Глобализацијата како благослов

Posted on Updated on

Димитриј Карајанис е професор по детска психијатрија, учесник во програмата “Психијатријата и богословието во дијалог” во Грција, творец на центарот за ментално здравје и семејни консултации, член на повеќе меѓународни организации. Во основата на практиката тој ги става православните антрополошки принципи за ексклузивноста (исклучителноста) на секоја одделна личност и го нуди евхаристичкиот начин на живот како контрапункт на распаѓањето на секојдневниот живот.

цркваа Христијаните не се разликуваат од останатите луѓе

ниту по местото на живеење, ниту по јазик, ниту по обичаи

(Послание до Диогнет)

 

Започна постмодерниот период во историјата на човештвото. Станува збор за огромен пожар, кој се протега на се поголем дел од земјата и е на пат да ја покрие целата. Како главни негови елементи се наведуваат: надминување на растојанијата преку современите транспортни средства и електронски уреди за комуникација, крајот на границите меѓу државите и цивилизациите преку доминацијата на мултиетничките компании кои бараат профит во рамките на глобализираниот пазар.

Во овој контекст секоја помесна разлика – јазикот, културата, религијата се сметаат за пречка. Во раната фаза различноста не се забранувала отворено, но се сметала за иритирачки елемент, кој треба да се изолира. Следствено, елементите на кои се  градело постоењето на народите, денес се ставаат под сомнеж.

Во нашата земја постоењето на народот се поврзува со грчкиот јазик – носител на богатството на грчката цивилизација меѓу длабочините на човековата историја, како и со Православната христијанска вера, која не е уште една религија, а автентичното пренесување на откровението на Вистината. Релативизацијата на вредноста на овие два столба е еднакво или изгледа слично на целосното уништување на постоењето на народот.

Слична перцепција сепак проблематизираат некои духовни луѓе кои за накратко стигнуваат дотаму да ја отфрлат новата реалност и да жалат за изгубеното минато “за идеалната” состојба.

Тука доаѓа повикот кон внатрешен и конструктивен одраз, врз кој влијае преземањето на соодветните одговорности, а не занимавањето со негативните аспекти на новата состојба, кои всушност постојат. Дали вредностите кои денес се препознаваат, се реални или лажни и без содржина? Прашањето е реторичко. Сепак постојат некои од оние кои ги бранат “пренесените од татковците” вредности, откако реално не им веруваат на динамиката на тие вредности.

За нас прашањето се поставува на поинаков начин. Топлата печка на постмодерната глобализација ќе ги претопи сите индивидуални традиции и сите оние сфаќања, кои биле сметани за вредности. Меѓу потиснатите  услови таа ќе го испита постоењето на вредностите. Секое нешто ќе биде испитано: семејството, сопружништвото, татковината, природата, средината, верата и т.н.

Тоа искушение изгледа огромно. Отпорот изгледа залуден. Резултатот изгледа како земен од трилер, од сценарио со научна фантастика. Овој поглед, сепак претставува предавство на светите маченици, тестирани меѓу жестоките гонења, кои и тогаш личеше на конечниот крај. Во тие околности се родиле ликови и светители, сè најдобро избрано што го содржи нашето Предание. Следствено, пастирскиот пристап на Црквата не може да биде постојано жалба на и кон она што беше загубено.

Црквата, која се моли за “целиот свет”, не може да се ограничи на границите на некоја држава или на некој период од времето. Не може Црквата, која е кивот (прибежиште – пристаниште) на животодателното Предание да западне до сандак (авторот си “игра” со двојното значење на зборот “кивот” во позитивен и негативна смисла ) за чување на некакви традиционални елементи.

Верните и пастирите, кои ги бранат убавите и вредните навики и обичаи на едно друго, неповратно минато општество, не можат да се изедначуваат со минатото. Не може естетиката на одредена епоха да се крева во вредност, а нејзиното угнетување да се смета за престап, додека во “Послание до Диогнет” ранохристијански светец, говорејќи за естетиката и надворешноста на христијаните, забележува дека тие не се разликуваат од оние на другите луѓе.

