Поим за апологетика

Posted on Updated on

  • Разни називи на оваа наука

Како што формалното запознавање на луѓето започнува со запознавање на нивното име, исто така и запознавањето со науката која ја изучуваме започнува со нејзиното име. Бидејќи, со самото име може нешто да дознаеме за предметот, кој што се именува со тоа име. Кога на пример ќе го чуеме зборот земјопис или природопис, ние веќе од од самити тие називи можеме да стекнеме извесна представа за што нам ни говорат тие науки. Така од името на нашата наука можеме да стекнеме одредена, но нецелосна слика за содржината и природата на нашата наука. А науката, која ќе ја изложуваме има повеќе разни имиња. Во секое од тие имиња е нагласена по некоја особина на оваа наука, иако ниту едно од тие имиња не ја изразува токму потполно нејзината суштина.

Најчест, и кај нас на факултет официјален,  назив на оваа наука е: Апологетика. Тој е збор од грчко потекло, како што се имињата скоро на сите други науки. Доаѓа од глаголот „апологеоме“(απολογεομαι) што значи: се бранам. Според тоа самиот збор „апологетика“, грубо преведен, би значел „одбрана“, подразбирајќи одбрана не било каква и што било (на промер спортска или воена или адвокатска), туку логичка, научна одбрана на религијата. Во таа смисла употребениот збор „апологија“(απολογαία) во грчкиот текст на Светото писмо на Новиот Завет, на пример во I Петрово послание 3, 15 и во посланието до Филипјаните 1,7., а и уште во многу други места.

Но, бидејќи целта на апологетиката како наука не е само во тоа да ja брани религијата, туку и позитивно да се утврди вистинитоста на христијанската религија, да се изнесе доказ на нејзината веродостојност, па со тоа човекот интелектуално да се подготови за примање на верата, тогаш називот „апологетика“ не ја изразува целосната карактеристика на овој предмет. Поради тоа теолзоите ја нарекуваат и со други називи во кои се изразува некоја битна нејзина карактеристика. Еве неколку такви називи.

Повеќето теолозија ја нарекуваат „Основно богословие“ (Theologia fundamentalis). Некои ја нарекуваат „Теолошка наука за принципите“ (Theologische Prinzipienlehre), како што ја нарекува А. Шил (A. Schill, 1914). Еден од старите апологети од 18 век, Стефан Вист (Stephan Wiest) ја нарекува „Генерална догматика“ (Dogmatica generalis, 1786). Витус Пихлер (Vitus Pichler) исто така римокатолички апологет од почетокот на 18 век, ја нарекува „Полемичко богословие“ (Theologia polemica 1713). А некои руски богослови, меѓу нив и Николај Павлович Рождественски ја нарекуват „Умозрителное богословие“, или според латинскиот јазик „Theologia rationalis“ т.е. рационална теологија, богословие на разумот.[1]

Како што се гледа на прв поглед, секој од овие називи означува понекоја битна црта на апологетиката како наука.

 

  • Дефиниција за апологетика

Познато е старото правило на логиката: Definitio fiat per genus proximum et differentiam specifiam. Според тоа дефинирањето на некој поим, тоа значи да се одреди неговиот најблизок род и да се истакне неговата специфична разлика. Врз основа на тоа правило ќе кажеме: Апологетиката е богословска наука. Тоа е нејзин најбизок род (genus proximum), од каде се гледа дека апологетиката не е роман, ниту приказна, ниту песна, туку наука, и тоа богословска.

Но, бидејќи има повеќе богословски науки, на пример, литургика, догматика, етика итн. – за, да се знае што е апологетика, најверојатно треба да се направи разлика помеѓу неа и останатите богословски науки. А разликата е во тоа што секоја од споменатите богословски науки ја изложува содржината на Божјото натприродно откровение, земајќи го оној дел на таа содржина, кој одговора на нејзиниот предмет. Но, сите тргнуваат од откровението како од готови факти, не поставувајќи го прашање за реалноста, дури и принципиелни можности, на натприродното откровение. Апологетиката, меѓутоа, расправа токму за тие основни прашања на христијанската религија и религијата воопшто. Според тоа таа и е „основно богословие“ или „генерална догматика“.

Во оваа расправање за основните проблеми или основните принципи на религијата, таа се служи со фактите на искуството и човечкиот разум, затоа со право се нарекува умозрително богословие или рационална теологија. Тој назив најмногу и одговара, бидејќи религиските принципи ги изложува во строго логички систем, па пради тоа и одговара и називот наука за принципите, како што е предходно спомнато.

