Есеј за петтата глава од евенгелието според светиот апостол и евангелист Матеј

Posted on Updated on

10177878_10152790918260330_6390968252976534579_nДеновиве разгледувајќи ја зададената работна вежба, читајќи ги првите глави од евангелското четиво по Матеј ми се даде повеќе време и место да размислувам за нив. Постепено стигнав и до петтата глава, каде се опишува за почетокот на Христовата  спасоносна проповед на земјата позната како Беседата на гората. Таа е темелот и јадрото на целиот Нов завет. Тоа е стартната позиција и почеток на нашето преумување, бидејќи се дава еден нов критериум, нова порака за нов живот.

Тука нашиот Господ го користи поимот добри дела. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен.[1]  Тие зборови ми го одзедоа вниманието. Ова барање од нас да бидеме пример во добродетелноста, овие добри дела се објаснуваат во контекст на блаженставата ( 3-12 ). Тие се пат кон вечноста, односно капка од вечноста во времето. Награди и вредности од Бога за влез во Царството.  Си го поставувам прашањето дали блаженствата се нешто повеќе или само реторички изрази ? Не се ли блаженствата дел од заповедите, кои нас ни ги дал Господа ? За нив еден свет епископ[2] рекол: Тие се правила за небесен живот на земјата. Зборовите на блаженствата не се заповеди, туку повици кои треба да бидат цел за исполнување на сите христијани. Во 19 стих е изречена една мошне јасна мисла или предупредување : И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во Царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во Царството небесно.

Во продолжение, а во контекст на евангелскиот текст се одвива разгледувањето и потсетувањето на Стариот завет, на кого сега давајќи му нова, духовна смисла, навлегуваме во сржта на Новиот закон, на законот на љубовта. Но тоа не го поништило или го укинало Стариот закон ( 17 стих )[3], туку тој се дополнил за совршенство и проширил до неговите крајни логосни и онтолошки граници, зошто го вовело духовното значење на законот во длабочините на внатрешното постоење на човештвото.

За да луѓето ја воочат разликата помеѓу законите Христос употребува посебна реторика со паралели и споредување. Сте слушнале дека им било речено на старите … Јас, пак, ви велам [4]Така се давала една нова духовна димензија и слика на стариот престарен закон, кој е основа за постанокот не една друга, нова духовна реалност. Не убивај постанува непрекинато поврзано со гневот. Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред врховниот суд. Вниманието повеќе не е усмерено само на надворешното делување, но е важен и изворот, намерата. Сега мотивот треба да се разгледува како земјиште од кое израснуваат и потекнуваат сите дела. Човештвото сега мора духовно да се бори, чува, контролира, заштитува и да ги чисти своите внатрешни помисли, мисли, чуства и тенденции кон гневот, и во таа смисла, треба да ги посматраме во исто светло како дело, односно со убиство.

Господ влегол во најдлабоката длабина на човековото срце и укажал на изворот, кој ги предизвикува грешните дела. Понатаму вели: Не прељубодејствувај ! Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое[5]. Тука уште еднаш укажува од духовна преспектива дека доволно е индивидуата само да помисли, не грешејќи со дело, но таа погрешила внатрешно, кое исто така еднакво подлежи кон вистинска прељуба.

Во ова глава Христос нѐ поучува и за клетвите и штетата од празнословието[6]. Говори и за отплатата[7], но со јазикот на љубовта, која продолжува и во останатите стихови, упатена во зборовите : Сте слушале дека е кажано – Љуби го, својот ближен и мрази го непријателот; А, Јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, за да бидете синови на вашиот Отец небесен[8]Ова е најсовршената љубов, која е објавена и во двете најголеми заповеди.

Она што особено е важно за оваа евангелска целина е љубовта, која е појава и нешто ново. Но и тоа што се бара целомудреност и трезвеност не само на делата, но и на мислите. Чистотата на срцето е многу важна и таа не води кон пресветлување  на умот и најпосле до обожението. Тоа е целта за и кон идејата за совршенството, кое како што гледаме е поставено во самата срж на  најраната христијанска мисла. Повикот : Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен[9] не е ништо друго освен повик за пребивање во љубовта и обожението. Во овој последен стих е претставена најголемата и најдлабоката стварност и потреба на нашиот духовен подвиг и живот. Живот во кој човека ќе се соедини со останатите луѓе и најпослем со Бога, остварувајќи го она зададеното и станувајќи личност.

Оваа цел за усовршување е бескрајна и се достигнува следејќи го Христа во Црквата, светите отци и списи, кои ги исполниле зборовите од Беседата на гората во дела, па така и ние не само да читаме, но и да испонуваме. Повикот, односно беседата за совршенство не запира тука, таа благовест продолжува и во наредните две глави (6 и 7) во кои Христа ни дава средства и ни покажува како полесно да ја оствариме целта на повикот.

 

Подготвил:

Петар М. Петковски,

студент на теологија  при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

[1]  16 стих

[2] Свети Иринеј Лионски

[3] Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да го поништам, туку да ги исполнам.

[4] 21 – 22 стих

[5] 27 – 28 стих

[6] За клетвите и љубовта кон вистината: 33 – 37 стих

[7] За отплатата: 38– 43 стих

[8] За љубовта кон непријателите: 43-45 стих

[9] 48 стих

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s