Одбранбената и конзервативна позиција е удобна за некои, кои се вклопиле во хиерархијата, кои се фокусирани на создавањето зависност од силата на власта, откако им оддаваат почести без тие да оддаваат нешто слично. Расправиите одговараат на оние кои не ја преживеале радоста на воскреснатиот возглас: Дојдете сите! И последниот како и првиот. Постеле или непостеле …

Очајната позиција одговара на професионалците на религијата, а не и на пастирите и верниците, кои размислуваат за “едно стадо и еден Пастир”. Разочарувањето одговара на оние, кои ја сметале Црквата како прибежиште за нивната индивидуалност, а не и на оние кои сметаат дека христијанските заедници, како и вечерите на љубовта, припаѓаат не само на ранохристијанскиот свет, а и на идниот век.

Стравови се оправдани за оние кои се молат механички и повторуваат “сега и секогаш и во вечни векови” без да разберат дека ако нешто исчезне во вечните векови, тоа нема да биде оживеано со ослободувачката сила на Воскресението, ниту со Светиот Дух од Педесетница, Кој е  “Дух секадеприсутен”, а само некои мислења, кои некои луѓе ги нарекле вредности.

“Другите” претставуваат закана за едно затворено општество. “Другите” со разните обичаи и однесувања, култура и вредности предизвикуваат дестабилизација, која доаѓа од односот со различното.

Пример туризмот е закана за локалните заедници, кога странецот се среќава и учествува како маѓепсан во економската врска, давајќи го секое нешто без да создаде односи. Но во исто време туристот е странецот, кој чука на вратата и е удобен случај за суштинската комуникација преку можноста за неговото соучесништво во животот на една автентична заедница.

“Другите”, “неверниците”, се надеж за повторната евангелизација на христијаните. Доколку “другите” се живи творители, тие бараат докази. Тие го ставаат под сомнение секое битие и бараат да ја разјаснат  функционалноста на секој теоретски поглед. Тие сакаат да ги поврзат новите елементи со нивното дотогашно искуство. Тие го бараат Воплотеното искуство на секоја вредност од оние кои ги ветуваат.

Мисијата е природната позиција на живата христијанска заедница. Со текот на вековите меѓу сеопштата расипаност на поимите – поради ставот на Западната Црква – мисијата стана религиозен еквивалент на колонијализмот и империјализмот. Ограничувањето, врвот на таа позиција наоѓа примена во крстоносните војни во средниот век во Европа и во современа Америка, каде политичката и економската остварливост бараат религиозно алиби.

Во Православниот Исток, сепак мисијата е еднаква на служењето (грижата и послужувањето од страна на христијаните кон нивните браќа нехристијани). Грижата не може да влијае само врз христијанинот, затоа што според Евангелието “ако им правите добро на оние што вам ви прават добро, каква ви е наградата? Не постапуваат ли така и незнабошците? “.

Затоа, работата на грижителите  врв достигнува меѓу различните групи на населението и тоа е единствениот начин да се зачува автентичноста на верата.

Мисијата, која се чувствува загрозена од различноста и сака да ја отстрани, а не да ја инспирира, влијае врз нејзиниот несигурен експонент, а не воскреснува надминување на секое збирно знаење.

Со ставањето под сомнение на сите нешта постомодерната ера е благослов. Како што ги релативизира вистините, таа дава можност за наведување на Вистината. “Модерни” луѓе од постомодерниот период ќе ги замислат верниците, бидејќи ќе ги споредат со минатото. Сепак автентични носители на автентичните вредности ќе бидат оние кои ќе можат да ги состанат младите од пост-модерниот период, кои ќе бараат автентичност, за да го осмислат својот живот …

 

Извор : http://dveri.bg/xqaxw

превел : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s