Конечно, бидејќи таа во своето изложувањење и докажување на основните принципи на религијата има можност да се соочува со разни спротивставени гледишта, да ги критикува и оспорува, во тој случај таа и во силна прилика понекогаш мора да влезе во објективна научна полемика, па поради тоа ја нарекуваат полемичко богословие, иако овој назив најмалку и одговара. Бидејќи, апологет, всушност, не смее да полемизира директно со никого. Негово е да изнесува објективни факти и да  расудува од нивните заклучоци. А таа работа е „полемичка“ само дотолку, што неминовно, по самата природа на работите, доаѓа во судир со оние кои ја оспоруваат вистинитоста на натприродното потекло на христијанството, или вистинитоста на религијата воопшто. И затоа, бидејќи апологетот ја брани религијата од тие приговори, тогаш оваа наука може да го носи називот „апологетика“.

Според сето изложеното можеме да дадеме ваква дефиниција за апологетиката: Апологетика е богословска наука која во систем ги изложува основните принципи на религијата, докажувајќи ја нивната вистинитост и веродостојност, и ги брани од приговорите кои им се поставуваат.

 

  • Апологетика и апологија

Секоја посебна христијанска догма, или етички принцип или литургиски пропис, или црковно-правна установа, може да биде и да постане предемет на критика и негодување од страна на оние кои неверуваат или се неупатени во работата. Но исто така тоа може да биде и предмет за одбрана од страна на верните. Таа одбрана на поедини нападнати и оспорувани верски вистини се нарекува апологија. Апологетиката не е исто што што е апологијата. Помеѓу нив постојат две битни разлики. Прво, апологијата е постојано одговор на конкретен напад на некоја религиска догма или на етички принцип или на било која точка од христијанското учење. Меѓутоа, апологетиката не е тоа. Таа е збир на сите можни апологии, бидејќи во себе ја апсорбира целата теологија. Таа се занимава со основните принципи и вистини на религијата, што веќе ги се видовме од нејзиниот назив „основно богословие“ или „генерална догматика“.

Апологетиката не е одоговор на напад како што е апологијата. Може понекогаш да биде и тоа, но тоа не и е основно. Таа не чека да се појави нападот, па дури тогаш да се појави и апологетика. Таа има за цел систематско изложување на религиските принципи, позитивно утврдување на нивните вистини и веродостојности, без разлика дали се нападнати или не.

 

  • Православна апологетика

Понекои од православнте богослови зборуваат за православната апологетика. За примери со дела ќе го споменеме Пјатницкиј: „Вовед во православното богословие“ – 1892; В. Д. Кудрјавцев – Платонов: „Курс лекции по православно богословие“ – 1898; Павел Јаковљевич Свјетлов: „Опит на апологетски изложенија на православно – христијанското вероучение“ – 1898.

За што се, од каде тука дела? Дали може да се зборува за православна или римокатоличка, или протестантска апологетика?

Како што знаеме во светот постојат разни религии и разни филозофии. Принципиелно говорејќи, секоја од тие религии и секоја од тие филозофии може да се обиде да ја оправда и докаже својата вистинитост. Друго е прашањето колку тие обиди ќе успеат. Однапред можеме да знаеме дека не можат сите обиди да имат вистинска вредност, бидејќи кога тоа би се тврдело, тогаш со самото тоа би се рекло дека има толку вистина колку што има разни религии и филозофии. Но, без разлика на крајниот резултат на таквиот обид, факт е дека секоја религија и секоја филозофија може да се обидува да ја докаже својата вистинитост, па според тоа – принципиелно говорејќи – може да има толку апологетики, колку што има разни религии и филозофии.

Од историјата на христијанството знаеме дека тоа до сега се јавува во три главни облици: вселенско-православен облик на христијанство, римокатолички и протестански тип на христијанство. Ако секој од тие три облици на христијанство се обидуваат себеси да се представат и докажат како вистински, оригинален тип на христијанство, т.е. вистинската, оригинална Црква, која Христос ја основал, и ако се пишува апологетиката во духот на учење и сфаќање на таа црквата, тогаш може да се зборува за православна, или римокатоличка, или протестанска апологетика.

Според тоа онаа мала предхоно изложена општа дефиниција за апологетиката може да се дополни и да добиеме дефиниција за православна апологетика, па тогаш таа дефиниција ќе гласи: Православната апологетика е богословска наука која во систем ги изложува основните принципи на религијата и на православното христијанство, докажувајќи дека тие се вистински и веродостојни и дека се во Православната Црква се сочувани неизменливо.

