Истражувајте ги Писмата, зошто во нив ќе најдете живот вечен ( Јн. 17, 3 – 7 )

Posted on Updated on

9Беседа на св. Козма Етолски

 

 

Господ наш Исус Христос, прославениот владика и Творец на ангелите и на сите умни и осетливи работи, потикнат од Својата голема милост, добрина и љубов, која ја има кон нашиот род, ни ја дарува нас  и ни ја подарува секоја зора за да можеме да Го славиме. Го извршивме Светото Елеосвештенство и помазанието со осветеното масло да ни биде од корист и да не помилува нас Господ, заради молитвите на Пресветата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија и сите Светии, да ни ги опрости нашите гревови и да не удостои со Царството Небесно, па да се радуваме и да ја славиме Пресветата Троица.

Во далечните времиња, браќа мои христијани, луѓето биле чисти и говореле за Бога. Прво Светиот Дух ги просветлил светите луѓе ( патријарсите, пророците и ни се пишува нас Светото Писмо, а потоа Ги просветлил и св. апостоли, а на крајот и светите отци и нас да ни ги објаснат книгите на нашата Св. Црква за да можеме да гледаме каде одиме.

Во тие далечни времиња имало некој човек по име Мојсеј. Тој уште од своето детство примил два дара од Бога во своето срце : љубовтљ кон Бога и љубовта кон браќата свои ( Мат. 22, 37 – 40 ; Марко. 12, 30 – 31 ). И ние благочестиви христијани треба да ги имаме овие два дарови и љубов, а тоа е и самата заповед Господова : Нова заповед Ви давам да се љубите еден со друг, како што Јас Ве возљубив ( Јн. 15, 12 ). Чувте ли браќа мои што ни кажува Господ : Како што Јас бев навредуван, биен, гладен, жеден, се распнав и си ја пролеав Крвта Своја од љубов кон вас, за да ве ослободам од рацете на ѓаволот, така и вие треба да го љубите Бога и своите браќа и да пролиете крв од љубов кон Бога и од љубов за братот свој. Совршена е љубовта да ги продадеш сите свои работи и да се предадеш на ропство и се што ќе добиеш да го дадеш во милостиња. На Исток имало еден владика од чија епархија одвеле сто луѓе во ропство, па тој ги продал сите свои работи за да ги откупи од ропството. Меѓу тоа едно дете на една вдовица останало роб. – Што направил тогаш владиката ? Се понижил и отишол при стопанот , кој го држел детето и го замолил да го пушти, а да го задржи него и така станало. Поминал големи маки сè додека Бог, поради неговото трпение и љубов Му дал  да прави  чуда, за потоа да го ослободи и поново да го врати во достоинство на архиереј. Таква љубов и од нас бара Бог ! – Дали помеѓу нас има некој, кој поседува таква љубов ? Не ! – Не се предавај во ропство, но продај ги сите свои работи и тоа што ќе го добиеш раздели го во милостиња ( Марко 10, 21 ). Не можеш ни такво нешто да направиш, дај барем половина или четвртина или третина, но неможеш ни тоа. Немој тогаш да земаш леб од братот свој и немој да го озборуваш. Како мислите браќа мои да се спасиме ? – Едното нас ни се чини тешко, а другото горко. Бог е милостив, ама и праведен и има власт, па ако сакаме да се спасиме треба да имаме љубов кон Бога и своите браќа.

Мојсеј постел четириесет дена и сјаел како ангел. Така  и ние треба да постиме во среда ( зашто тогаш бил предаден нашиот Господ ) и во петок ( зошто тогаш бил распнат Господа). Како што Мојсеј ја изучувал писменоста, така и ние треба да го изучуваме Божјиот закон. Ако не нѐ учеле родителите наши, ние треба да ги учиме нашите деца. Зар не гледате дека нашиот народ е подивен од необразованост и постанал како животните ? – Затоа ве советувам да направите школи ( веронауката да се воведи ) и таму да го изучувате Светото евенгелие и останатите свети книги.

Ја здогледа Сèдобриот Бог Мојсеевата добра волја и го удостоил да биде пророк и цар на Еврејскиот народ – 40 години. Што значи зборот пророк ? – Оној на кого идното и минатото му се открива. Така и ние браќа мои, кога правиме добро и добри дела Господ нè удостојува со сè што ќе побараме од Него. Кога правиме , пак зли дела и немаме љубов, а сме исполнети со омраза, тогаш немаме место при Бога и заедно сме со ѓаволот со кого ќе гориме во вечниот пекол.

