Од љубомора до завист

Posted on Updated on

 иконии

          Љубомората главно носи негативен контекст во секоја нација. Често се доаѓа до идентификација помеѓу љубомората и зависта, а тоа научниците го сметаат за погрешен став. Љубомората се движи таму, каде што се движи голема љубов. Меѓутоа, со самото тоа наместо љубовта се појавува посесивност, лажно право на некоја личност во секоја смисла на зборот како другите да немаат слободна волја. Можеме да кажеме дека здравото чувство на љубомора произлегува од односот на две суштества кои не сакаат некој трет да им загрози тој однос. Таков антропоморфизам затекнуваме и во старозаветната историјата кога Божјиот гнев се идентификуваше со љубомора во контекст на човековото неодговорање на Неговата љубов. Со зависта не е така. Зависта не простува ништо, бидејќи  секогаш  себеси се гледа на местото на другиот или себе како – нереализиран друг. Другиот е крив што напредува во она што првата страна не може да го реализира. Реално, сосема имагинарна основа за нечија вина. Кај српскиот народ, постои уште одамна една современа поговорка: Не простувај нечиј успех! Но, проблемот за љубомора или зависта не мора да биде поврзан само со успехот. Исто така постојат и други фактори: личната немоќ, сомнежот за лојалноста на љубовта, унинието, слабата волја, цинизамот, самооправдување, и така натаму. Можеби тоа е само недостаток на љубов за себе или кон другиот, иако самата љубомора лажно се претставува како чувар на љубовта. Многу тешко да се постави границата до каде престанува љубовта, а каде започнува љубомората. Сигурно е дека секој, дали во поголема или помала мера, бил или сè уште е љубоморен. Најголемите трагедии, но и најголемата љубов,  чудно, настануваат токму на оваа раскрсница. Од човекот потоа само зависи во кој правец ќе тргне – кон позитивниот или кон негативниот. Љубоморниот дечко или девојка се плашат  некој да не  загубат, па прават сè и што треба и што не треба за да не ги загубат своите сакани. Понекогаш тоа добива страшни, а понекогаш  најромантични размери. Понекогаш тој страв е основан, а понекогаш не. Зависта, пак, го изградува своето присуство преку омразата на еден кон друг. Другиот му претставува камен на сопнување за својот напредок. Дури и во другиот може да го види она што него го измачува – егоизмот. Другиот нема други грешки, освен тоа, дека постои каков што е веднаш до него. Тоа е болно набљудување на работите. Пред сè, тоа е непотребен поглед! Некои директно ја проектираат својата завист преку одредено злодело, а други во најдобар случај преку игнорирање на другите. Потоа, некои отворено ја покажува својата слабост, а други се кријат. Првите го напаѓаат оној на кого му завидува, а другите се повелкуваат далеку од оние на кои им завидуваат. Но, и љубомората и зависта не постојат сами по себе, туку преку одредени објекти на нивните желби, страсти, во споредба со друг, или во однос на позицијата на другиот. Чие око не е лошо и умеете да простува, неговата или нејзината љубов не ќе се сопнуваат на одмерување со другите. Ако некој  на нас е љубоморен или завидлив, тоа може да биде само затоа што ние немаме скромност или затоа што самите се промовираме дека поседуваме поголема вредност отколку другите. Постои свет без љубомора и завист толку колку што ние го правиме тој свет подобар со своите дела.

 

превел : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Извор: https://upodobljavanje.wordpress.com/2011/12/22/%D0%BE%D0%B4

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s