Се што е речено околу можноста за разни апологетики точно е само како принципиелно тврдење, како принципијална можност. Меѓутоа фактичката состојба на работите е нешто друго. Пред сè, апологетиката има такви делови кои можат да бидат заеднички за сите христијански конфесии – на пример, воскреснувањето на Христос, историјата на Христовата личност, и воопшто целокупната реалност на натприродното откривање на христијанската религија. Освен тоа апологетиката може да има одредени делови кои се заеднички за сите религии – постоењето на Божјо и постоењето на задгробниот живот. Според тоа, само оној трет дел на апологетиката кој зборува за Црквата како Божја установа, може да биде обоен конфесијално како православен, или римокатолички или протестантски. Само во тој дел од апологетиката аргументацијата би одела во еден од тие три спомнати правци. Меѓутоа, во првите два дела, аргументацијата е заедничка за сите христијани кои докажуваат дека христијанството е натприродно откриена религија. А во оној најопшт дел на апологетиката, кој зборува за постоењето на Бог и задгробниот живот, аргументацијата е заедничка за сите кои ја докажуваат вистинитоста на основните религиски догми. Ако и во тие заеднички делови на апологетиката постојат одредени разлики, тие разлики не се суштински. Тие не потекнуваат од предметот и целта на аргументацијата, туку од стилот, методите и од општиот дух на одредени религиски заедници.

Освен тоа, постои уште еден факт кој треба да се има во предвид кога се зборува за разните многубројни апологетики. Принципиелно, веќе е нагласено, секоја религија може да се обиде да создаде своја апологетика. Меѓутоа конкретно, тоа не е така. Апологетиката како наука постои само во хриситјанството, па дури ни тука секаде поддеднакво. Римокатоличката теологија на полето на апологетиката стои далеку пред православната и протестантската теологија, иако не може да се негира фактот дека и православната и протестанската теологија дале на полето на апологетиката голем број апологетски дела, за што ќе се увериме од прегледот на историјата на апологетската активност. Но, во денешно време протестантската теологија поеќе не се занимава со апологетика. Таа апологетика, која што веднаш ќе ја изложиме, се смета и за непотребна и за неможна. Останатите, нехристијански, религии исто така немаат систематски обработена апологетика.

 

  • Можност и научна вредност на апологетиката

Според предходно изложената дефиниција апологетиката е вистинска наука, како и секоја друга наука. Што е тоа што неа ја прави вистинска наука?

Пред сè таа, како и секоја друга наука, има предмет за свое испитување и своја проблематика која ја решава. Тоа е проблемот за суштината на религијата, нејзината вистинитост и нејзината веродостојност. Друго, таа како и секоја друга наука, има научна материја или градиво со кое располага. Тоа се многубројни факти од областа на психологијата, метафизиката, гносеологијата, потоа од области од разни природни науки, од историја во најширока смисла на зборот, од етнологија, како и од областа на окултистичките науки доколку тоа е потребно, како и од многу други научни области. На крај, апологетиката е вистинска наука и според својот метод на работа. Сите податоци, со кои располага, таа систематски ги обработува и проверува. Ништо не зема на гола доверба, на позајмица, туку претходно секој податок строго критички и методски го проверува. Во своето испитување апологетиката не се потпира на слепа верба. Ништо таа не докажува слепо, со необразложна вера, туку со факти и логика. Според тоа, апологетиката го има сите карактеристики вистинска рационална (не рационалистичка, туку интелектуална) наука.

Се разбира, кога велиме дека апологетиката не се потпира во своето докажување на вера, тогаш мислиме на слепа и необразложена вера, а не на вера воопшто. Бидејќи, човекот не може да живее, а да не верува во ништо. Напротив зборовите од Светото Писма „со вера живееме, а не според гледање“ (2 Кор. 5,7) го потврдува секојдневното искуство на сите луѓе, како во науката така и во обичниот живот.

Како што е познато целокупното човечко знаењето потекнува од три извори на сознание: а) од разумот; б) од сетилното забележување и в) од верата, од  оправданата и образложена доверба во она што другите ќе ни го кажат дека го доживеале или експериментално провериле или математички пресметале. Овој третиот извор на нашето знаење со право е најбогат. Бидејќи, од верата во пишаните документи извира сето наше знаење за историјата. Потоа сето наше знаење на природо – математичките факти, кои не ние лично сме ги запазиле, ниту со експеремент сме провериле, ниту лично сме го пресметале. Конечно, од овој извор потекнува и нашето и сето наше знаење, кое го достигнуваме во практичниот живот и допир со луѓето. Знаењето за нашето лично име и презиме, роденден, кои ни се родителите итн., сето тоа знаење поттекнува од верата од соопштувањето на другите луѓе. Но таквото верување го нарекуваме знаење, бидејќи таа вера е оправдана и образложена. Таа не е слепа и безразложена, туку ја има против т.н. морална извесност, па затоа ја нарекуваме знаење.

Мораме тука да направиме уште една напомена. Како што во разни други науки има извесни тајни кои човекот неможе со својот разум да ги објасни, но може сосема сигурно да го констатира нивното постоење, така и во апологетиката има вистина која со својата тајност ја надминуваа моќта на разумното сфаќање.

