Тивка апокалипса

Posted on Updated on

Презвитер Димитриј Шишкин

 

last_judgment1Годината започна со загрижување, како што Писмото вели: страшни појави, земјотреси по светот, виулици и војни … и многумина се „растревожени и нервозни“ … Со еден збор кажано пред нас „е почетокот на болките“ (Матеј 24, 8).

И ние загрижено ги пратиме последните вести, ги разгледуваме, се заплашуваме, но не ја забележуваме како туѓата несреќа и болка постануваат дел од глобалната шоу програма. Темата за апокалипсата одамна постанала пополарен бренд во индустријата за забава, иако нејзината вистинска содржина на овие важни зборови е различна. Зборот „апокалипса“ се преведува како „откровение“ – тоа е она што Бог го открил за наше воспитување, за да бидеме трезвени, за да се сеќаваме на вистинската цел на земниот живот, како и на неопходната потреба од постигнување единство со Бога.

Терминот апокалипса кај нас упорно се поврзува со страшните, катастрофални настани од светски размери. И сите ние знаеме за надворешните знаци околу приближувањето на вселенската катастрофа. Многу се зборува за нив, се разгледуваат, но постојат и други, многу поважни сокриени знаци. Господ вели дека во последните времиња: „ и бидејќи безаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади“(Матеј 24, 12). А апостолот Павле додава – најнапред за нас – дека луѓето ќе бидат: „самољубиви, среброљубиви, горделиви, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни …“ (2 Тимотеј 3, 2). Тоа е она на што е потребно да  обрнеме внимание, ете од тоа треба да се плашиме повеќе и од земјотресите, цунамите, радијацијата …

Живееме во епохата на глобалните климатски промени. Нема да зборувам за времето – со него нека се занимаваат метеролозите. Зборувам за катастрофалната промена на човековата природа. Некои ќе речат дека од времето на падот во грев ништо не се изменило ни во човекот, ниту во човечкиот род како целина. Но, за жал, не е така. Инаку не би бил ниту Сеопштиот потоп и пропаста на Содом и Гомор – тие се големи примери на масовната и катастрофална деградација, со сите последици, кои произлегуваат од неа. Природата на човекот и опшеството како целина е „склона на грев“, според зборовите на Светите отци. Во нашево време тоа е особено очигледно. Вистинската апокалипса тивко и незаприметливо се развива во нашите срца, само што нејзините размери не ја достигнале онаа критична точка како кога пожарот, откако ќе се запали, ја разгорува целата земја и сите нејзини нешта ќе изгорат. Христовиот Дух излегува од нашите животи, а силно навлегува другиот, страшен сатански дух, кој користи, прагматизира, води во разврат, рамнодушност и безграничен егоизам. Еве живи примери од неодамнешните среќавања.

Еден човек не може нормално да оди, се движи многу тешко и бавно, со ситни чекори, привремено застанува и не може да се премести од местото. Стои, менувајќи нога со нога, собирајќи сила. Тивок, фокусиран човек. Неколку пати му понудив помош, но тој љубезно ја отфрли. Се гледа дека му е важна таа лична борба. Тој доаѓа во храмот во секое време: во лето по топлината од која се топи асфалтот, на есен по големите дождови, на зима по лизгавиот мраз (што е особено опасно за неговата положба) и во пролет, кога се изчезнува. Тој оди и оди во храмот, како да се искачува на сопствената, невидлива Голгота. А, сепак дури овие денови случајно ја дознав неговата приказна.

Претпазлив, вработен маж, грижлив татко и верен сопруг до неодамна имал напорен, исполнет живот, но се разболел. Нешто се случило со неговите зглобови, така да сега одвај може да се движи. После се случило нешто што дури и во нашето бездушно време тешко може да се поверува. Жена му и баба му го избркале од куќата … едноставно така, за ништо … затоа што се разболел и постанал товар. Го избркале … А тој не отишол да се суди со нив. Посакал да претрпи заради Христа, да го понесе својот крст. Неговата баба и жена го воспитувале неговиот единаесетгодишен син така да се плаши од својот татко. А, тој сè трпел со смирение и едноставност, не осудувајќи никого, говорејќи дека синот кога ќе порасне можеби поинаку би размислувал.

Бил примен од сиромашниод сосед во скромната колиба направена од кал со пропаднат покрив и разрушени прозорци. А во близина, во удобниот дом со камена ограда останала жената, која го избркала и оние, кои тој и сега, со восхитувачка незлобливост продолжил да ги смета за роднини.

