За значењето од читањето на Светото писмо за христијаните

Posted on

Свети Јован Златоуст

 

2

Пред да почнам да со толкување на евангелските изреки, сакам од вас да побарам една услуга и немојте да ја одбиете мојата молба. Од вас нема да барам ништо што е тешко и напорно. Таа услога нема единствен да ми користи само мене, кој ја примам, туку и на вас, кои ја давате, а можеби и вас че ви биде далеко покорисна. Што е тоа што сакам да го побарам од вас? – Секој од вас нека ја земе неколку дена однапред во рака онаа одломка од Евенгелието, која во Црква ќе ја читаме во првиот ден по саботата или во самата сабота. Во својот дом внимателно и повеќе пати нека ја прочита и нека ја провери нејзината содржина, длабоко проникнувајќи во неа. Нека запомни што е таму јасно, а што нејасно, што е привидно противречно, иако во реалноста не е такво. Кога за сè ќе размислите, соберете се овде да ја слушнете беседата. Од таквата ревност и вие и јас ќе имаме голема корист. Нема да ни биде потребен голем труд – вас да ви ја објаснам силата на изреката, ако вашиот ум предходно има престава за неа. На тој начин ќе се насочите и подобро ќе го разберете она што го слушате, не само заради вашата сопствена поука, туку и за поучување на другите. Тргнувајќи од фактот дека многу од оние кои дојдоа тука да слушаат само заради тоа што на тоа се приморани и кои сега истовремено ќе мора да проникнат во сé – и во самата изрека и во самото наше толкување, напомнувам дека тие нема да имаат голема корист, макар ние на тоа да ја употребеме и целата година. Дали е воопшто и можно кога тие се само случајно овде, за кратко време, да се занимаваат со поуки ? Ако пак некој биде повикан на работа и се загрижува, заради недостаток на време, поради мноштво на јавни и лични, тогаш јас гледам како право, за голема осуда најнапред тоа што се занимава со толку многу работи, така што е приврзан за светските грижи и нема ниту малку слободно време да се занимава со работите, кои му се понеопходни од останатите. Како друго тоа е само оправдување и изговор затоа што нив ги разобличуаат пријателските собири, времето поминато во театар и одењето на коњски трки, каде често го поминуваат целиот ден. Меѓутоа никако во тие случаи не се жали на мноштвото на работи. Кога се во прашање неважни работи, никој од вас не се изговара и може да најде многу слободно време. Меѓутоа, кога е потребно да го слушате словото Божјо, тогаш вас ви се причинува дека тоа е непотребно и безначајно и дека на тоа не би требало да се употреби ни најмалиот дел од слободното време. Дали луѓето, кои така размислуваат се достојни, дури и да дишат или да го гледаат ова сонце? Тие невработени луѓе имаат и друг изговор, кој е уште повеќе неоснован. Всушност тие зборуваат лажно дека не купиле и ги немаат книгите од Светото Писмо. Меѓутоа кога се во прашање , смешно би било ако воопшто разговараме за таквиот изговор. Што се однесува до сиромашните, кои според моето мислење, воглавно и за тоа изговарат, би сакал да ги запрашам: зарем секој од нив нема доволно алати за занимањето со кое се занимава, а што е сосема исправно, бидејќи ним инаку би им се заканувало крајно сиромаштво? Зарем не е безмислено тука да зборувате за сиромаштво и да се трудите за ништо да не ви недостасува, а додека таму во црквата, каде можете да се здобиете со голема корист, да се жалите на недостаток од слободно време и сиромаштво. Покрај тоа, доколку некои навистина се толку сиромашни, сепак од фактот дека овде постојано се чита, можат барем малку да се запознаат со содржините на божественото Писмо. Доколку вам ви се чини невозможно, тогаш тоа не е без причина. Многу од они кои доаѓаат да слушаат без големо внимание, како во одредено време да извршуваат некоја должност, а потоа веднаш се враќаат во куќата. Ако некои и останат, по ништо не се подобри од оние кои си одат, бидејќи само со тело се присутни овде со нас. Меѓутоа, за да вас не премногу ве оптеретиме со разобличување и за да не го изгубиме целото време на прекор, ќе пристапиме на евангелските изреки. Време е нашата беседа да се придвижи на предложената тема. Само бидете внимателни, за да не изгубите ништо од она што овде се зборува.

 

 

Извадок од почетокот на 11 беседа

на прологот од евангелието според Јован.

 

 

превел : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s