На крај во секоја наука постојат и хипотези во недостатокот на конкретни факти. Зашто апологетиката позајмува материјал од разни други науки, може да се случи таа да биде понекогаш упатена на употреба на какви хипотези. Но нејзината научна вредност токму се состои во тоа што не ќе сака да прифати недокажана хипотеза и да ја подметне како докажан факт, туку со неа ќе постапува сако како со хипотеза.

 

  • Критика на апологетиката

а) Апологетика и рационализам

Има филозофи кои негативно се расположени кон религијата, па поради тоа и кон апологетиката како наука која сака да ја докаже веродостојноста и вистинитоста на религијата. Се знае дека Кант ја негирал можноста за рационалната теологија, а тоа значи и можноста за апологетика. После Кант, Огист Конт, претставник на таканаречениот позитивизам, исто така ја негирал научната вредност на теологијата воопшто, а посебно на апологетиката како рационална теологија.[2] Пред овие двајцата философи, англискиот филозоф Давид Јум поставил строг критериум  на науките и научностите, кој доколку би – се применувал – би настанал целосен пустош по библиотеките. Според Јум, секоја книга која не содржи истражување за фактите и егзитенцијата која се потпира на искуство, ниту истражување за бројот и големината треба да биде фрлена во оган како секое суеверие и гатање.[3] Ова тој особено го применува врз теологијата, без разлика на за каков вид на теологија и теолошки науки се работи. Конечно марксистичките критичари за апологетиката изнесуваат три принципиелни приговори против можностите на апологетиката како наука. Прво, самиот поим „апологетика“ звучи ненаучно, бидејќи подразбира во себе, необјективна, тенденциозна заштита на религијата по секоја цена.[4] А второ, таквата заштита дури и кога не би била тенденциозна, би била антинаучна, бидејќи научен поглед на светот, тоа всушност е атеизмот.[5] Според тоа, апологетиката би можела да биде строго научна само во случај ако е атеистична. На крај, третиот приговор на марксистичките критичари на теологијата воопшто, па и на апологетиката посебно, е нивното тврдење дека богословите и самите велат дека „богословието не им придава на своите поставки логичка нужност и очевидност, како ни математичка точност и докажаност“[6], туку самиот тој факт е доволна причина на теологијата, па и на апологетиката, да се негира карактерот на вистинска наука, велат марксистичките критичари на апологетиката.

Да погледаме колку вреди таа критика на апологетиката како наука. Да почнеме со Кант.

Колку е оправдана Кантовата критика на рационалната религија, и дали е воопшто оправдана за тоа ќе стане збор кога ќе дојде на ред. А овде можеме да кажеме дека таа критика без разлика дали е исправна или не, не може да ја оспори научноста и можноста на апологетиката. Бидејќи, како што апологетиката не тврди однапред дека религијата е вистинита и веродостојна, туку после внимателно испитување и проучување, така и Кантовата критика неможе однапред, да се прогласи за исправна и да се негира секое испитување за вистинитоста и веродостојноста на религијата. Таквиот приоритет за догматско усвојување на чие било мислење, макар и на Кантовото, во спротивност е токму со Кантовиот критицизам, кој се бори против догматизмот во философијата и науката. Додуша, Кант, со својата критика за доказите на рационалната религија ја смета за конечна и дефинитивна, па истата критика ја завршува со молба да биде поштеден од поправка на стари и изнесување на нови докази.[7] Но таа негова молба не може да биде само израз на неговите лични желби и лично расположение, но нас ништо не не обврзува. Апологетиката има право својот критички суд да го примени на сите проблеми кои се однесуваат на веродостојноста на религијата, па и на Кантовата критика, која нуту усвојува ниту отфрла однапред, како приоритет, туку после објективно испитување донесува суд за неа.

Што се однесува до Кантовиот и Јумовиот став за научната веродостојност на апологетиката, може слободно да се каже дека нивниот строг позитивистички и емпиристичко-математички критериум за науките повеќе ја погодува нивната филозофија отколку апологетиката. Бидејќи, апологетиката токму и најнапред го сака онаа што го сака позитивизмот и Јумовата критика, преку потпирањето на несомнителните факти да ја покажат вистинитоста и веродостојноста на религијата, која не ја отфрла прериоритетноста како што тоа го прават Конт и Јум, заборавајќи дека ни нивните филозофии не го задоволуваат нивниот критериум за науките. Според тој критериум, и Кантовата и Јумовата философија би можеле слободно да отидат на кладата, бидејќи не само што една со друга не си признаваат потполна исправност, туку има дури и материјалистички фолософи кои и едната и другата со право ги отфрлаат.[8] А дека нивните тези  го задоволиле Јумовиот принцип дека научно е само она што се потпира на искуство и математика, тогаш ќе се случи една со друга да се исклучат и двете да бидат причински критикувани и отфрлени од некоја трета филозофија.

