БИБЛИЈАТА (СВЕТОТО ПИСМО)

Posted on Updated on

3  Библијата е наречена пишан збор Божји.Ова не значи дека Библијата паднала од небото веќе готова,ниту пак дека Бог ја диктирал збор по збор на луѓето,кои биле само Негови пасивни инструменти.Тоа значи дека Бог се открил Самиот Себе – како вистински и жив Бог на Неговиот народ и дека како еден аспект на Неговото божествено само – откровение Бог го инспирирал (вдахновил) Својот народ да произведе писанија,односно пишувања,кои ги сочинуваат вистинските и искрени изрази на Неговата вистина,Неговата волја за Неговиот народ и за целиот свет.

Зборовите на Библијата се човечки зборови,всушност сите зборови се човечки.Тие се човечки зборови,но кои што Бог ги вдахновил да бидат напишани  за да останат како пишано сведоштво за Него-Самиот.Како човечки зборови,зборовите на Библијата ги содржат сите карактеристики на луѓето,кои што ги напишале нив и за времето и на културата во која тие биле напишани.Сепак,во целосниот интегритет на нивната човечка состојба и форма зборовите на Библијата се навистина – самиот збор Божји.

Библијата е навистина – зборот Божји во човечка форма,бидејќи нејзиното потекло не е во човекот,туку во Бога,Кој го благоволил и вдахновил нејзиното создавање.Во оваа смисла, Библијата не е како секоја друга книга.Во Библијата,во и низ зборовите човечки секој го наоѓа само – откровението на Бога и може да дојде до вистинското и искрено знаење за Него и за Неговата волја и промисла за човекот и светот.Во и низ Библијата,човчките личности мажат да влезат во општење со Бога.

Библијата е Божји збор, кој говори за верата и правдата, за трпението и сведоштвата за преголемата љубов Божја кон човекот. Таа е напишана за да го благовестува и објавува спасението на сите луѓе. И е духовен инспиратор за верата во Бога.Таа е сигурен патеводител во нашиот живот. Во и преку неа наоѓаме одговор на сите прашања што се однесуваат до нашето битие и бититето (почетокот) на целиот универзум. Божјиот збор го просветува разумот и зрачи во него со најубава светлина, бидејќи и Самиот Господ Исус Христос вели : „Јас Сум светлината на светот“ . И пак вели :  „Јас Сум патот, вистината и животот“.

 

„Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност, за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело. “ (2 Тим. 3,16-17)

 

Библијата е дар од Севишниот со цел да ни го открие Својот вечен план за спасението на човечкиот род, преку верата во Неговиот Син, Исуса Христа. Светото Писмо просветлува, усовршува и осветува. . .

 

Тоа е верата на Православната Црква, дека Библијата (Светото Писмо) како божествена вдахновен збор Божји во зборовите човечки не содржи формални грешки или внатрешни спротиставувања што се однесуваат на односот помеѓу Бога и светот.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s