Молитвата на Црквата за упокоените

Posted on Updated on

СвеќиЦрквата се моли и за своите порано упокоени или умрени, затоа што со смртта тие не престанале да бидат нејзини членови, бидејќи „во Него се сите живи“ (Лука 20, 38).

Молитвата за упокоените е потребна. Може да им помогне во спасението: да им ги олесни страдањата, па дури и да ги ослободи од маките на пеколот.

Колкава е Божјата љубов, милост и човекољубие ! Душата после смртта, која не може ништо да направи сама за спасение, сега, по молитвите на живите, може да се спаси.

Значи, на прашањето: дали е можно да се спасат упокоените преку молитвите на Црквата, ќе одговориме: може, зошто постои тесна врска и присно единство меѓу земната и небесната Црква. Може, оти Христос „ги има клучевите од адот и смртта“ (Откровение 1, 18) и може да ја отвора адовата врата и да ослободува.

Облици на молитва за упокоени се: литургиите за упокоени со спомнување на нивното име; вадењето на честици на проскомидија; опелото и парастосите, а особено задушниците; палењето на свеќи и кадењето, и давањето на милостиња.

Сведоштва за молитва за упокоените:

  • – Познати се уште од Стариот завет. На пример Јуда Макавеј „собра околу две илјади сребрени драхми , според бројот на убиените свои војници, ги испрати во Ерусалим за да принесе жртва за грев; со тоа направи убаво и благородно дело, зашто мислеше за воскресението на мртвите. Зашто, ако не веруваше дека убиените војници ќе воскреснат, ќе беше неразумна и залудна молитвата за нив“ (2 Макавејска 12, 43–44).

 

  • – Во Новиот завет, Спасителот Христос сведочи дека можат да се опростат гревовите и на оној свет: „ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ниту на овој век, ниту на идниот“ (Матеј 12, 32). Исто така и апостолот на народите, светиот Павле сведочи за молитвата за упокоените ! Се моли за покојниот Онисифор: „Господ нека му даде да најде милост во Него во оној ден !“ (2 Тимотеј 1, 18).

 

  • – И светите отци и учители сведочат за потребата од молитви за упокоените. Светиот Атанасиј Велики вели: Апостолите, вдахновени од Бога, востановиле литургии, молитви, песни и годишни помени за умрените, кој обичај и до денес се одржува. Гласноглаголивиот архиепископ на градот Константинопол, светиот Јован Златоуст, пак вели: Апостолите залудно не наредиле да пред страшните тајни се врши помен за умрените. Тие знаеле дека умрените имаат голема полза од тоа.

 

  • – Понатаму како сведоштво е самиот факт, кој сведочи: дека во сите литургии има молитви за упокоените. И во нашите литургии, но и во римокатоличките, како и во литургиите на оние што во првите векови се оделиле од Вселенската Црква: несторијаните и монофизитите.

 

И на крај од сето горе наведено, ќе заклучиме дека треба да се молиме за упокоените, бидејќи постои единство помеѓу земната и небесната Црква[1] и затоа молитвите им помагаат, а за тоа и за потребата од молитви, односно дека треба да се молиме за нив имаме сведоштва во Стариот и Новиот завет и во Светото предание.

подготвил : Петар М. Петковски,

студент на теологија при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

[1] упокоените се живи членови на небесната Црква;

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s