И не само тоа. Туку, кога тој Јумовиот и Контовиот критериум за науките и научностите би се применувал на нетеолошките, тогаш заедно со Јумовата и Контовата филозофија и многу науки, во чија научност не се сомнева, би морале да бидат лишени од тој чесен назив и достоинство. Во тоа нас може да не увери дури и една легитимна прошетка низ разните научни области. Еве неколку примери.

Дали метеорологијата е наука? Сиот учен свет би кажал дека е. И со целосно право. Таа со своите тврдења и принципи ги поткрепува со физичките законите и математичките формули и докази. Нејзините резултати се од непроценлива корист за воздушниот и поморскиот сообраќај, како и за земјоделството и целиот практичен живот. – А можеме ли ние во секој случај токму стопроцентно да се потрпеме на нејзините прогнози за времето, како што можеме на астрономските? Ни збор! Не смееме, ако не сакаме да бидеме измамени. Меѓутоа, токму тоа давање на точни прогнози е целта на оваа наука. А колку е далеку од реалноста. Но сепак, на никого не му паѓа напамет на метеорологија да и го негира карактерот, достоинството и називот за вистинска наука.

Медицината исто така е многу корисна наука. Кој би можел да ги процени величествените резултатите која таа ги постигнала во чувањето на човековото здравје и спасувањето на човечките животи! Но сепак, може ли таа токму сите свои тези да ги сведе на математика и експеримент? Ако може, од каде толку погрешни дијагнози и терапии? Колку таа има проблеми кои постојано и уште чекаат за решение, и колку уште ќе чекаме, и дали ќе го дочекаме. А, дали би било право поради сето тоа да се негира карактерот и називот на наука, па според рецептот на  Јум да ја фрлиме на клада.

Дали физиката, хемијата, астрономијата и биологијата, како егзактни науки го задоволуваат тој Јумов принцип на математиката и експериментот ? Ако го задоволуваат, зошто тогаш во нив има толку делумни, па и погрешни, решенија и нерешени тајни и загатки! Во минатиот век, во својата фаза, така кажано во побертетскиот развој, тие го оставиле на човекот токму тоа влијание на чистото и неоспорено знаење, и тоа знаење кое води во атеизам. Поради тоа во времето на атеизмот била неконтролирана младата снага.

Но, кој научник денес би смеел да остане на тезите на тие науки од минатите векови ? Кој денес би смеел да поверува во Коперниковиот хелиоцентризам, а поготово во Птолемеевиот геоцентризам ? За оној египетскиот и вавилонскиот систем за памната земја да не и зборуваме !

Хемијата во 19 и 18 век ја исмејувала алхемијата како магија и гатање. Денес, меѓутоа, никој нема храброст да ја негира основната теза на алхемијата дека елементите сепак можат да се претворат од еден во друг, и дека златото може да се добие од жива, на пример (само што тој процес е поскап од вредноста на златото кое се добива).

А биологија? Дали во неа се е засновано на експеримент и математика ? Се разбира, никој не негира дека во неа има такви решенија. Но и покрај сето тоа, многу од нејзините тврдења почиваат само и единствено на нашата доброволна вера.  Замислете само колку голем напор не само на умот, туку и на најбујните фантазии и „побожна“ вера мора да вложи човекот, ладниот научник, кој би сакал себе си да си претстави како од мртвата материја се развил живот ! Како од првобитните живи клетки – сеедно дали тоа беше амеба или парамециум, или планктон, или коацерватна капљица – како од тие слузокожни гранки се развил целиот растителен и животински свет: и ружа, и слон и пуж и сè таму до големите научници од светски глас, како што се Дарвин, Хегел и Опарин ! Како потоа да се сфати сето тоа, и објасни, а како да се докаже и со што да се докаже, дека сето тоа навистина било така! Со математика? Експеримент? Па тоа би било набивање на шега ! А овде, сепак сето тоа се смета и нарекува наука !

И не само тоа. Има и во егзактните науки, како и во теологијата и апологетиката, необјаснети и необјасниви тајни. Догмата за Светита Троица и за евхаристијата е тајна за човечкиот разум. Но зарем суштината на електрицитетот, светлината, магнетизмот, гравитацијата, па токму и самиот висински простор и време, е нешто помалку тајна? Тие тајни не заостануваат пред тајните на теологијата. „Повеќето современи физичари ги одбива дури и помислата дека човекот некогаш може да открие што се тоа таинствени сили“- вели Ајнштајн.[9] Има ли за нас нешто непосредно, а исто така позагонетно отколку што е претворањето на физичките стимули во психички искуства? А, ете, тоа не е никаква теолошка тајна, туку природна.

