Почитување на светите икони

Posted on Updated on

вседржителКако што ги почитуваме моштите, така треба да ги почитуваме и иконите. Зошто ? – Затоа што постои вистинска врска меѓу иконата и оној што е насликан на неа. Постои врска, и така почитувањето преминува од иконата, врз оној што е насликан на неа.

За потребата од икони, ни говори Светиот Јован Дамаскин: Иконата е како учител за простите, кои не знаат да читаат, а книга за писмените. Таа му говори на погледот, како што зборот му говори на слухот. Колку убава споредба !!!

За потребата од икони уште ќе речеме: човекот е од душа, но и од тело и му треба нешто видливо за да му донесе претставување на невидливото. За да му создаде поголемо молитвено расположение.

На досега реченово, ќе подвлечеме: потребно е да се почитува. Но, не да се почитува матријалот (дрвото) од кој е направена, а да се почитува светителот што е преставен на неа. И, затоа тоа не е идолопоклонство, како што ни замеруваат протестантите.

Кој е темелот за почитувањето на иконите ? Кој го одобрил тоа ?

  1. – Бог им се јавувал на избрани луѓе на видлив начин ( на пример: кај дабот мамвриски). Значи, невидливиот Бог се јавил на видлив начин.
  2. – Друг темел е овоплотувањето на Бог – Синот. Значи невидливиот Бог станал видлив.

 

  • Што значи, ако Он како невидлив Бог – станал видлив, така и ние можеме на видлив начин да Го претставуваме.

Сведоштво за почитувањето на иконите во Светото писмо:

  • Бог му заповедал на Мојсеј да го направи ковчегот на заветот ;
  • Бог му заподал да направи и два златни херувима и да ги стави на ковчегот;

 

Сведошта имаме и во Светото предание:

  • Уште од првите времиња на христијанството ! Христос му го испратил својот неракотворен лик на царот Авгар;
  • Евангелистот Лука прв ја насликал иконата на Пресвета Богородица;

И на крајот да се потсетиме:

  • VII Вселенски собор (787) ја утврдил догмата за почитување на светите икони. Се докажало дека нивното почитување е корисно, и дека не се однесува на материјата, тука на светителот, кој што е преставен на неа.

подготвил : Петар М. Петковски,

студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s