Уште во далечните времиња злиот ѓавол ја покажал својата злоба и поткрепувањето на луѓето да се гордеат, да убиваат, да блудствуваат, да ги прават сите оние лоши работи, кои не ги прават ни неразумните животни и најлошото од сè да се поклонуваат на сонцето како на Бог или на месеците, ѕвездите или на морето. И кога одлучил Бог да направи потоп ( Битие – 6 глава ) и да го очисти светот, Му наредил на праведниот Ное да направи брод (кораб, лаѓа, арка) на Земјата, а луѓето кога ќе почнале да го прашуваат зошто го прави тоа, тој им говорел дека Бог ќе го потопи светот, а тие му се исмејувале. Така почнал Ное да ја гради лаѓата, иако му говорел на луѓето што ќе се случи, тие му се исмејувале и го правеле луд. Уште зборувале што му е на Бога, па да го уништи светот … Ное се држел за својата работа и за сто години ја завршил лаѓата. Во тоа време се нашле само осум добри луѓе : добриот дедо  Ное со својата жена и синовите со своите жени. Бог наредил Ное да ја обложи арката со катран за да не навлезе вода во неа, па пополека да ги воведи сите животни, машко и женско, чисти и нечисти. Кога влегле сите ја затворил добро арката, а луѓето надвор сееле, јаделе, пиеле, правејќи разни ѓаволски дела. Тогаш Бог ја отвори небесата и почнало дожд како потоци да паѓа на земјата. И  му викале луѓето на Ное : Ное отвори ни и ние да влеземе во арката, на тоа Ное им одговарал : Каде бевте сто години, додека ви говорев дека Бог ќе ја уништи земјата ? – Што да правам сега ? Во адот нема покајание !!!  Така се потопи целата земја и водата ги покри сите планини и ги исподави сите луѓе, освен Ное и неговото семејство. Од нив поново се наполнал целиот свет како што кажува и Христа во евангелието. Како што било во Ноевите денови така ќе биди и со појавата на Синот Човечки, како што  во Ноевите денови : луѓето не верувале и му се исмејувале на Ное сè додека не пристигнал Божјиот гнев и потопот, односно сè додека дождот не ја покрил целата земја, исто така браќа мои христијани нема многумина да поверуваат ни тогаш. Зборовите, кои ви ги говорам вас не се мои, туку на Светиот Дух, а кој сака нека верува. Јас мојата обврска ја исполнив.

Страдав од една превара, браќа мои. Кога бев млад велев : Ако сега грешам, кога ќе остарам ќе се покајам и ќе правам добри дела и така ќе се спасам. Сега остарив и гревот во мене оставил длабоки корени и сега не можам да направам ни едно добро дело. Пазете се и вие да не настрадате од истата грешка, па затоа сега кога имате уште време правете добри дела и спасувајте се !

Триста години по Христовото Воскресение, Бог ни го испратил Св. цар Константин Велики, кој го утврдил христијанското царство и христијаните го имаа тоаа царство 1150 години. Потоа ги испрати Господ – Турците и тие владееа 350 години – за наше добро. Зошто Господ ги испратил Турците, а не некој друг народ ?  – За наше добро, зошто другите народи ќе ни наштетеле на верата,  а на Турчинот дај му колку што ќе побара и прави што сакаш.

Господ, Кој што сака да не сочува од зло, ни подарил нас една мудрост, која ако ја зачуваме ќе се спасиме. Која е таа мудрост ? – Што несакаш да ти прават – не прави ни ти на другите. Како што не посакуваш другите да те клеветат и оговараат, немој ни ти други …

Сега ве советувам и големите и малите, сите да направите по една бројаница и да ја држите во левата рака,  а со десната прекрстете се и говорете : – Господи Исусе Христе, Сине Божји и Слово на живиот Бог, заради молитвите на Твојата Пречиста Мајка – Богородица и сите Твои Светии, помилуј ме мене грешниот и недостоен твој слуга !!!  Сèблагиот Бог нас ни го даде и Светиот, Чесен  и Животворен Крст, со кој ги благословуваме светите тајни и го отвораме рајот и ги гониме демоните, но пред сè треба да имаме чисти раце, без грев. Тогаш ѓаволот се плаши и бега. Кога јадете и пиете не заборавајте дека е добро и свето да се молите и в зори и навечер, на пладне и на полноќ. Послушајте браќа како треба да се крстите и што значи да се крстите. Прво, како што се слави Светата Троица од ангелите на небесата, така и ти собери ги своите три прсти од десната рака и како што се вознесуваш на небо, поклони се и постави ја раката на главата ( бидејќи главата го представува небото ) и изговори : Како што и ангелите на небото ја слават Пресветата Троица, така и јас како слуга Ја славам и се поклонувам. Како што се твоите три прсти одвоени, но сепак заедно, така се и Трите лица на Света Троица – Еден Бог. Спуштајќи ја раката кон стомакот изговори : Ти се поклонувам и Ти служам Господи, бидејќи си благоволил да се воплотиш во непорочната утроба на Богородица, поради нашите гревови и незнаења. Потоа ја ставаш раката на десното рамо и изговараш : Те молам Господи да ми ги опростиш гревовите и да ме поставиш на десната страна, со праведниците Твои. Потоа ја поставуваш на левото рамо и изговараш : Те молам Господи не ме поставувај на левата страна со грешниците. По ова наведнувајќи се кон земјата, изговараме : Те прославувам Боже мој и ти служам и како што Ти си се положил во гроб, така и јас ќе се положам. Потоа се подигнуваш право и со тоа го представуваш Воскресението и говориш : Те славам и Ти се поклонувам Господе мој, бидејќи си воскреснал, за нас да ни дадеш живот вечен . – Тоа  е крстот !

превел: Петар М. Петковски,

студент на теологија при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s