Па дури и самата математиката во тој поглед не е никаков исклучок. Таа е потполно јасна и сфатлива додека оперира со конечни големини. Штом помине во таинствена област на бесконечност, нејзините тези се губат во противречностите. Изгледа дека нашиот разумот не служи одлично додека се движиме во сферата на конечното.[10] Штом навлезе во таинствената област на бесконечното, тој постанува несигурен како и земниот сат или компас на Месецот, или во областите Антарес или Орион. Споменуваме некои најпрости примери.

Геометриска е аксиомата дека низ центарот на секој круг можеме да истргаме бескрајно многу пречници. Но, поради што секој пречник означува два полупречника, тоа тогаш бројот на полупречниците мора да биде два пати поголем од бројот на пречниците. Од тамо се доаѓа до апсурдот дека 2 = 1. Уште еден пример. Низ броевите е бесконечен. Пола броеви во таа бесконечна низа се парни, пола непарни. И, каде што секоја од тие две низи е повторно бесконечна, што повторно значи дека 2 = 1. А ако би го зеле во обзир редот на броеви од самите десетици или од самите милиони и тој ред е повторно бесконечен како и оној со сите единици, па така доаѓаме до апсурдот да е 1 = 1000, или милион. До сличен апсурд доаѓаме и во областа на најелементарната аритметика. 1: ∞ = 0 и 99999 : ∞ = 0. Никој не ќе рече дека 1 = 2, а уште помалку дека 1 = 99999. А логиката на математиката, кога е во прашање бескрајното, нè води токму кон тие апсурди. Геометријата знае и за ваква теза, и тоа математички докажана; дека правата линија е дел од кугот, чиј пречник е бескрајно голем.[11] Но, кој може да го разбере тој „бескрајно велики пречник“ ? Таквиот поим е contradictio in adiecto, бидејќи пречникот на кругови, со самото тоа што пречникот не може да биде бескраен, туку мора да биде ограничен со две точки на периферијата од кругот. Освен тоа, двата круга мораат постојано да бидат поголеми од својот пречник π пати, бидејќи О = dπ. А ако е сам пречник (d) на бескрајниот круг, каква смисла тогаш може да има тврдењето дека двата круга се уште и поголеми од пречникот ?! Што може да биде поголемо од бескрајното ! Меѓу другото Јум и Беркли така радикално ја прокритикувале вишата математика што математичарите сеуште не се одбраниле од таа критика.[12] Говорејќи за несфатливоста на геометриските аксиоми, кога е во прашање бескрајот, Јум вели дека нема ниту еден религиски став, ниту една „поповска“ догма која човечкиот ум повеќе би го збунила отколку учењето за бескрајното делење на просторот, врз што и геометријата најпрво и ги заосновува своите теории.[13]

Така, потоа постои предмет ! А кој тоа би го рекол ?! Па тука е пред нас математика ! Најрационална наука, а не теологија и апологетика со своите тајни !

Сепак, изгледа дека пред овие Јумовите критериуми, најлошо би поминала историјата, и тоа ни крива ни должна. Бидејќи, што може историчарот да докаже со математичко-експерименталниот метод?! Целата негова наука почива на веродостојноста на историските извори. Ние, потоа имаме пред себе само една научна вера, додуша образложена и оправдана, и поради тоа ја нарекуваме знаење, а во суштина таа е сепак вера, токму како и во тој дел на апологетиката, кој се занимава со прашањето за веродостојноста на натприродното откровение. За историските настани може да се каже дека нив непосредно ги знае само оној кој нив ги доживеал. А  ние сите други веруваме (не слепо, туку образложено) на историските извори. Целата историјата како наука ако се стави на вага заедно со гносеологијата, не претставува ништо друго, туку само една вера, и тоа двојна: историчарот му верува на изворот, а ние на историчарот. При тоа уште не ги земаме во предвид различните оценки и различните коментари на историските настани, кои  кога тогаш се разликувале дури до взаемно исклучување и противречност.

Држејќи се строго до Јумовиот критериум во име кога на теологијата и се негирала научната вредност, сме морале уште пред тоа да ја одрекнеме научната вредност на историјата воопшто, без предвид дали е материјалистичка или библиска, и да ја фрлиме на клада. А кој би се осудил такво нешто да направи !?

Кога работите стојат така, тогаш е потполно неоправдано да се негира поимот и достоинството на апологетиката како наука пред тоа да се направи со сите останати науки, не исклучувајќи ја ни математиката.

