува, како настануваат ветровите, според Св.Јован Дамаскин; за соѕвездијата и колку степени има секое соѕвездие, колку Сонцето се задржува на секој степен. Се сеќавам им говорев нашироко, според Св.Василиј Велики, од “ Шестодневот“. …
Накратко ви кажувам како што беше. Вистина ви кажувам некои ме бакнаа во образ, некои ми дадоа црешни, некои бомбони. Ми дадоа и поменици.
Се разделивме со болка во срцето…

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s