Бог Отец

Posted on

Верувам во Бога Отецот, Кој е беспочетен, неискажлив, недостижен; Кој е надвор од секоја создадена природа и Чија што суштина е позната само Нему, на Неговиот Син и на Светиот Дух. Како што се вели во Светото писмо, дури серафимите не смеат да Го гледаат.

Верувам и исповедам дека Бог Отецот никогаш не примил материјална форма, ниту се воплотил. Во богојавувањата (теофаниите, јавувањата на Бога) во Стариот Завет, како сведочат светите отци, не се јавувал Бог Отецот, туку нашиот Спасител, второто Лице на Света Троица (т.е. Словото или Логосот, ангелот Господов, Господ Бог Саваот, ангелот на Великиот Совет, Стариот по денови), Кој се открил на пророците и тајновидците од Стариот Завет. Во Новиот Завет Бог Отец никогаш не се јавувал, но со глас од небото посведочил за Својот Син неколку пати. Токму затоа нашиот Спасител вели: Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во пазувите на Отецот – Он Го објави (Јован 1, 18) и  Не дека некој Го видел Бога, освен Оној Кој е од Бога; Он го видел Отецот (Јован 6, 46). Во установите на Седмиот вселенски собор се вели дека Света Троица не може да биде прикажана во иконите, бидејќи Он е без форма и невидлив. Затоа Бог Отецот не се насликува на иконите.

Верувам дека Он е причина на сите нешта и крајната цел на сè. Сите видливи и невидливи суштества имаат почеток од Него и било време кога не постоеле. Он го создал универзумот од апсолутно ништо. Земјата, исто така има почеток, а човекот е создаден од Божјата љубов. Создавањето на човекот и на вселената не е поради неопходност, туку е дело на слободната и неусловена од ништо волја на Создателот. Ако беше посакал, можеше да не не ни создаде; отсуство на креација не би Го намалило. Љубовта кон созданијата не е нешто што Му носи некакво потребно задоволство, зашто Он нема потреба од ништо. Божјата љубов не може да се спореди со човечката, како и останатите Негови квалитети: татковството, правдата, добрината – не можат да се споредат со нивните човекови соодејствија. Божјата љубов е тајна несфатлива за човековиот разум и интелект. Бог нема „чувства“, кои можат да доведат до страст, страдање, потреба или неопходност во Него. А сепак, иако природата на Божјата љубов останува несфатлива и необјаснива за човечкиот разум, таа е реална и јас ја исповедам, во согласност со Писмото, дека Бог е љубов.

 

превел: Петар М. Петковски,

студент на теологија при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s