Ако е и понатака, сето тоа така, а фактите покажуваат дека е, тогаш треба да се избере: или да се признае Јумовиот критериум за исправен па да се негираат сите науки, а не само апологетиката, и сите филозофии вклучувајќи ја и Јумовата и Кантовата и Контовата, или да се отфрли тој Јумов критериум како бесмислен и тогаш да се признае научната вредност не само на нетеолошките науки, туку и сите теолошки науки, разбирајќи, и на апологетиката.

Најпосле не можеме да ги сметаме за оправдани ниту оние трите приговори кои ги упатуваат марксистичките критичари на товар на апологетиката. При излагањето на разни називи на нашата наука, видовме дека називот „апологетика“ не е единствен назив кој таа би морала да го носи, ниту ја изразува суштината на таа наука. Освен тоа нејзиниот научен на апологетирање на религијата не се состои во тоа да се одбрани религијата по секоја цена, па дури и по цена на тенденционото и лажно прикажување на фактите како што би направил некој несвесен адвокат, бранејќи го својот клиент. Тој проблем за веродостојноста на религијата воопшто не и пристапува априрористички, ниту како предходно спомнатиот адвокат кон својот клиент, ниту како придобиен судија кон оптуженикот. Тој постапува како совесен судија кој ги испитува сите потребни факти и околности пред да донесе пресуда. Впрочем, судијата може хипотетично да тврди дека дека оптужениот е навистина крив. Затоа и го сослушува. Може исто така во себе најнапред да претпостави дека оптужениот не е крив, па затоа го сослушува и него и тужителот и бранителот и сведоците. А конечната пресуда ја донесува дури после сослушувањето на двете страни. Така исто постапува и апологетиката. Таа  може да тргне со претпоставка  дека нејзината цел – доказот за веродостојноста на религијата- може да се постигне. Но таа својата цел не ја прогласува со конкретно постигнат прериоритет, пред да ја испита работата. И во тој поглед таа постапува точно според принципите на секоја друга наука. Од историјата на разните науки имаме маса на примери, каде научникот најнапред ја поставува својата цел како хипотетичко постиглива, иако конкретно сеуште не е постиглива.[14]

Што се однесува  на другиот приговор дека научното испитување на некој проблем тоа значи да се набљудува атеистички, таквиот став боледува од она што пред малку неоправдано се приговарало на апологетиката; од догматизам и априоризам. Бидејќи тргнува од тоа дека науката дефинитивно, со екперимент и математика докажала дека нема Бог, и според тоа е залуден секој обид за докажување на веродостојноста на религијата. Апологетиката и теологијата воопшто, со причина би се сметале за антинаучни кога претходно ќе се изнесат научни докази дека нема Бог. А такви докази не постојат! Поради тоа апологетиката не може априори да се отфрли како неможна и антинаучна.

Третиот приговор на марксистичките критичари на апологетиката е неоправдан.

Прво, тој е сличен со малку предходно спомнатиот Јумов критериум на научноста. А ако од сите науки би се барало своите тези да ги постават на логичка и математичка очигледност, тогаш на многу науки би морало да им се одземе поимот за науки пред апологетиката. Тоа пред сите науки би морало да го доживее таканаречениот „научен“ атеизам. Бидејќи, како што епознато, ниту еден атеист – макар да би бил и марксист – не изнел докази против Божјото постоење, кои би имале логичка принуденост, математичка очигледност и експериментална допирливост. А представниците на „научниот“ атеизам, токму затоа што атеизмот и науката ги сметаат за синоними, стојат под морална обврска да изнесат такви докази.

Друго, за да секоја наука би била вистинска, не е потребно да се постави на физички експерименти и математичка очигледност. За вистинската објективна наука тоа не е неопходен услов, а во многуте научни области тоа по природна работа дури е неможна. Доволно е за научната исправност на некои науки дали таа има пред сè морална свест, како што најнапред објаснивме. Што се однесува на апологетиката, таа тој услов сосема го исполнува. Во извесни области од своето изложување таа оди и до логички очигледности, што – впрочем – зависи од природата на материјалот, кој што се изложува.

Најпосле, трето, на основата на една голема сумнителност, па можеби и подметливо тврдење, дека апологетиката не располага со логичка убедливост, отфрлајќи ја апологетиката од друштвото на науките, тоа значи уште пред неа да и ја оспорат научната вредност самата марксистичка философија, која преку устата на своите најистакнати представници за себе тврди дека човекот никогаш не е кадарен да ја знае вистината сосема сигурно и сосема јасно.[15] А апологетиката, иако знае и тврди дека има вистина која нашиот разум не може да ја опфати со своите сили, сепак не паѓа толку ниско да ја порекне можноста за потполно јасно и сигурно знаење на секоја вистина. По нејзиното тврдење има вистина која ја надминува моќта на нашиот разум, а има од нив кои можеме да ги сознаеме потполно јасно и потполно несомнително без никаква остапка. Затоа марксистичката критика на апологетиката, ако воопшто нешто вреди, повеќе ја погодува марксистичката философија, отколку апологетиката, за која е наменета.

