За читањето на Светото Писмо (значење)

Posted on

проф. д-р Драган Милин, протопрезвитер

 

Секојдневното читање на Светото Писмо треба да е најголема потреба на секој верник, а особено на свештеникот и теологот. Неопходно е секој, кој сака да изнесува свој суд (мислење) во врска со Светото Писмо, позитивен или негативен, пред сè потрбно е да го прочита Светото Писмо од почеток до крај (од корица до корица), инаку би личел на критичар (драмски), кој гледал само еден чин од представата.

Поединечни делови и места во Светото Писмо мажат да се сфатат правилно само во контекст на целиот текст. Теолозите и свештениците можат ако пишуваат проповед или било што, да читаат и земаат поедини делови, кои им се потребни, ама мораат секојденевно да го читаат Светото Писмо. Многу случувања, личности и мисли се забораваат и потребно е да ги повторуваме преку целиот живот. Така секој пат  читателот ќе пронајди нешто ново, што при предходните читања не го забележал. Обичните музички дела се слушаат повеќе пати за подобро да ги разбереме, па исто се случува и со вредните книги. Можи при почетокот е потребен волев напон за да се навикнеме на секојденевното читање, ама потоа е необично и непријатно ако некој ден испуштиме да прочитаме и најмал дел.

Библијата е зборот Божји, таа е посебна книга, која не може да се чита како другите книги. Како што драгоцениот лек се зема помалку, така и Библијата треба да  се чита пополека со разбирање и доживување. Практичен совет, кој го препорачале многу тихувалници, старци, молитвеници, духовници  и толкувачи на Св. Писмо е да се одреди по една, две или три глави дневно. Меѓу тоа св. Отци нè советуваат да не преминеме кон опасноста на механичкото и формално читање.

Светиот Никодим Агиорит вака вели :

Оние, кои себе си си поставуваат тешко правило обично брзаат да прочитаат сè, негрижејќи се дали доаѓаат до умиление (разбирање,  соцрцевање, умоление) за она што се чита и дали во умот се раѓаат возвишени мисли. Кога нема да успеаат да прочитаат сè што определиле, се нервозни и лути не поради тоа што се лишиле од духовните плодови, туку затоа што нè прочитале сè.

Свети Исак за тоа вели :

Ако сакаш од  прочитаното да имаш корист и да го разбереш тоа што ќе го прочиташ, не обрнувај внимание на бројот прочитани страници, туку задлабочувај се во зборовите на Светиот Дух сè додека душата нè се воодушеви од Божјиот домострој и не почне да го прославува Бога.

            Во брзото читање умот не е мирен, а возбудата смета да се сфати промислата и смислата, слично на пијавицата, која црпи крв од телото, ја краде човековата мисла …

Блажени Ероним вели :

Незнаејќи го Писмото, не го познаваме ни Христа …

 

Извор :

оргинал : О значају читање Светог Писма ;

 – извадок од учебникот Вовед на Светото Писмо на Стариот Завет.

Превел:

Петар М. Петковски,

студент на теологија  при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s