Почитување на светите мошти и остатоци

Posted on Updated on

DSC00002Ние треба да ги почитуваме и светителите, но и нивните мошти.[1] Зошто и светите мошти ? – Зошто во нив е присутна благодатта на Светиот Дух. Еве што вели за тоа Светиот Јован Дамаскин: Светителите биле исполнети со Дух Свети уште додека биле живи, а и после смртта благодатта на Светиот Дух останува неразделна од нивните души и од нивните тела.

Почитувањето има основа и во Светото писмо и во Светото предание.

1 – Сведоштва во Светото писмо:

  • Се вели дека Израилците ги чувале Јосифовите коски во Египет, па враќајќи се во Палестина, ги понеле со себе (1 Мој. 50, 25; 2 Мој. 13, 19).
  • Ни кажува какви се – нераспадливи се ! „Зашто Ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот, ниту, пак, светецот Твој да види распаѓање (Пс. 15, 10). За нивната нераспадливост Булгаков ни вели: Божјата сила благоволила да се задржи една посебна врска меѓу духот и телото на оној што се упокоил … душата не го напушта телото потполно: останал присутен еден дух и една благодат.
  • Преку нив чудеса се извршуваат ! „И, ете додека некои луѓе погребуваа еден човек, таму видоа разбојници, па го фрлија мртовецот во Елисеевиот гроб, и тој, како што падна, се допре до Елисеевите коски, оживеа и се исправи на нозете свои“ (4 Цар. 13, 21).

 

2 – Сведоштва во Светото предание:

  • Христијаните од Смирна, раскажувајќи за маченичката смрт на Свети Поликарп, велат: Ние ги собравме нивните коски, кои се поскапи од драгоцени камења и почисти од злато, и ги положивме каде што прилега. Таму ќе се собираме со радост и Господ ќе ни даде да го празнуваме денот на неговото маченичко раѓање.[2]
  • Свети Григориј Назијанзин вели: Прашината Кипријанова е моќна да ни даде исцеление.
  • А VII Вселенски собор одлучил да бидат одалечени оние што не ги почитуваат светите мошти.

Но, да внимаваме ! Протестантите не обвинуваат за почитувањето на светите мошти и велат дека тоа е идолопоклонство. Ние им одговараме: ние ја почитуваме благодатта Божја, која е во нив, а не материјата, ние ги почитуваме оние, на кои што биле моштите (светителите).

Исто така, ги почитуваме и предметите со кои се служеле светителите: ризата и појасот на Пресвета Богородица, веригите на апостолот Петар, облеките на многу светители и т.н. Зошто ? – Затоа што и во нив била и е Божјата благодат. На пример: болната жена се допрела до облеката Христова и се излечил (Матеј 9, 20-22), болните се допирале до крпите и убрусите на ап. Павле и се исцелувале (Дела ап. 19, 18).

Но, како се почитуваат светите мошти ? – Чувајќи ги: востанувајќи празници во спомен на откривањето нивно или нивното пренесување; пишувајќи им служби; подигнувајќи храмови на нивните гробови; посетувајќи ги нивните гробови.

подготвил : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

[1] Остатоците од нивните тела;

[2] Денот на смртта;

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s