 

б) Апологетика и ирационализам

1) разни облици на филизофски ирационализам

Во филозофијата постојат разни анти-интелектуалистички правци кои го оспоруваат човечкиот разум на правото и можноста за сознание на секакви, а посебно за религиски вистини. Тука доаѓаат разни облици на скептицизам, агностицизам, волунтаризам, интуиционизам, мистицизам, егзистенцијализам итн. Сите тие правци можеме да ги наречеме со едно заедничко име: ирационализам. Зашто апологетиката е рационална, т.е. интелектуална наука, не рационалистичка (во смисла на рационализмот од 18 век), тоа тогаш е ставот на разните ирационалистички филозофски системи во основа антиапологетски. Но, тој антиапологетски став не е против секое апологирање на религијата, туку само против овој рационален, интелектуален или „схоластички“ тип на апологетика, а не и против една апологетика која би била заснована на ирационализмот. Некои римокатолички благослови дури и во Берксоновата филозофија пронашле апологетски елементи.[16] Може некој дури и Кантовата критичка филозофија да ја користи во апологетски цели, ако Кантовиот агностицизам го постави како параван помеѓу религијата и борбениот атеизам, па врз основа на истиот тој  критицизам и се гарантира на религијата право на опстанок на основа на слободното верување без никакви докази, а критиката да се насочи на сметка на борбениот атеизам, укажувајќи му дека ни тој нема против никакви научни докази, туку може да почива, како и секој догматизам на чиста вера, без никакво образложение.

Но овој стил на апологетиката би бил повеќе лично-филозофски отколку објективно научен. Ако апологетиката сака да биде вистинска наука, таа неможе да почива на никаков ирационализмот. Апологетиката никако не го негира фактот дека религијата како психички настан на човековата душа има и свој ирационален дел. Но, како што неможе да се негира дека во религијата дека постои нејзиниот ирационален дел, исто така неможе да се негира дека таа навлегува во интелектуалната област на човековата психа. А апологетиката, оставајќи го ирационалниот дел на религиското доживување на разните религиски уметности, и во литургиката, и аскетиката, и религиозниот мистицизам, го обработува токму тој интелектуален дел од религиозниот живот. Затоа таа на тој терен мора да биде рационална наука. Таа сака човечкиот разум да го подготви за примаење на верата. Оттука, апологетиката може понекогаш да користи и некои аргументи од ирационалистичката филозофија, каде има место и потреба, но таа не смее и неможе да ја напушти рационалната основа врз која почива како и секоја вистинска наука.

 

превел : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

 

[1] Н. П. Рождественский, Христијанская Апологетика, том I стр. 97, С. Петербургъ 1884.

[2] Владан Максимовић, проф. Универз. Загреб, Увод у филозофију, стр. 18 – 19, Београд, 1925.

[3] Др. Бранислав Петронијевић, проф. Универз. Историје новије филозофије, II издање (поправљено), стр. 340, Београд, 1922.

[4]  Г. А. Габинский, Критика христијанской апологетики, стр. 16, Москва. 1967, (Институт научного атеизма).

[5]  Исто, стр. 3.

[6]  Исто, стр. 10.

[7]  Имануел Кант, Критика чистог ума, прев. др. Никола Поповић, Београд, 1932. стр. 331 и 385.

[8] Борис Зихерл, Дијалектички и историјски материјализам, стр. 81 – 86, Београд, 1952.

[9]  Линколн Барнет, Алберт Ајнштајн и свемир, стр. 17, 19, 30, прев. Богдан Поповић, Белград, 1956.

[10] Др. Бранислав Петронијевић, Основи теорије сазнања, стр. 84, Београд, 1922.

[11]  Dr Juraj Majsen, Geometrija za više razrede srednjih uičlišta, Zagreb, 1928, str. 199 – 200.

[12]  Др. Бранислав Петронијевић, Историја новије филозофије, стр. 304.

[13]  Исто, стр. 338 – 339.

[14]  Dr Đuro Gračanin. Red. Sveuč. prof. Vjerodostojnost nadravno objavljene religije, Zagreb, 1961, str. 117 – 118.

[15]  Др. Сима Марковић, Прилози дијалектичко – материјалистичкој критици Кантове филозофије, Београд, 1936, стр. 83 – 84.

Ф. Енгелс, Фојербах и крај немачке класичне филозофије, Белград, 1955, стр. 12 и 42.

Жорж Полицер, Основни принципи филозофије, Белград, 1951, стр. 107 и 127. Превод др. Борислав Благоевића.

[16]  Др. Борислав Лоренц, Философија и психологија религије, Београд, 1940, стр. 213.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s