Беседа за двете гозби

Posted on Updated on

Mosti_svJovanСветиот отец наш  Јован Битолски, Шангајски и Сан–Франциски

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух ![1]

Денес духовно гледаме две гозби, за кои нас ни говори денешната евангелска проповед.

Едната гозба, опишана во приказната ја приредил цар полн со добронамерност и благодат. Но сепак, оние биле повикани на неа не дошле кога гозбата била подготвена. Тие повеќе сакале да се занимаваат со друго, кој со трговија, кој со своите домашни обврски, а некои дури ги фатиле гласниците, се здружиле, па дури некои и убиле. Разгневениот цар, откако строго ги казни виновниците, повторно ги испратил своите слуги – да го повикаат на гозба секој што ќе го сретнат. И се собрале голем број на гости и кога царот отишол да погледне во нив, здогледал еден необлечен во празнично руво. Царот го запрашал зошто не е облечен како што доликува, а тој молчел, покажувајќи ја со тоа омразата кон царот и недостатокот на желба да учествува во веселбата, поради што бил исфрлен надвор. Така на таа гозба мнозина биле повикани, а малкумина биле избрани, кои учествувале на вечерата.

Другата гозба не е алегориска, туку е реална. Таа е гозбата на безбожниот Ирод.[2] Како што се знае, на неа никој од повиканите не одбил да дојде, сите биле свечено одлечени и целосно уживале. Таа се одвивала во пијанство, забава, која не се воздржувала од страм, ни од совест завршила со најголемо злосторство – со убиството на Јован Крстителот.

Овие две гозби се слики на два начина на живот, два вида на уживање. Првата е праслика на духовната гозба, на духовното задоволство. Неа ја припрема Господ. Таа гозба е Црквата Христова. Ние сме повикани на таа гозба кога нас нè повикуваат да земеме учество во богослуженијата, особено во Светата божествена литургија и преку причестувањето со Божествените Тело и Крв на Христа, кон правење на добри дела, внимание и сочуствување. Не се отповикуваме кон повикот на таа гозба кога не присуствуваме на црковните служби, кога наместо добро правиме зло, кога ни се поважни секојдневни грижи и задоволства од божествениот живот. Ние не одиме во свадбена облека кога ќе внесеме туѓо, грешно расположение во овој живот. Секој од нас многу пати во текот на денот е повикан на оваа гозба и го одбива повикот секој пат кога телесно и грешно го претпоставува духовното и божественото.

На Иродовата гозба исто така сме повикани многу пати во истиот ден. Ние често не приметуваме дека злото нас нè искушува. Гревот секогаш почнува како мал. Ирод дури на почетокот на уживањето го слушал Јована Крстителот, тој внатрешно бил свесен за грешноста на своите постапки, но не се борел против гревот и стигнал до тоа да го убие најголемиот праведник. Ние одиме на Иродовата нечиста гозба секој пат кога наместо доброто го избираме злото, телесните, грешните задоволста, немилосрдноста, негрижата за својата душа и итн.

Почнувајќи од мал, веќе тешко се запира и ако покасно и на време не се освести и ако не бидеш строг кон себеси, можи да се стигни до најголемите гревови и злосторста, кои ги носат вечните маки.

И сега секој од нас Свети Јован Крстител го повикува: „Покајте се, зошто се приближи Царството Небесно.“ Покајте се, за да уживате во светлото, вечно пребивалиште на гозба со Јагнето, кое е заклано заради гревовите на целиот свет и за да не со ѓаволот го споделувате уживањето во злобата и мачењето во адот и пеколниот мрак.

Извор:

http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Besede/Lat_Besede_Jovana_Sangajskog_bogoslovlje.htm#07

 

превел: Петар М. Петковски,

студент на теологија при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

[1] За четиринаесетта недела по Педесетница – Матеј 22, 1 – 14 = Парабола за свадбата на царевиот син;

[2] Матеј 14, 1 – 12; Марко 6, 14 – 29; Лука 3, 19 – 20 и 9, 7 – 9;

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s