Понекогаш немал што да јаде. Тогаш грижливите и сожаливите баби му спакувале во кутија масло, гриз, конзерви и леб – што ќе најделе. И тој искрено бил благодарен, се заблагодарувал од срце на Бога и бабите …

А, еве и друга приказна, исто така од неодамна. Дојде жена цела во солзи. Ја слушав и ми се чинеше дека сум паднал во некој кошмарен сон. Жената беше сопруга на еден богат господин. Живееле во законски брак многу години и се покажало дека жената е болна од карцином и дека лечењето ќе биде скапо. Тогаш мажот одишол кај лекарот и го прашал какви се шансите за оздравување. Докторот искрено признал дека шансите се мали, бидејќи болеста е проширена. Тогаш мажот и рекол на жена си: „Драга, проштевај, но неможам да трошам на тебе … не се исплаќа. Сфати: шансите да се опоравиш се многу мали, а јас може сè да изгубам“. Зборувајќи го ова, жената гласно плачеше, а јас неможев да најдам зборови за да ја утешам. Сфатив дека апокалипсата веќе настапува. Овде и сега.

И повторно некој ќе рече: така било од секогаш! Да, во светот постојано постоела и подлоста, и индиферентноста, и користољубивоста. Но, ако ја користиме актуелната терминологија – „нивото на радијација“ беше поинакво. Не беше критичен. А сега не е „во границите на дозволеното“, веќе одамна е „смртно опасен“. Ние исто така се плашиме од радијацијата, толку зборуваме за неа, посебно денес, а не приметуваме дека концентрацијата од „честичките на гревот“ во воздухот веќе одамна ги надминува дозволените граници. Меѓу тоа, ние таа опасност не ја чуствуваме, бидејќи сме престанале да го слушаме гласот на сопствената совест, тој „Гајгеров бројач“, кој Бог грижливо го всадил во душата на секој човек. И само затоа што совеста свесно и непрестајно ја прекршуваме, престануваме да ја слушаме, загушувајќи ја со гревовните навики и со беззаконскиот живот.

Се плашиме од сите можни катастрофи, а Господа ни вели: „не бојте се од оние, што го убиваат телото“ (Лука 12, 4). Страдањата, па дури и самата смрт можат да постанат топилничка печка за добрата душа, така да таа, како налик на очистено злато, да го достигне Царството Небесно. Но кога е изгубен Духот Христов, кога душата е лишена од благодатта, тогаш таа и овде, на земјата, живее во предворјето на вечната смрт. Треба да имате скаменето срце, па тоа да не го почуствувате. Во тоа се состои и главната несреќа, предзнакот на апокалипсата – во нашата неосетливост. Во тоа што не разбираме што е вистинско добро и вистинска среќа. Во самозаборавеното опивање со страстите, во потрагата на задоволствата, конфорностите, изобилство и успех по секоја цена, наспроти духовните и морални норми. Во тоталната заробеност од гревот, во страсната зависност.

Воопшто, зависноста во нашето време не е тесно психијатриски термин, туку веќе дијагноза на опшеството, кое не ја изгубило верата, но се откажало од нејзината сила – начинот на живот, губењето на традицијата и моралните норми. Денес скоро сите веруваат, но таа вера е нејасна, необврзувачка, вера „за секој случај“. И што е најтажно, таа вера не само што не се спротиставува на мнозинската зависност, но веќе и се прилагодува на нив, така што ништо не треба да менуваат во својот живот. Така се јавуваат многу „страсни“ вери: вера која помага во бизнис, која се прилагодува на похотите, властољубието, самољубието и гордоста … Освен зависноста, очигледно деструктивни и социјално опасни се и: алхохолизмот, наркоманијата, лихварството, постојат и помалку, маргинални завосности, ако може така да се каже, но не помалку опасни за човекот и опшеството. Тоа е истиот оној блуд, кој се шири со брзина на погубна епидемија. Воопшто не е метафора кога говорам „погубни“. Колку семејства семејства се разурнаа, оставајќи ги децата ако не потполни, тогаш полу – сирачиња, уништувајќи ги нивните души, формирајќи уште од детството разорена, погрешна претстава за семејството, за односите помеѓу мажот и жената. Младината, непрестајно ги изумува, развратнува и парализира сопствените души, несфаќајќи дека тие на крајот ќе мора да ги вкусат горчливите плодови на своето безумие, бидејќи „плата за гревот е смртта“ (Римјаните 6, 23) – распаѓање на душата. Делувањето на тој закон може да се измени само со длабоко и искрено покајание.

Постојат зависности, кои од гледна точка на современиот свет се сметаат за добродетели, но од гледна точка на Православната вера не се ни најмалку понепогубни и понеопасни за душата од „грубите“ страсти. Овие страсти и зависности токму затоа се и опасни, бидејќи се наизглед добри. Нивната опасност се состои во тоа што ја убиваат душата, лишувајќи ја од духовниот живот и одалечувајќи го Бога од нас, ако може да се каже на најнеприметлив начин.

Во овие „неприметливи“ страсти може да се вброи и страста на успехот и благосостојбата, кога човекот за темел на својот живот ја поставува целта да достигне статус во опшеството, градејќи кариера, изобилство и успех. Сите овие опсесии понекогаш се нарекуваат „здрава амбиција“, во реалноста го оддалечуваат човекот од разбирањето на вистинската цел и вредностите на човечкиот живот, правејќи го роб на една од најопасните страсти – гордоста – и нејзините деца: самољубието и славољубието.

„Најуспешниот“ човек може да биде во исто време во вистинска смисла духовен мртовец, најнапред затоа што ослепела неговата сопствена благосостојба и самозадоволство. Тој може да загине за Божјото Царство, цел живот служејќи на сопственото самоуживање. Таквиот човек често постанува неспособен да го види својот грев, да се покае за него – а тоа е вистински предзнак на духовната смрт.

Го наведов примерот на победата врз бездушноста во однос на блиските луѓе. Меѓутоа, постои и спротивна, „душевна“ страст, која убива милион луѓе, неприметливо и за нив самите. Зборувам за „грижите од овој свет“ (Матеј 13, 22), на кои асолутното мнозинство на крстените луѓе го темелат своето отсуство од свесниот христијански живот.

Господ вели: „пазете се вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство и грижа за овој свет“ (Лука 21, 34). Би рекле дека сево ова е изненадно: Христос, рекол дека тоа ќе биде толку природно, па дури и позитивно дело како и световните грижи, кои ги содржат смртните гревови на угодувањето на стомакот и пијанството. Зашто ? – Затоа што човекот во бесконечните грижи за овој свет најлесно заборава на Бога, на душата, па дури и совеста ги прикрива најсрамните гревови: крадењето, измамата, лажењето, користољубивоста, безбожноста – „добрите“ грижи за своето семејство и ближните. Во тоа се состои главната опасност на овие „тивки страсти“. Во тоа што ја убиваат душата неприметливо, но и без никаква сомнеж. Покрај тоа, големиот алхохоличар или лажливец полесмо може да постане свесен за својот грев, да се покае за него, а не како „грижливиот семеен човек“, кој ќе ги оправда најстрашните гревови заради „повисоки цели“. Се сеќавате на филмот „Кум“, таму во почетокот сè било изградено на таа „добра“ идеја за семејниот живот. Старашно е да се каже, но семејството и грижите од овој свет можат да постанат идол, кој го води човекот во пропаст. Затоа Господ вели: „Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене“ (Матеј 10, 37).

Љубовта кон семејството, грижата за фамилијата, трудот и кариерата, заработувањето на пари – сето тоа е добро и правилно, но само во случај ако човек не заборави на својата главна вокација – да живее во согласност со Бога. Ако сите свои помисли, зборови и постапки добриот семеен човек ги проверува, не мислејќи на овој болежлив свет, тука на Божјиот закон. Тоа е едиствениот темел за вистински, радосен, здрав и слободен живот.

Во Светото писмо се вели: „Господ е Дух; а каде што е Духот Господов, таму има слобода“ (2 Коринтјаните 3, 17). Ете таа е вистинската формула за слободата, која што треба да биде испишана во нашите срца, така што во животната комплексност, пред сè, да се грижиме да останеме во заедница со Духот Христов, да постапуваме христијански. И покрај тоа што таквото однесување, таквиот начин на живот, може да биде спротивен на нормите, кои се прифатени во современото опшество, па дури и да прави проблеми во животот на човекот, на крајот сепак самиот човек ќе биде најголемиот добитник – добитник на вистинската, најголема слобода, слободата на учеството во Божјата вистина, убавина и љубов. И тоа воопшто не се апстракни поими, туку највисока реалност во односот на кој ние го градиме сопствениот живот.

Кога ќе се случи катастрофа, во опшеството започнуваат сите можни проверки, надгледувања, тестирања … Луѓето тежнееат да се обезбедат, да ја спречат несреќата. И тоа е потполно нормално. Но зошто го игнорираат советот на Оној, Кој знае како во реалноста да ги избегнеме сите тие несреќи?!

„Бидете будни и молете се“ (Матеј 26, 41) вели Господ. Да бдееш значи да не си дадеш на себе си да се отргнеш со духот од времето, да живееш според законот Божји, да мислиш, зборуваш и постапуваш со свештена трепет за Неговото присуство.

И треба да се молиме не само читајќи одреден број на зборови, туку со живото срце, обраќајќи на живиот и семоќен Бог со болка, надеж и вера.

Вознемирувачки вести доаѓаат од Земјата на изгревањето на сонцето, и како да не се сетиме на Фукушима, која во превод на јапонски значи „Островот на среќата“. Можеби страшната трагедија во последните неколку недели само уште едно потсетување за сите нас, кои живееме на Земјата, дека среќата без вера е како куќа изградена на песок. Дека технолошкиот рај може лесно да се претвори во пекол, во технолошки ад. Едноставно затоа што најголемата среќа е во – согласност со Бога. И Неговот Царство е во нас. Само треба и потребно е да го пронајдеме.

 

Извор:

http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Apokalipsa/TihaApokalipsaSiskin.htm

 

превел : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s